Седумте починати и повеќе од 200-те заразени лица ја направија Италија едно од најголемите жаришта на новиот коронавирус. Во соседна Хрватска нема инфицирани луѓе, но интензивно се спроведуваат тестирања.
Реклама
Во Хрватска сѐ уште нема случаи на заразени од коронавирусот, но се појавија нови сомнежи. Примероците од седумина луѓе од Хрватска кои беа анализирани во текот на ноќта беа негативни на корона вирусот, истакна хрватскиот министер за дравство Вили Берош. Но тој истакна дека во Ријека се хоспитализирани девет хрватски работници кои работеле во Италија поради сомнежи за заразеност. Еден од нив покажува симптоми на болеста, изјави министерот, напоменувајќи дека резултатите од тестирањето треба да бидат познати денеска попладне. Посебно загрижува фактот дека хоспитализираните работеле во фабрика во Италија во која 20 лица се заразени од коронавирусот.
„Ќе го подигнеме степенот на претпазливост, но нема место за паника“, изјави на конференцијата за новинари во понеделникот министерот за здравство Вили Берош. Смирувачките зборови на стручњакот, меѓутоа, не наидоа на голем одек откако контравирусот почна нагло да се шири во Италија, и е откажан карневалот во Венеција.Кризниот центар на Министерството за здравство за коронавирусот воведе нова мерка на здравствен надзор во самоизолација за лицата кои доаѓаат од зафатените подрачја во италијанските покраини Венето и Ломбардија. Министерството за образование на сите основни и средни училишта им издаде упат да ги откажат сите планирани патувања во Италија, а тој совет го послушаа и бројни граѓани, а во туристичките агенции може да се слушне дека масовно се откажуваат патувањата во Венеција и во Милано.
„Само со тоа се занимаваме“
Истовремено, трае лудилото за купување на заштитни, т.н. медицински маски за лице, меѓутоа во аптеките низ целата земја едноставно ги нема. Претседателот на Здружението на веледрогерии и претседател на една од најголемите - „Медика“, Јасминко Херцег, за ДВ изјави дека недостатокот од маски започнал во декември, кога сите произведувачи своето производство го испраќале во Кина. Тој вели дека цел ден само одговара на прашањата за маските.Имено, маски за лице речиси воопшто нема ни во аптеките во Загреб, Риека, Пула, ниту во Осиек, но ни во други градови.
Во регионот Осиjек-Барања во последните 3 месеци се продадени 60.000 маски, а би се продале и далеку повеќе кога редовно би ги добивале, вели Мартина Гавран Дувњак од аптеката „Срце“ во Осиjек. Вака, сите пакети кои ќе ги добијат ги распродаваат во рок од 24 часа. Во аптеките „Јадран“ во Ријека велат со насмевка „само со тоа се занимаваме“. Од почетокот на годината, само една аптека на Корозо продала 2.500 обични, трослојни маски и стотина подобри со вентил. Станува збор, велат, за зголемена продажба од барем 500 отсто.
Упатства: Како да се заштитите од коронавирус
Луѓето ширум светот ставаат заштитни маски за дишење за да спречат вирусна инфекција. Сепак, други мерки се поефикасни. Еве неколку совети засновани на упатствата на СЗО.
Фотографија: Getty Images/X. Chu
Подобро од ништо
Не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот. Но уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот (што повеќето луѓе го прават инстинктивно). Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.
Фотографија: Getty Images/Stringer
Дезинфицирајте ги рацете
Во својот список на препораки како да се заштитите од зарази, Светската здравствена организација не споменува маски за лице. На врвот е често миењето на рацете. СЗО препорачува дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол, како на фотографијата, кои најчесто ги гледаме во болниците
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Pilick
И сапун и вода ќе завршат работа
Поедноставното секојдневно решение се водата и сапунот, ако ги имате при рака. Но, проверете дали темелно ги миете рацете...
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
Кашлање и кивање - но направете го тоа правилно!
Еве што препорачуваат лекарите: Кога кашлате и кивате, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакот. Или користете книжни марамчиња - но потоа веднаш фрлете го марамчето и измијте ги рацете. А кошулата или џемперот? Не, нив не мора да ги фрлите. Но, перете ги често или однесете ги на хемиско чистење.
Фотографија: Fotolia/Brenda Carson
Стојте подалеку!
Друга препорака која можеби не функционира за сите: Избегнувајте близок контакт со секој кој има треска и кашлица! Ако треба да имате контакт со болни луѓе, погрижете се да преземете дополнителни заштитни мерки.
Фотографија: picture alliance/empics
Имате треска? Одете на лекар, а не на патување!
Ако имате треска, кашлица и отежнато дишење, побарајте лекарска помош навреме. Избегнувајте јавни места за да не ги инфицирате другите. И, исто така, објаснете му на вашиот лекар каде претходно сте патувале.
Фотографија: Reuters/P. Mikheyev
Избегнувајте контакт!
При посета на сточни и зелени пазари во области во кои во моментот има случаи на новиот коронавирус, избегнувајте директен незаштитен контакт со живи животни. Тоа исто така вклучува какви било површини кои се во контакт со животни.
Фотографија: DW
Добро термички обработено - не сурово!
