1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конференција во Женева: Конвенцијата на ОН за биолошкото оружје - тигар од хартија!

10 ноември 2003
Во Женева денеска започнува конференцијата на земјите- потписнички на Конвенцијата на ОН против билошкото оружје. Ова е прва од планираните годишни конференции до средбата во 2006-та година, кога треба да се провери спроведувањето на Конвенцијата. Од годинашнава конференција не може да се очекува ништо поконкретно. Конвенцијата против биолошкото оружје е тигар од хартија: 146 земји навистина со неа се обврзаа дека нема да развиваат, произведуваат и чуваат биолошки борбени средства, но се' до денес нема никаков механизам кој би го контролирал придржувањето кон преземените обврски. Државите-потписнички повеќе години преговараат околу еден таков механизам, како на пример инспекции и некое централно место кое би ги собирало информациите. Сето тоа би требало да биде пропишано во еден анекс- протокол. Но, идејата за контролниот механизам пропадна поради отпорот на Американците и дефинитивно беше закопана на последната контролна конференција пред една година во Женева. Преостана само минимален компромис: годишни конференции на државите- потписнички се' до наредната контролна конференција 2006-та година.

"Протоколот кон Конвенцијата, кој требаше да воведе контроли, колабира- се наоѓа во кома. Тој уште се одржува во живот со неколку мерки. Некои сметаат дека само уште вегетира без вистински знаци на живот, но никој досега не ги исклучи апаратите од струја" - поразително оценува Патриша Луис, шеф на УНИДИР - Институт на ОН за разоружување. Според неа, една од мерките за одржување во живот на ниско ниво претставува токму годишната конференција. Неа и' претходеше една експертска конференција на тема национално законодавство, односно за тоа како би требало да изгледаат законите на национално ниво, кои ќе спречат биолошки борбени средтства да стигнат во погрешни раце. Предизвикувачи на болести, конечно, се одгледуваат - токму и за изнаоѓање лек за сузбивање на болестите, или пак за изнаоѓање одбрана од биолошки борбени средства. На конференцијата што започнува денеска треба да се погледа што подготвиле експертите. "Таа треба да реши што воопшто ќе прави со тоа - треба ли резултатите едноставно да се остават да мируваат до контролната конференција во 2006-та, или треба наредната година да се подготви нова средба на истава тема и да се проверат во меѓувреме преземните чекори? Потоа можеби и средба за натамошно да се унапредува националното законодавство? За тоа сега мора да се донесе решение", укажува Патриша Луис.

Со други зборови кажано, воопшто не е јасно што треба да се работи на конференцијата. Мандатот е тесно дефиниран - соодветно на минатогодишниот минимален компромис. Натамошен развој одвај да е можен, бидејќи темите за наредните години се веќе утврдени. Така САД и некои други земји сакаа да спречат од годишните конференции да не из'рти јадро за некој меѓународно важечки контролен механизам. Но, токму во тоа е надежта на Луис и на многубројни невладини организации дека пациентот на долг рок ќе се разбуди од комата: "Тоа се стои во логиката на самата работа - договорот нема заби, а билошките оружја се шират, технологијата брзо се менува, има итна потреба за контрола. Од една одредена точка таа потреба ќе биде толку голема, што ќе мора да се преземат чекори".

Но, тоа е долгорочна перспектива. Сегашнава конференција, како што вели Луис, веројатно нема да донесе ништо повеќе од неколку незадолжителни декларации.
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми