1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Копенхаген е најснежното место во САД

ЕМФ /агенции
10 јануари 2017

Копенхаген во САД е најснежното место во земјата. За најголемиот дел од жителите - ова е зима каква што би требало да биде.

USA Blizzard Winter Schnee 2014 New York
Фотографија: Getty Images/J.Normile

Во Копенхаген, во американската сојузна држава Њујорк, живеат околу 800 луѓе. Сите му се радуваат на снегот и веруваат дека Копенхаген и годинава ќе биде прогласен за најснежно место во државата.

Ешли Еванс од Северна Каролина во Копенхаген се доселила минатото лето и не знаела што да очекува:

„Никогаш немав видено наноси од снег. Сиот овој снег ме фасцинираше, како и фактот колку луѓето го сакаат. Тоа беше шокантно за мене. Мислев дека сите ќе се затворат внатре.“

Нејзиното семејство не може да замисли како се одвива животот на снег со височина од 122 сантиметри.

„Не ми веруваат. Им праќам слики и едноставно не ми веруваат“, вели таа со насмевка. 

Снег до појас

00:56

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми