1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кому уште му треба ваков Совет на Европа?

Макс Хофман
24 април 2018

Ако одделни пратеници самите порадо примаат илегални пари и скапи подароци, како во случајот со Азербејџан, наместо да ја сузбиваат корупцијата, тогаш никому не му е потребен таков Совет на Европа, коментира Макс Хофман.

Europarat Gebäude Straßburg
Фотографија: picture-alliance/dpa

Официјално, Советот на Европа застапува владеење на правна држава и демократија. Тоа што Русија и Турција немаат што да бараат во таква институција, всушност би требало да биде јасно. Но, многу познавачи во Стразбур сметаат дека нивното исфрлање од институцијата нема да донесе ништо. Зашто, тогаш веќе не би можело да се влијае врз Путин и Ердоган. Слични беа размислувањата и при приемот на Азербејџан. Дека земјата прво ќе биде интегрирана, па потоа во неа ќе бидат извезени европските вредности. Но...

(Мало навраќање за оние чија работа се состои во тоа постојано да размислуваат за различните задачи на Европскиот совет, Советот на Европската унија и Советот на Европа: овој последниов нема ништо со Европската унија. Затоа во него можат да бидат примани и други земји. Седиштето му е во францускиот град Стразбур и Советот се залага за „човекови права“, „основните поставки на демократијата“ и „основните принципи на правната држава“. Барем теоретски. Но, да се вратиме на нашата агилна земја-членка од Каспиското Море.)

-прочитајте: 

Тежок корупциски скандал во Советот на Европа?

Криење под тепих на непријатните извештаи

Азербејџан очигледно многу поуспешно ги извезол своите вредности на Запад отколку обратно. Во ред, зборот „вредности“ е можеби пресилен, но теписи, луксузни производи и пред сѐ пари - за тоа станува збор. Некои пратеници од Парламентарното собрание очигледно радо ги земале тие подароци и за возврат ги туркале неповолните извештаи за човековите права во Азербејџан под познатите теписи. 

„Многу веројатно било токму така“, велат барем тројца независни стручњаци во својот завршен извештај. Уште еднаш се покажува: Европа често се гледа сама себе си како морална перјаница, но - таа не е тоа.

Макс Хофман

Со други зборови, зошто воопшто учествуваме во сето тоа? Политичарите со добри плати, платени од европскиот данок, со години седат во една маргинална институција. Мнозинството граѓани не ги интересира што работат тие таму. Дури ни на објективните посматрачи не им е секогаш јасно дали тоа има смисол.

Политичарите кои би требало да се борат против корупција, ја поправале состојбата на своите тековни сметки преку илегални средства, што е сега обелоденето. И тоа не е осамен случај, туку, како што стојат работите, се вмешани повеќемина членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Сите од земји кои всушност имаат поинакви корупционистички стандарди. На пример, Германија.

Укинување на „кавијарската дипломатија“

Треба ли да се затвори оваа институција? Таа не служи за ништо, за неа европските даночни обврзници плаќаат пари, а фигурира како платформа за богатење на корумпирани европски пратеници. Никој во европските институции или во престолнините на ЕУ не би требало да се чуди ако сега стигнат такви барања. Тука има нешто. 

Но, точен е и противаргументот: подобро е да се разговара меѓусебно во такви форуми и да постои залагање за одредени вредности - изгледа дека мнозинството парламентарци тоа сѐуште го прави. Тоа е точно посебно во односот со Русија, каде одржувањето дијалог може да го одржи мирот.

Но, Советот на Европа сега е во нокдаун. Ако не сака да биде нокаутиран, во Стразбур итно мора нешто да се промени. Луѓето кои работат таму мораат да се борат за официјалните вредности на нивните институции. За досегашната „кавијарска дипломатија“ смее да постои само - нулта толеранција.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми