1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Студија: Говорот на омраза во С Македонија порасна по ветото

БГ
17 ноември 2021

Истражување на медиумската средина во Северна Македонија од страна на Фондацијата за хуманитарни и социјални истражувања во изминатите две години покажува дека ефектите од бугарскиот притисок се контрапродуктивни.

Mazedonien, Skopje | Präsidenten Stevo Pendarovski (Mazedonien) und Rumen Radev (Bulgarien)
Бугарскиот и македонскиот претседател Румен Радев и Стево Пендаровски во Скопје. мај 2021Фотографија: Kabinett des Präsidenten von Nord-Mazedonien

Притисокот на Софија врз Скопје е контрапродуктивен, покажува бугарска студија. Говорот на омраза кон Бугарија кој се појави во македонските медиуми е резултат на ветото за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, заклучуваат од софиската Фондација за хуманитарни и социјални истражувања. Притисокот на Бугарија врз Северна Македонија за прашањата за идентитетот и јазикот не го запрел „македонизмот“, туку го засилил и го раширил неговото влијание, се наведува понатаму. 

Истражувањето на Фондацијата било спроведено за периодот од 2019 до 2021 година и опфаќало над 100 македонски интернет-страници и блогови, а заклучоците, во интервју за порталот Медиапул, ги претстави еден од авторите, професорот по филозофија на Новиот бугарски универзитет Димитар Вацов. Тој објаснува дека за разлика од 2019 која ја оценува како „многу мирна година“ со бројни алтернативни гледишта за спорот со Бугарија, состојбата ескалирала во 2020. 

„Во 2019 година во македонските медиуми нема популизам, како што беше тогаш случај во Бугарија, но по септември 2020 година, амбиентот нагло се влоши и во моментов е „застрашувачки“, оценува Вацов. 

„За разлика од 2019 година, во моментов македонските медиуми се ужасни бидејќи нема алтернативни гледишта. Какви и да биле идеалите на бугарскиот притисок, резултатите се апсолутно контрапродуктивни. Во моментов во македонските медиуми не може слободно да се зборува за идентитетски прашања. По овој притисок, македонската јавност е апсолутно фрустрирана и инкапсулирана“, вели професор Вацов за Медиапул. 

Добри односи до 2019 година. Зоран Заев и Бојко Борисов во Скопје, август 2019.Фотографија: Pressestelle der bulgarischen Regierung

Медиумската ситуација ескалира во 2020 година, а Вацов издвојува неколку настани. На почетокот на годината тензиите растат поради интервјуто на професор Денко Малески и ставот на Бугарската академија на науки дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. 

Заканите на Каракачанов
Но најголемата промена, како што вели Вацов, се случува по 9 септември 2020, кога тогашниот бугарски вицепремиер Красимир Каракачанов официјално се заканува дека Софија ќе стави вето за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. 

„Од 9 септември до крајот на годината има голем подем на македонскиот дискурс. Тогаш започнува и антибугарскиот дискурс. Само за Гоце Делчев и деривати од коренот 'бугарски' има 3033 текстови. До изјавата на Каракачанов на 9 септември има 710 текстови кои говорат за Гоце Делчев. А за четири месеци до крајот на годината има 2.323 текстови“, објаснува Вацов. Двојно повеќе пораснал и бројот на текстови во кои се зборува за „фашисти“ и „фашистички окупатори“ во однос на претходната 2019 година. 

„Некои наши политичари велеа дека нашето вето е одговор на македонскиот јазик на омраза кон Бугарите. Нашето емпириско истражување го покажува спротивното: говорот на омраза, доколку се зголемува, расте по бугарското вето. На крајот, бугарскиот притисок не му се спротивставил на македонизмот, туку го зајакнал и го потпомогнал. Тоа не води кон ништо друго освен негово зацврстување и проширување на неговото влијание“, заклучува Вацов. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми