На ноќниот маратонски состанок на врвот на владејачката коалиција во Германија постигната е согласност за пакет мерки против забраната за дизел-возила во германските градови.
Реклама
Германската влада пронајде решение за милиони Германци кои возат стари дизел автомобили, соопштија денеска партиите во владеачката коалиција.
На крајот на ноќниот состанок во Берлин, официјалните лица на конзервативците и на социјалдемократите го објавија „концептот за чист воздух и обезбедување за движење низ градовите“.
Политичарите и автомобилската индустрија веќе еден месец се обидуваа да пронајдат компромис околу организарањето на скапо осовремување на возилата со дизел мотори, технологија која е измислена во Германија.
Сметката би можела да биде прилично голема за производителите на автомобили, кои со измама на тестовите за загадување предизвикаа криза. „Автомобилската индустрија предизвика проблем, таа треба и да плати“, рече вчера министерката за животна средина Свења Шулце од СПД.
Владата на располагање има три технички можности кои можат да се комбинираат: замена на деловите на автомобилите, олеснувања при замената на најстарите дизел возила и постојана надоградба на софтверот за контрола на емисии на гасови.
Проблеми на владата и создаде тоа што повеќе германски судови се заканија со забрана на најштетните дизел возила во десетици најзагадени градови.
Германците и нивните автомобили
Без оглед на скандалот со дизел горивото, автомобилите се дел од германскиот национален идентитет. Но колку е навистина длабока љубовта на Германците кон пријателите на четири тркала?
Удар за автомобилската индустрија
Репутација на славните германски автопроизводители доживеа голем удар, но продажбата и натаму расте. Сепак, германските брендови сочинуваат помалку од две третини од сите возила на германските патишта. Притоа се работи за чисто машка „територија“: само една третина од сопствениците на возила во 2017 година се жени. Интересно, таа бројка воопшто не се промени во последната деценија.
Фотографија: picture alliance/dpa
Една деценија на пат
Германските патнички возила, полека старееја, од 8,1 година во просек пред една деценија, до највисокиот просек во историјата од 9,7 години во 2017. Патем, Германија воопшто не е во светскиот врв според возила по глава на жител. Таа е на 20 место - 17 места зад САД, каде на секои десет жители има осум автомобили. Најмалку моторизирана земја во светот е Того.
Земја на олдтајмери
Околу 600 илјади возила - околу 13 проценти од сите возила на германските патишта се сметаат за олдтајмери, што значи дека се постари од три децении. Околу 380 илјади имаат историски регистерски таблички кои се добиваат доколку се докаже дека возилото е сочувано со оригиналната состојба.
Фотографија: Imago/imagebroker/friederich
Постепена моторизација
На 1 јануари 2017, во Германија беа регистрирани 45,8 милиони патнички возила. Во однос на населението од 82,8 милиони, тоа значи дека има 684 автомобили на илјада жители. Денес, има пет пати повеќе автомобили во земјата отколку пред половина век, кога беа регистрирани околу 9 милиони возила.
Во земјата на БМВ
Просечната старост на возилата во Германија варира од покраина до покраина. Веројатно не е изненадување што во Баварија, домот на БМВ и покраина со најголем приход по глава на жител, просекот на старост на возилата е најмал. Просечната старост на возилата на патиштата во Бранденбург, покраината околу Берли, надминува една деценија.
Фотографија: picture alliance/dpa/A. Gebert
Германија заостанува
Иако бројот на возила на бензин остана стабилен во последната деценија, нивниот удел се намали на две третини од сите мотори во 2017. Бројот на дизел возила порасна од 10 на 15 милиони од 2008 наваму. Електричните и хибридните возила комбинирано сочинуваат само 0,5 проценти, или вкупно 200 илјади. Во Норвешка уделот на електричните возила е повеќе од 1 процент.
6 фотографии1 | 6
И самата можност за воведување на овие забрани го забрза падот на продажбата на дизел возила. Нивниот удел на пазарот опадна од 48 насто во 2015 година, на 39 отсто во 2017 година.
Министерот за сообраќај Андреас Шојер рече дека владата сака да ги избегне забраните за дизел-возилата, кои веќе се најавени од страна на некои градови во земјата. Германската автомобилска индустрија вработува околу 800.000 луѓе.