1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: 22 починати и 1192 нови случаи

ДТЗ /ДВ
4 ноември 2020

Скопје е на врвот на листата и по бројот на заразени и по статистиката на починати од Ковид -19

Nord-Mazedonien | Patienten Anlieferung
Фотографија: Petr Stojanovsk/DW

Дваесет и две лица починаа како последица на Ковид-19, од кои што најмладиот има 41 година. Во изминативе 24 часа евидентирани се 1.192 нови случаи на коронавирус, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 35.097. Оздравеле 359 пациенти, информира Министерството за здравство.

Повторно најголем број случаи има во главниот град Скопје - дури 571 новозаразен, но голем е бројот на заразени и во Тетово – 87, Куманово -63, и Прилеп-51.

Скопје е на врвот на листата и по починати од коронавирус. Изминатото деноноќие дури осуммина скопјани починале од опасниот вирус на возраст од 51 до 84 години. Починати се и по двајца пациенти од Штип,Тетово, Велес, Битола, и Охрид, а по едeн починат од корoнавирус има во Прилеп, Гостивар, Крушево и Пехчево.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 35.097, бројката на оздравени пациенти е 22.024 , на починати е 1.071, а бројот на активни случаи изнесува 12.002.

Од вечерва стартуваше спроведувањето на анти-ковид мерките усвоени од Владата, со кои угостителските објекти се затвораат во 21 часот, забрането е групирање во ноќните часови и се препорачува граѓаните да не се движат непотребно на отворено.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми