Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија се искачи на 188. 13 од вкупно 16 германски покраини сега имаат пријавено инфекции.
Реклама
Коронавирусот се прошири и во други сојузни покраини во Германија. Први инфекции се забележани и во Саксонија, Тирингија и Бранденбург, што значи дека сега се засегнати 13 сојузни покраини, соопшти институтот Роберт Кох (РКИ).
До вторник наутро, бројот на лица заразени од коронавирусот во Германија изнесува 188, 31 повеќе отколку што беше објавено во понеделникот попладне.
Бројот на инфекции речиси трикратно се зголеми во текот на викендот. Најголем раст на заразени е забележан во покраините Северна Рајна Вестфалија и во Баварија.
Луѓето ширум светот ставаат заштитни маски за дишење за да спречат вирусна инфекција. Сепак, други мерки се поефикасни. Еве неколку совети засновани на упатствата на СЗО.
Фотографија: Getty Images/X. Chu
Подобро од ништо
Не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот. Но уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот (што повеќето луѓе го прават инстинктивно). Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.
Фотографија: Getty Images/Stringer
Дезинфицирајте ги рацете
Во својот список на препораки како да се заштитите од зарази, Светската здравствена организација не споменува маски за лице. На врвот е често миењето на рацете. СЗО препорачува дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол, како на фотографијата, кои најчесто ги гледаме во болниците
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Pilick
И сапун и вода ќе завршат работа
Поедноставното секојдневно решение се водата и сапунот, ако ги имате при рака. Но, проверете дали темелно ги миете рацете...
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
Кашлање и кивање - но направете го тоа правилно!
Еве што препорачуваат лекарите: Кога кашлате и кивате, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакот. Или користете книжни марамчиња - но потоа веднаш фрлете го марамчето и измијте ги рацете. А кошулата или џемперот? Не, нив не мора да ги фрлите. Но, перете ги често или однесете ги на хемиско чистење.
Фотографија: Fotolia/Brenda Carson
Стојте подалеку!
Друга препорака која можеби не функционира за сите: Избегнувајте близок контакт со секој кој има треска и кашлица! Ако треба да имате контакт со болни луѓе, погрижете се да преземете дополнителни заштитни мерки.
Фотографија: picture alliance/empics
Имате треска? Одете на лекар, а не на патување!
Ако имате треска, кашлица и отежнато дишење, побарајте лекарска помош навреме. Избегнувајте јавни места за да не ги инфицирате другите. И, исто така, објаснете му на вашиот лекар каде претходно сте патувале.
Фотографија: Reuters/P. Mikheyev
Избегнувајте контакт!
При посета на сточни и зелени пазари во области во кои во моментот има случаи на новиот коронавирус, избегнувајте директен незаштитен контакт со живи животни. Тоа исто така вклучува какви било површини кои се во контакт со животни.
Фотографија: DW
Добро термички обработено - не сурово!
Варете,печете и пржете го месото темелно. Потребно е да се избегне конзумирање на сурови, недоволно термички обработени производи од животинско потекло. Со суровото месо, млекото или животинските органи треба да се постапува внимателно за да се избегне инфицирање од термички необработена храна. Овие се добри практики за безбедност на храната и помагаат да се спречи ширењето на болести.
Фотографија: picture-alliance/Ch. Mohr
8 фотографии1 | 8
Во Северна Рајна Вестфалија има и најмногу случаи. „Мора да се очекуваат повеќе случаи, синџири на инфекции и жаришта во Германија“, рече потпретседателот на РКИ, Ларс Шаде. Ризикот за населението во Германија во моментов сè уште се оценува како „умерен“. Во Германија досега нема смртни случаи меѓу заразените од коронавирусот. Министерот за здравство Јенс Шпан најави владина изјава за коронавирусот за текот на утрешниот ден.
Појавата на коронавирусот ги менува социјалните навики и обичаи во земјата дури и на највисоко ниво. Уверете се во следново видео:
И Меркел не доби рака од министерот Зехофер
00:19
Според РКИ, 90.900 случаи на заразени со новиот вирус се регистрирани ширум светот, најголем дел од нив со околу 80.280 во Кина. Динамиката на новите инфекции се` повеќе се преместува од Кина во остатокот на светот, рече Шаде. Првиот човек на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејезус изјави дека во последните часа пријавени се речиси осумпати повеќе случаи надвор од Кина отколку во самата Народна Република. Ризикот од ширење на коронавирусот ширум светот сега е многу голем. Тој беше најзагрижен за ширењето на вирусот во Јужна Кореја, Италија, Иран и во Јапонија. Јужна Кореја со повеќе од 4800 случаи на заболени е земја која по Кина е најпогодена од епидемијата. До денес, повеќе од 3.100 луѓе ширум светот починале од респираторна болест.
Коронавирусот го парализира кинескиот туризам
Забранетиот град е напуштен, а делови од Кинескиот ѕид се затворени. Коронавирусот ги принуди врвните туристички атракции во Кина да ги затворат своите порти, бидејќи културните настани се откажани или стопирани.
Фотографија: AFP/G. Baker
Глобално влијание
Епидемијата на коронавирусот создава последици за меѓународните културни настани. Уметничкиот саем „Арт Базел Хонг Конг“ е откажан. Кина го намали своето учество на 70-тиот меѓународен филмски фестивал во Берлин. Исто така, беше откажан и новогодишниот концерт на кинеската национална опера во Берлин, музичарите и изведувачите не смееја да заминат од земјата поради кризата со коронавирусот.
Фотографија: Getty Images
Затворено за туристите
Вообичаено, голем број туристи се шетаат низ Забранетиот град. Сега, овој турист ја има само за себе Империјалната палата во Пекинг. Таа е изградена од 1420 до 1644 година, се смета за архитектонско ремек-дело, а од 1987 година е дел од светско наследство на УНЕСКО. Првично бил седиште на династијата Минг, а подоцна и на династијата Кинг, и таму живееле императорот и неговите дворјани.
Фотографија: AFP/G. Baker
Туристичките атракции на чекање
Дизниленд во Шангај засега ги затвори вратите кон Волшебното кралство. Избувнувањето на коронавирусот се засили на почетокот на кинеската Нова година. Последователните карантини и патни ограничувања предизвикаа да пропадне годишниот прилив од патувањата за одмор во и до Кина. Минатата година индустријата пријави промет од 71,5 милијарди евра само за време на еднонеделните празници.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Kyodo/Maxppp
Нема пристап
Во борбата против коронавирусот, кинеските власти не се двоумеа да ги затвораат и историските знаменитости. Делови од Големиот ѕид во Кина, моќниот симбол на земјата, се затворени. Делот од ѕидот во Бадалинг, северен Пекинг (на фотографијата горе), кој е многу популарен кај туристите, е затворен. Затворени се и гробниците на династијата Минг и на пагодата Јиншан.
Фотографија: Reuters/C. G. Rawlins
Танцот на змејот
Пролетта 2019 во Шенјанг: Танчерска група го изведува танцот на змејот по повод фестивалот Лонгтаиту, кога Кина го прославува вториот ден од вториот месец во кинескиот лунарен календар. Познат е како „денот кога змејот ја крева главата“, а земјата и природата ја повраќаат силата. Годинава, тој паѓа на 24 февруари, но епидемијата од коронавирусот би можела да ги спречи славеничките манифестации.