1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирусот и етиката: Кого да спасуваат лекарите?

Андреа Грунау
26 март 2020

Лекарите сакаат да ја овозможат најдобрата нега за заболените од коронавирусот. Но што доколку едноставно нема доволно респиратори или кревети? ДВ му ги постави овие прашања на медицинскиот етичар проф. д-р Георг Маркман

Coronavirus Frankreich Mülhausen medizinisches Personal transportiert Patienten
Фотографија: AFP/S. Bozon

ДВ: Лекарите и медицинските сестри од Италија пријавуваат, шокирани, дека повеќе не се во можност адекватно да се грижат за сите свои пациенти во кризата со коронавирусот. Какви насоки постојат за лекарите кои мора да донесуваат одлуки кому да помогнат?

Маркман: Постојат упатства за класични ситуации на тријажи во медицината, односно, тогаш кога има голем наплив на повредени луѓе, и погодените пациенти се прегледуваат и делат во различни категории за третман. Она што го немаме се упатства за ситуации како оваа која се случи во Италија, каде ширењето на Ковид-19 донесе толку многу пациенти на кои им е потребна интензивна нега и респиратори што се надмина капацитетот на интензивната нега.

ДВ: Тријажа, збор кој се користи во воената медицина, значи класификација. Во какви групи ги класифицирате пациентите?
Постојат неколку категории. Критично болните пациенти се третираат веднаш, третманот на сериозно болните се одложува, а пациентите кои се помалку болни се третираат подоцна. Пациентите кои немаат шанса да преживеат добиваат само палијативна грижа.
Суштинскиот елемент на ситуациите кои опфаќаат голем број на болни луѓе за кои повеќе не можеме да обезбедиме адекватна грижа е промената од индивидуален пристап кон пациентот, во групен пристап. Во индивидуалниот пристап кон пациентот, се обидуваме максимално да го прилагодиме третманот на секој поединечен пациент и да ги исполниме неговите желби.
Во групниот пристап, се обидуваме максимално да ги намалиме последиците и смртноста во групата. Ова ги става под притисок оние кои донесуваат одлуки, затоа што не се навикнати на тоа. Основно правило е дека треба да постапуваме во насока на спасување на што поголем број луѓе, затоа што тоа е јавниот интерес. 

Професор Георг МаркманФотографија: Yves Krier

ДВ: Во криза, кога има недостаток на респиратори и болнички кревети, се третираат тие на кои најмногу им треба помош или оние со најдобра шанса да преживеат?
Во нормални околности, секогаш се распределуваат врз основа на ургентност. Оние кои се најсериозно болни добиваат пристап до најинтензивните ресурси. Во ситуации кога повеќе немаме доволен капацитет, се префрламе на алокација според шанси за успех. Нашиот приоритет секогаш е да се обидеме да го прошириме капацитетот. Ова сега интензивно се прави во Германија. Тоа е исто толкав етички императив како и оптимирањето на постоечкиот капацитет, на пример, со координирање на интензивните болнички кревети и по можност и менување на пациентите. 

- Коронавирус: Висока цена поради лажните вести и неодговорноста
Пациентите со Ковид-19 со потреба од респиратор не се еднакво распоредени низ регионите. Се работи за принцип на солидарност на најдобар можен начин да ги искористиме расположливите ресурси, и да нема конфликти околу распределбата.

ДВ: Како се утврдува брзо и без сомнеж кој пациент кон која група припаѓа?
Интензивната нега има долга традиција на правење прогнози за пациентите. Онаму каде што се уште има несигурност во прогнозите се токму заразените од Ковид-19. Но имаме првични податоци од Италија, каде постојат обиди да се изработат критериуми за проценка на шансите на критично болните да преживеат.

Кубанските „војници во бели мантили“ против коронавирусот

01:16

This browser does not support the video element.

ДВ: Како да им се помогне на лекарите и медицинскиот персонал?
МНогу е важно да се заштитат здравствените работници. Зависни сме од тоа да имаме здрави здравствени работници кои ќе им пружат адекватна нега на Ковид-19 пациентите.
ШТо се однесува до психолошката тежина на распределбата на одлуките на здравствениот персонал, важно е да постојат упатства и критериуми врз основа на кои ќе се носат одлуки. Мора да има колегијална поддршка за поединцитеда не мораат сами да донесуваат одлуки. Телата за етички совети не можат да ги променат одлуките, но можат да го намалат товарот на лекарите. 

- Смртта на докторот-свиркач ја крена на нозе кинеската јавноста

Во Германија, се обидуваме да избегнеме да донесуваме трагични одлуки, или барем да донесуваме колку е можно помалку такви одлуки. Но доколку дојде до тоа, мораме да бидеме подготвени и да им дадеме поддршка на здравствените работници кои ги носат таквите одлуки. Важно е и подобро да се комуницира со роднините затоа што тоа создава доверба меѓу населението кое знае дека овие одлуки, доколку не можат да бидат избегнати, ќе бидат направени на транспарентен, фер, издржан, медицински и етички базиран начин.

ДВ: Кои се критериумите?
Неопходно е да се направи проценка на шансите за успех на третманот во интензивна нега. Тежината на акутното респираторно страдање е еден критериум. Исто така ќе се земе предвид дали релевантни претходни заболувања ја влошуваат прогнозата за пациентот, и исто така, каква е нивната општа состојба- на пример, дали некој е многу изнемоштен. Исто така е важно да се дефинираат и критериуми кои не играат никаква улога: брачен статус, социјален статус, културолошка припадност. Никој не е привилегиран или обесправен од почеток- тоа се одлучува согласно медицински или етички критериуми.

Професор доктор Георг Маркман е директор на Институтот за етика, историја и теорија на медицина на Универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен, и претседател на Академијата за етика во медицината.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми