1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конечно резолуција на ОН за Либан

12 август 2006

„Нацрт резолуцијата е прифатена едногласно„ – со овие зборови актуелниот претседавач со Советот за безбедност објави дека членките конечно нашле компромисно решение за војната во Либан.

Кондолиза Рајс при гласањето за резолуцијата на Советот за безбедност на ОН
Кондолиза Рајс при гласањето за резолуцијата на Советот за безбедност на ОНФотографија: AP

Во резолуцијата што го носи бројот 1701 се бара шиитската милиција Хизболах да го прекине ракетирањето на израелска територија. Израел од своја страна треба да оконча офанзивната воена операција и да ги повлече војниците од јужен Либан. За контрола на иризното подрачје Советот за безбедност реши да испрати 15.000 војници во меѓународна мисија, а го прифати и предлогот на либанската влада да стационира дополнителни 15.000 војници во јужниот дел на земјата. Околу составот на меѓународните сили треба да се расправа во текот на денот, најави претставник на американската влада. Генералниот секретар на ОН Кофи Анан пак најави:

„Ќе почнам разговори со претставници на обете страни околу постигнување дефинтивен термин за прекин на борбите.„

Тој исто така упати јасна критика до членките на Советот за безбедност:

„Би бил неискрен доколку не би ви кажал колку длабоко сум разочаран што Советот не дојде до оваа точка многу, многу порано!„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми