1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конфузни и целосно противречни информации од Авганистан

22 јули 2007

Многу нејаснотии во врска со судбината на двајцата Германци грабнати во Авганистан – засега нема извор на посигуни информации

Авганистанскиот министер за надворешни работи СпантаФотографија: AP

Во случајот со германските заложници прво беше јавено дека авганистанските безбедносни сили го пронашле телото на едниот од двајцата киднапирани Германци, дури и дека шефот на полицијата на провинцијата Вардак, каде беа киднапирани тие, ја потврдил веста. Во меѓувреме е пренесено негово деманти. Но, се чини неспорно дека едниот од заложниците не е жив.

Во главниот град Кабул припадници на германската сојузна полиција настојуват да ја утврдат причината за смртта. Досега медиумите известуваа дека станува збор за прострелни рани, германската влада вели дека тој починал од напрегањата на кои бил изложен од киднаперите.

Досега ништо не се знае за судбината на вториот киднапиран германски градежен инженер. “Ќе биде сторено се’ што е во човечка моќ за да се постигне негово ослободување”, рече германснкиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер.

Повеќе медиуми известуваат, не наведувајќи извори, дека во Кабул има се’ повеќе индиции оти зад грабнувањето не стојат радикално-исламските Талибанци, туку Германците станале жртви на меѓуплеменски судири. Авганистанскиот министер за надворешни работи Рангин Дадфар Спанта го осуди грабнувањето: “Тоа е варварски чин, што ние најостро го осудуваме. Населението на Авганистан чувствува солидарност со семејствата на жртвите”.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми