1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Координација за Косово

23 јули 2007

Косовските Албанци од американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс ќе бараат објаснувања и гаранции

ПриштинаФотографија: picture-alliance/ dpa

Претставници на преговарачкиот тим на косовските Албанци за идниот статус на Косово денеска во Вашингтон треба да разговара со американската министерка за надворешни работи, Кондолиза Рајс. Според косовскиот премиер, Агим Чеку, преговарачкиот тим со Рајс треба да се координира околу идните дејства и од американската министерка ќе побара објаснување за забрзување на процесот на дефинирање на статусот на поркаината. Чеку рече: “Ние ќе побараме објаснувања, гаранции и рокови“.

Косовскиот претседател, Фатмир Сејдиу, изјави дека прашањето за Косово ќе биде брзо решено по алтернативни патишта и Косово ќе стане меѓународно призната држава.

На тема Косово денеска расправаат и министрите за надворешни работи на ЕУ. Тие треба да ги разгледаат чекорите што треб да се преземат по пропаѓањето на преговорите околу статусот во Советот за безбедност и префрлањето на проблемот во раце на Контакт групата. Агенцијата Бета, повикувајќи се на неименувани претставници на ЕУ, пренесува нивна оценка дека новонастанатиот пресврт во решевањето на косовското прашање не е премногу ветувачки, дека се‘ изгледа многу тешко, но дека не може да се исклучи ни тоа дека веќе почнало условно поволно движење. Според дипломатите перспективите не се мрачни, но доколку новата фаза не успее, се заканува голема опасност од едностран процес. Тоа за Косово би било многу лошо и не би бил вистински пристап, зашто таквиот процес би бил многу макотрпен и би траел многу долго. Таков пресврт на настаните би бил неповолен и полн со предизвици и за Србија, напоменуваат функционерите на ЕУ. На прашањето што како вистински привлечен залог можат да понудат ЕУ, САД и Русија преку Контакт групата за првенствено албанската страна да се придобие за заинтересирани преговори околу конкретен компромис, дипломатите за агенцијата Бета, одговараат дека не може да се каже дека не постои маневарски простор за преговори, зашто Косово и тамошното раководство зависта многу од меѓународната заедница и без нејзе не можат да ги оставарат своите цели. “Независноста за косовските Албанци е нешто за што очигледно не може да се преговара, но начинот, модалитетите, временската рамка и условите пружаат многу повеќе маневарски простор за преговори и посредување“, велат изворите во унијата.

Српскиот претседател, Борис Тадиќ, вчера изјави дека Собранието во Белград треба да донесе резолуција за Косово уште еднаш треба да ја дефинира политиката на Србија во процесот на решавање на статусот на Косово. Според Тадиќ, важно е владата да добие мандат да состави преговарачки тим, за како институција која е надлежна за преговори да го преземе својот дел од одговорноста во барањето решение кое би било прифатливо за двете страни.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми