Конечно победа за Штутгарт
28 ноември 2007Првиот триумф во петтиот годинешен настап во лигата на шампионите за Штутгарт не значи ништо повеќе од освојување на бодови само за подобар рејтинг во европскиот фудбал. Минатогодишниот првак во Бундеслигата и со евентуален триумф во последниот натпревар против Барселона не може да се надева на освојување на третото место во групата Е, кое води во купот на УЕФА.
Штутгарт вчера одигра добар натпревар и заслужено триумфираше против Глазгов Ренџерс. Победникот беше решен во 85 минута со голот на Марика. Останатите голови за Штутгарт беа дело на Какау и Павел Пардо. Стрелци за Глазгов беа Чарлс Адам и Бери Фергусон.
Инаку по синоќешните натпревари во групите Е,Ф,Г и Х, познати се шест тимови кои веќе освоија место во осминафиналето. Барселона, Интер, Рома, Севиља, Арсенал и Манчестер Јунајтед.
Вицешапионот во Бундеслигата, Шалке 04 и Вердер Бремен вечерва ги имаат своите последни шанси во борбата за место во осминафиналето во најреноминираното натпреварување. Шалке мора да освои бодови на гости против Валенсија, од која патем загуби на домашен терен. Само со победа можат да се задржат надежите за освојување на второт место. Истото важи и за Вердер Бремен кој само со триумф против Реал од Мадрид може да се надева на презимување во фудбалска Европа.
Тренерот на Реал, германецот Бернд Шустер кој во своето минато во Бундеслигата не го врзуваат добри спомени од дуелите против Вердер, за тимот од Бремен зборува со респект:
„Мислам дека Вердер Бремен годинава, уште на стартот на сезоната покажа дека може да ја надмине секоја ситуација и сите проблеми со повредите, и на некој начин може да се снајде во секоја ситуација„
Клемен Фриц од Вердер за очекувањата од дуелот со кралскиот клуб изјави:
„ Повеќе немаме што да загубиме. Со три освоени бода сме на последното место на табелата. Сега можеме само да победиме. изјави Фриц
Од вечерашните дуели посебно внимание привлекува дуелот во Рим каде тимот на Лацио на македонскиот интернационалец Горан Пандев во дуелот против Олимпијакос ќе се бори за место во осминафиналето.