1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Коронавирус и училиштата: Како функционира тоа во Германија

Александер Фројнд
10 август 2020

И покрај растот на бројот на новозаразени од коронавирусот, Германија продолжува со отворање на училиштата. Правилата се разликуваат од покраина до покраина. Можат ли училиштата да се справат со проблемот?

DEutschland | Schulbeginn in Mecklenburg-Vorpommern
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner

Како што наближува крајот на летните одмори, така расте бројот на новозаразени со коронавирусот низ цела Европа. Германија не е исклучок. Но, и покрај тоа, градинките, училиштата и образовните институции се отвораат, делумно и за да се намали товарот врз родителите, но и за доброто на децата.
Притоа, оние кои се инволвирани во донесувањето на одлуките- лекари, виролози, епидемиолози, политичари, наставници и родители- имаат многу различни идеи за тоа како најдобро да продолжат школите со работа. Поради тоа, речиси никаде во Европа нема униформни правила.
Таков е случајот и во Германија. Секоја германска покраина е одговорна за образованието во рамките на своите граници, а правилата за работата на училиштата и летните одмори драстично се разликуваат меѓу нив, а понекогаш дури и меѓу училиштата во иста покраина. 

- повеќе на темата: МОН на жешко столче

Консензус беше постигнат за задолжително носење маски, физичка дистанца, хигиена и фиксен број на ученици. Но, како тоа ќе се спроведува во пракса, останува прашање на интерпретација.

Најважните правила:

Регуларна настава

Настава во покраината Баден Виртемберг во корона-условиФотографија: picture-alliance/dpa/M. Murat

По летните одмори, дневните центри за грижа, училиштата и образовните институции се отвораат во сите германски покраини. Продолжува наставата лице-в-лице, во најголем дел. Покраините треба да утврдат прагматични концепти за да се минимизира ризикот од инфекција и да се спречи затворање на училиштата.
Според телото задолжено за координација на образовниот систем во Германија (КМК), „регуларните операции“ треба да бидат организирани „согласно специфичните локални услови“. Со други зборови, покраините мора меѓу себе да ги договорат правилата и регулативите.

Хигиенски правила

Училиштата добија инструкции да развијат сеопфатни хигиенски концепти. Тоа вклучува средства за дезинфекција, редовно чистење на санитарните објекти и обезбедување добра вентилација во училниците.
Иако сето тоа звучи саморазбирливо и лесно за имплементација, реалноста на теренот честопати е поинаква. На пример, многу училишта имаат недостиг од простор, мали училници или голем број ученици, поради што правилата за социјална дистанца не можат да се имплементираат.
Дополнително, многу училници немаат функционални мијалници, санитарните јазли често се во лоша кондиција, многу прозорци не се отвораат од безбедносни причини, а општините немаат пари за реновирање.

Ковид-19: Импровизирани прегради за безбеден училишен ден

01:04

This browser does not support the video element.

Задолжителни маски

Некои покраини сакаат маските да бидат задолжителни во училиштата. Но, правилата за тоа кој и кога треба да носи маска се разликуваат. Многу покраини бараа носење маски во ходниците и собите кои се користат за време на пауза, но не и за време на часовите. Децата од ниските одделенија во најголем дел се изземени од правилото затоа што се сметаат за неподготвени правилно да ги носат маските и притоа ретко заболуваат од Ковид-19.
Други покраини, како Северна Рајна Вестфалија, на пример, инсистираат на задолжително носење маски за сите на училиште. Тоа се однесува и за времето додека се оддржуваат часови, а не само за време не паузите. Обврската ја имаат учителите и ученици во сите ситуации кога не може да се обезбеди дистанца од 1,5 метри.

Фиксирани групи

Секогаш кога е можно, часовите треба да се организираат со фиксирани одделенија за кои се распоредени одредени наставници. На тој начин се сака да се избегне мешање во училишното секојдневие. Тоа овозможува и изолирање на помала група доколку дојде до ширење на инфекцијата. Целта е, преку полесна идентификација на тие кластери, да се спречи целосно затворање на училиштата.
Иако тоа звучи изводливо, за училиштата тоа е огромен предизвик. Средните училишта, на пример, вообичаено се организирани во систем на последователни часови. Честопати недостасуваат училници или наставници за предавањата да можат да бидат ограничени на помали групи.
Наставниците и родителите се критични кон предвидените мерки, и бараат комбинација од директна и онлајн настава.

Вака треба да изгледа наставата, но имаат ли сите можности за тоа?Фотографија: Reuters/E. Gaillard

Тестови за коронавирус

Во многу покраини, наставниците ќе добиваат можност за доброволно, бесплатно тестирање пред почетокот на школската година. Според Здружението на виролозите, наставниот кадар треба да има континуиран и лесен пристап до тестови цело време. Виролозите препорачуваат децата со акутни воспаленија на дишните патишта веднаш да бидат тестирани од коронавирус за експресно да се откриваат евентуалните кластери.
Доколку до крајот на годината се случи критично зголемување на бројот на инфекциите, виролозите препорачуваат продолжување на божикните одмори, особено затоа што за време на празниците веројатно ќе има раст на бројот на инфекциите поради патувања и семејни прослави.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми