Конфликт околу забраната за влез во САД
19 јануари 2021![USA Symbolbild Einreise](https://static.dw.com/image/56270993_800.webp)
Владата на новоизбраниот американски претседателЏо Бајден нема да ја спроведува одлуката на Доналд Трамп за укинување на забраната за влез во државата, меѓу другото и за лица од Европа. „По совет на нашиот медицински тим, администрацијата нема намера да го укине ограничувањето (за влез, н.з.) на 26.01“, напиша на Твитер идната портпаролка на Белата куќа, Џен Псаки. „Со влошувањето на пандемијата и појавувањето на нови позаразни варијанти (на вирусот, н.з.) во цел свет, сега не е вистински момент.“
Претходно Трамп објави одлука, според која забраната за влез на патници од Шенгенската зона, Велика Британија и Ирска би престанала да важи од идниот вторник. Трамп укажа дека од тој ден на сите меѓународни летови кон САД е потребен негативен корона-тест пред поаѓањето. „Оваа мерка е најдобар начин за натамошна заштита на Американците од Ковид-19 и истовремено овозможува повторен старт на патувањата“, соопшти Белата куќа.
Мандатот на Трамп завршува утре, со инаугурацијата на Џо Бајден. 78-годишниот Бајден ја прогласи бората против коронавирусот за една од своите најважни цели. Пандемијата во САД е и натаму надвор од контрола. Според податоци на универзитетот „Џонс Хопкинс“, досега се регистрирани повеќе од 24 милиони корона-случаи во САД, а починале околу 400.000 лица.