Варете,печете и пржете го месото темелно. Потребно е да се избегне конзумирање на сурови, недоволно термички обработени производи од животинско потекло. Со суровото месо, млекото или животинските органи треба да се постапува внимателно за да се избегне инфицирање од термички необработена храна. Овие се добри практики за безбедност на храната и помагаат да се спречи ширењето на болести.
Фотографија: picture-alliance/Ch. Mohr
8 фотографии1 | 8
Недостатокот започнал во декември
Недостатокот започнал уште во декември, кога вирусот почна да се шири во Кина, Имено 50 насто од светското производство на медицински маски се наоѓа токму во Кина, која од почетокот на ширењето на вирусот почна и масовно да купува маски на светскиот пазар. Поради тоа останатите производители престанале да извезуваат, правејќи залихи за своите домашни пазари, и е невозможно да се набават маски. Роберт Чрњевиќ од фирмата „Медитекс“ од Забок која произведува медицинска заштитна опрема вели дека ни тие не поризведуваат маски, ниту некој друг во Хрватска, бидејќи производството едноставно не е исплатливо. Медицинските маски, оние трослонијте кои се ставаат зад уши, чинат околу 60 липи по парче во пакет од 50 парчиња. Пакувањето од 5 чини 19 куни (2,5 евра), а маските со вентил чинат една 25 куни (3,35 евра). Но нивната ефикасност, сепак, е под знак прашалник.
Во Хрватскиот завод за јавно здравство велат оти нивната ефикасност зависи од тоа кој ги користи и кога, како, и каков е видот на изложување. Хрватските власти не им препорачуваат на здравите лица да се движат со какви било маски. Стручњаците потенцираат дека е далеку поважно често да се мијат рацете и да се избегнува близок контакт со заразени лица.
Медицинските маски запираат бактерии, не и вируси
Иако министерот Берош во понеделникот изјави дека маските се добри за спречување на ширење на вирусот, тоа баш и не е целосно точно. Како што објаснува увозникот на медицински, хируршки масли, Чрњевиќ од „Медитекс“, тие се направени да запрат бактерии, а не вируси, кои се многу помали и можат да поминат низ тие маски. Единствено индустриските маски со ознака ФФП3, што е ознака за степен на филтрација, имаат непропусност на толку мали честици што запираат и вируси, а тие се произведуваат, меѓу останатите места, и во Италија и во Франција, но сега не можат да се купат, вели Чрњевиќ.
Коронавирусот го парализира кинескиот туризам
Забранетиот град е напуштен, а делови од Кинескиот ѕид се затворени. Коронавирусот ги принуди врвните туристички атракции во Кина да ги затворат своите порти, бидејќи културните настани се откажани или стопирани.
Фотографија: AFP/G. Baker
Глобално влијание
Епидемијата на коронавирусот создава последици за меѓународните културни настани. Уметничкиот саем „Арт Базел Хонг Конг“ е откажан. Кина го намали своето учество на 70-тиот меѓународен филмски фестивал во Берлин. Исто така, беше откажан и новогодишниот концерт на кинеската национална опера во Берлин, музичарите и изведувачите не смееја да заминат од земјата поради кризата со коронавирусот.
Фотографија: Getty Images
Затворено за туристите
Вообичаено, голем број туристи се шетаат низ Забранетиот град. Сега, овој турист ја има само за себе Империјалната палата во Пекинг. Таа е изградена од 1420 до 1644 година, се смета за архитектонско ремек-дело, а од 1987 година е дел од светско наследство на УНЕСКО. Првично бил седиште на династијата Минг, а подоцна и на династијата Кинг, и таму живееле императорот и неговите дворјани.
Фотографија: AFP/G. Baker
Туристичките атракции на чекање
Дизниленд во Шангај засега ги затвори вратите кон Волшебното кралство. Избувнувањето на коронавирусот се засили на почетокот на кинеската Нова година. Последователните карантини и патни ограничувања предизвикаа да пропадне годишниот прилив од патувањата за одмор во и до Кина. Минатата година индустријата пријави промет од 71,5 милијарди евра само за време на еднонеделните празници.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Kyodo/Maxppp
Нема пристап
Во борбата против коронавирусот, кинеските власти не се двоумеа да ги затвораат и историските знаменитости. Делови од Големиот ѕид во Кина, моќниот симбол на земјата, се затворени. Делот од ѕидот во Бадалинг, северен Пекинг (на фотографијата горе), кој е многу популарен кај туристите, е затворен. Затворени се и гробниците на династијата Минг и на пагодата Јиншан.
Фотографија: Reuters/C. G. Rawlins
Танцот на змејот
Пролетта 2019 во Шенјанг: Танчерска група го изведува танцот на змејот по повод фестивалот Лонгтаиту, кога Кина го прославува вториот ден од вториот месец во кинескиот лунарен календар. Познат е како „денот кога змејот ја крева главата“, а земјата и природата ја повраќаат силата. Годинава, тој паѓа на 24 февруари, но епидемијата од коронавирусот би можела да ги спречи славеничките манифестации.
Неговата фирма на болници и на установи им продала четиримесечна залиха од такви маски за само 10 дена, вели тој. Проблемот е тоа што никој нема големи залихи од тие маски, бидејќи рокот на траење е 2 години, а во нормални услови потрошувачката е мала, додава. Министерството за здравство потврди дека болниците се обезбедени со доволна количина заштитна опрема. Ако кризата и евентуалната епидемија не потраат.