1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конференција за климата во САД

29 септември 2007

Само неколку дена по самитот на ОН за климата, американската влада свика меѓународна конференција на истата тема со учество на 16 земји најголеми произведувачи на штетни издувни гасови. Прилог на Албрехт Циглер.

Претседателот Буш на Конференцијата за климата во ВашингтонФотографија: AP

Американскиот претседател Џорџ Буш ги повика најголемите производители на јаглерод диксид во светот да донесат самообврзувачки декларации за намалување на штетните гасови.

„Овој нов пристап мора да ги вклучи сите големи производители на гасови што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина, се‘ едно дали се високо развиени индустриски земји или земји во развој. Ќе поставиме долгорочна цел за намалување на штетните гасови„ – порача Буш.

Тоа би требало да се случи релативно скоро. Според плановите на американската влада уште наредното лето, неколку месеци спроти заминувањето на Буш од функцијата, ќе биде свикан самит на највисоко ниво. Но, и таму не може да се очекуваат заеднички обврзувачки цели, туку самообврзувачки изјави на владите.

„Секоја нација ќе најде сопствени стратегии за да и‘ се приближи на оваа долгорочна цел. Тие стратегии ќе ги одразуваат различните извори на енергија со кои располага земјата, различните нивоа на развој, како и економски потреби.„

Клучот Буш го гледа во користењето нови технологии, но и во употребата на атомска енергија. Втората заложба на американскиот претедател не наиде на одобрување од германскиот министер за екологија Зигмар Габриел, кој присуствувапе на конференцијата во Вашингтон.

„Не сметаме дека е посебно мудро на светот да му се упати пораката: градете нови атомски централи. Нив ги има до сега само 430 во целиот свет, а за покривање на потребите би биле неопходни уште две три илјади. Со тоа меѓутоа би се проширила и технологијата што може да создава атомски бомби.„

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми