Комшиќ: Секое ново исцртување на границите води кон конфликт
24 октомври 2011Секоја идеја, па и помислата за промена на границите во регионот, ново исцртување на можни етнички територии и држави води кон нов конфликт, изјави во Скопје претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ на прес-конференцијата со својот домаќин, Ѓорге Иванов.
Двајцата рекоа дека не значи оти двете земји се откажале од евроатланските интеграции во периодот во кој ЕУ е преокупирана со внатрешните економски проблеми. Тие додадоа дека ова време треба да се искористи за средување на внатрешните состојби и реформирање на општествата и изградбата на државите.
Сите проблеми треба да се решаваат низ дијалог, рекоа претседателите Комшиќ и Иванов. Бизнисмените се’ повеќе ги развиваат економските релации и честопати се пред политичартите, рече шефот на македонската држава со податокиот дека Босна и Херцеговина е меѓу 20 земји со кои Македонија има развиени трговски односи.
Автор: Александар Чомовски
Редактор: Александра Трајковска