1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конечна одлука за „ОМО Илинден- Пирин“ во декември

24 септември 2009

На последниот состанок на Комитетот на министрите на СЕ не е усвоена конечната резолуција со која би било затворено следењето на пресудата на Европскиот суд за човекови права за предметот „ОМО Илинден-Пирин“.

Mazedonier aus Bulgarien protestieren in Straßburg
Членовите на „ОМО Илинден-Пирин“ минатата недела протестираа пред седиштето на Советот на Европа во СтразбурФотографија: DW

На состанокот на Комитетот за министри на Советот на Европа што се одржа минатата недела зад затворени врати е одлучено, до декември секретаријатот на Советот на Европа и Бугарија да најдат еден компромисен текст за да биде донесена финална резолуција со која ќе биде затворено следењето на предметот. Оваа резолуција би требало да биде усвоена во декември, кога со работната група за следење на пресудите на Европскиот суд за човекови права ќе претседава Република Македонија.
Според информациите до кои дојде Дојче Веле, на состанокот иако не било предвидено да се дискутира за овај случај, делегацијата на Република Македонија при СЕ, инсистирала во идната резолуција да стои гаранција дека Бугарија ќе ја регистрира партијата на Македонците.
На тоа одговорил амбасадорот на Бугарија, кој ги изнел добро познатите ставови на Софија, дека Бугарија ја има спроведено пресудата и дека сега не постојат пречки за регистрација на партијата.

Македонците бараат Бугарија да ги почитува одлуките на Европскиот суд за човекови праваФотографија: DW

Значи конечната одлука се очекува во декември, дотогаш во Стразбур сигурно ќе се водат тешки дипломатски дискусии и убедувања. Неодамна Парламентарното Собрание на Советот на Европа посочи 36 земји, меѓу кои и Бугарија дека доследно не ги спроведуваат пресудите на Судот од Стразбур, во што беа наведени и пресудите кои се однесуваат на „ОМО Илинден-Пирин“.

Автор: Тони Гламчевски

Редактор: Жана Ацеска


Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми