1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конструктивен пристап е единствен начин до решение за Косово

28 септември 2007

Ова е пораката на Контакт групата по нивниот состанок во Њујорк.На денешната прва директна средба во новата фаза од преговорите делегациите од Белград и Приштина доаѓаат со познатите дијаметрално спротивставени ставови.

Дејвид МилибандФотографија: AP

Контакт групата за Косово ги повика Белград и Приштина конструктивно да се ангажираат во продолжението на преговорите за идниот статус на покраината. Шефот на британската дипломатија, Дејвид Милбанд кој претседаваше со состанокот на министрите од Контат Групата во Њујорк изјави дека одговорноста за продолжување на процесот е на двете страни:

“Она што се надеваме дека ќе го видиме е Приштина и Белград да покажат вистинска решеност дека сакаат да пронајдат решение прифатливо за сите”, рече Милибанд.

Одбегна да каже што ќе има на дневен ред на директните преговори со двете страни закажани за денеска во Њујорк. Како што неофицијално се дознава, претставниците на Белград и Приштина прво ќе ги претстават своите ставови па потоа ќе следи дискусија.

Белград и Приштина со различни предлог решенија

Претставниците на Тројката денеска попладне по локално време планираат одвоени состаноци со делегациите на кои ќе се разговара како да се оди понатаму, односно како може да се работи заедно за да се надминат разликите и да се пронајде можно решение.

Белград инсистира да се разговара за статусни прашања, додека за Приштина независноста на Косово е завршена работа и нема за што да се разговара. Приштинската делегација во Њујорк доаѓаат со договор за добрососедските односи со Србија, а Србите со план според кој Косово ќе функционира речиси како држава, но нема да има свое место во ОН, министерство за надворешни работи и своја сопствена армија. И двете делегации се претставени на највисоко ниво, од претседателите и премиерите.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми