1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Конкурс за најдобра карикатура на тема холокауст„

8 февруари 2006

Државниот секретар при германското Министерство за надворешни работи Гернот Ерлер го критикуваше денеска иранското раководство дека со распишувањето меѓународен конкурс за најдобра карикатура на тема холокауст се обидува свесно да предизвика конфликт со Израел.

Капијата на Аушвиц снимена во јануари 1945.
Капијата на Аушвиц снимена во јануари 1945.Фотографија: AP

Ова е следен чекор во планираната ескалација, по претходните изјави на Иранскиот Претседател Ахмадинеџад дека холокаустот воопшто не постоел.

На оваа тема се концентрираат и денешните германски весници.

Весникот „Берлинер цајтунг„ коментира на следниот начин:

„Во логиката на провицирање спаѓа и градацијата. Иранците сфатија дека вицевите на сметка на христијанството не предизвикуваат поголеми пореметувања. Затоа го активираа антисемитизмот. За Европејците меѓутоа и пред се‘ за Германците исмевањето на Мухамед и на холокаустот се многу различни работи. При тоа разликите почиваат не на математика, туку на историски искуства. Тоа пак што сега непријателството се насочува кон Евреите, не може да не‘ изненади, бидејќи тие се најповредливи, нивната држава мора постојано да се бори за преживување во муслиманскиот свет. Така сега Евреите ја плаќаат сметката за европската храброст по прашањето на слободното изразување на мнението„ – оценува „Берлинер цајтунг„.

„Тагесцајтунг„ на конкурсот во Техеранскиот весник гледа од следната диоптрија:

„Тоа е болно, на днските карикатури за Пророкот Мухамед да се одреагира со карикатури за холокаустот. Целта на Иран при тоа е јасна: тој сака да го удри Западот со неговото сопствено оружје и да го истакне неговиот двоен морал. А западните заговорници на апсолутната слобода на изразување сега имаат тежок проблем. Големо прашање е имено дали европските весници, кои ги објавија данските карикатури борејќи се за слободата на печатот, сега ќе ги објават исто така и иранските. Ако нивната реторика била искрена и сериозна, тогаш сега би требало да ги објават и карикатурите од иранскиот весник!„

„Остзее цајтунг„ го застапува следното мислење околу конкурсот за карикатури на тема холокауст.

„Повикот да се карикира милионското уништување на Евреите е еднакво провоцирачки, колку и одвратен. Но, во секој случај не е изненадувачки! На крајкот на краиштата весникот Хамшари, што го објави конкурсот излегува во една земја чиј Претседател повеќе пати се залагаше за бришење на Израел од картите или барем за негово преместување на европска почва. Истиот дури свика меѓународна конференција на сите кои го негираат воопшто постоењето на холокаустот. Со омразата против Евреите иранското раководство очигледно сака да собере поени не само кај домашната јавност, туку и во целиот арапски свет. Но, зад инсценираните насилни протести и навреди се крие пресметливост. Додека арапските режими и Иран така и‘ даваат одишка на фрустрацијата на масите, Техеран може во тајност да продолжи да работи на создавањето атомска бомба.„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми