Тихоокеанскиот архипелаг Тонга беше едно од последните места без коронавирус на планетата. Но, сега заврши рајскиот мир. Кралството го регистрираше првиот случај на Ковид-19.
Реклама
Островската држава Тонга во западниот дел на Полинезија, соопшти денеска дека во земјата е регистриран првиот случај на Ковид-19, откако еден патник кој пристигнал од Нов Зеланд бил позитивен на коронавирусот.
Тонга беше меѓу само уште десетина држави во светот кои досега успејаа да ја избегнат епидемијата со коронвирусот, а како и кај многу нејзини соседи, изолираноста ѝ помогна на Тонга да остане безбедна. Но сега земјата се соочува со големи предизвици доколку вирусот се прошири поради недоволно развиениот здравствен систем, пренесува агенцијата Асошиејтед прес.
Блиската држава Фиџи избегнуваше поголема епидемија сѐ до април, кога делта варијантата се рашири низ островската држава, при што се заразија над 50.000 луѓе, а најмалку 673 лица починаа од Ковид-19.
Премиерот на Тонга, Похива Туионетоа, соопшти во радиско обраќање дека заразениот патник патувал со уште 215 лица, кои во средата пристигнале со авион од новозеланскиот град Крајстчрч и кои престојувале во изолација во карантински хотел. Крајстчрч со месеци беше без присуство на вирусот до неделава, кога се пријавени 4 случаи.
Здравствените власти на Нов Зеланд соопштија дека патникот за Тонга бил целосно вакциниран со вакцината на Фајзер и оти поседувал негативен тест пред да замине, а најавија оти ќе работат со своите колеги од Тонга за да го потврдат случајот и да пружат повеќе детали во наредните денови.
Бегство од зачмаеноста на пандемијата
Коронавирусот ја доведе глобалната индустрија за патувања во ќорсокак. И покрај ограничувањата, некои патници повторно ги пакуваат куферите и се упатуваат кон региони кои ветуваат безбедност и одмор од Ковид.
Фотографија: Nikolai Okhitin/Zoonar/picture alliance
Исланд
Островот во Северен Атлантик со своите водопади, вулкани и глечери е подготвен за туристите. Љубителите на природата и авантуристите можат да патуваат таму во согласност со прописите за коронавирусот. Исланд е една од ретките земји во Европа која дозволува влез за вакцинирани лица и лица кои се опоравиле од од Ковид-19, без потреба од тестирање и карантин.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Trumpf
Ла Палма, Шпанија
Канарскиот остров Ла Палма е речиси без заболени со коронавирусот. Туристите кои патуваат од Германија теоретски можат да влезат со негативен ПЦР тест, но во моментов нема многу летови за Ла Палма, бидејќи е дел од Шпанија, која е земја со висок ризик. Хотелиерите и агентите за изнајмување недвижности се надеваат дека состојбата ќе се подобри од март.
Ограничувањата за патување во Занзибар беа укинати уште во јуни 2020 година. Патниците од повеќето земји можат да влезат без ПЦР-тест, формулар за влез или карантин. На островот, кој ѝ припаѓа на Танзанија, нема ограничувања, рестораните се отворени, а се одржуваат забави и концерти. На крајот на март, Луфтханза за првпат планира да понуди директни летови до островот на задоволствата.
Фотографија: picture alliance / blickwinkel/M
Руанда
Туристите ја посетуваат Руанда за да видат планински горили. При влегување мора да се покаже негативен ПЦР-тест и да се направи дополнителен тест локално. По седум дена во карантин на туристите им е дозволено да одат на сафари и да ги видат горилите под строги хигиенски услови. Мерките на претпазливост се покажаа ефикасни. Германија никогаш ја нема ставено Руанда на листата на ризични области.
Фотографија: Felipe Dana/AP Photo/picture alliance
Сејшели
Архипелагот крај источниот брег на Африка мами со белите песочни плажи, тиркизно синото море и со бујните палми. Од јануари, секој може да влезе во земјата ако има сертификат за вакцинација против Ковид-19 и со негативен ПЦР- тест направен во рок од 72 часа. Нема потреба од карантин. Одморот може да започне веднаш. Сепак, бидејќи Сејшели се ризична област, повратниците мора да одат во карантин.
Островската земја во Индискиот Океан бележи зголемување на стапката на инфекции од декември и се смета за ризична област. Според правилата од јули 2020, туристите можат да влезат со негативен тест, но нивниот престој останува ограничен на однапред резервирано одморалиште. Со оглед на луксузните објекти во хотелските комплекси, туристите се прилично подготвени да ги прифатат овие ограничувања.
Фотографија: Sergi Reboredo/picture alliance
Тајланд
Ниските стапки на инфекција значат дека патувањето во Тајланд не е забрането тукусамо не се препорачува. По пристигнувањето и на сопствен трошок, патниците мора да поминат строг карантин во траење од 14 дена во објект за изолација (обично хотел) кој е одобрен од владата и да направат неколку тестови за Ковид-19. Само тогаш тие можат слободно да се движат во земјата.
Работа на вашиот лаптоп пред да скокнете во базен, или обратно? Ако не можете да престанете да работите, можете да „работите од дома“ во далечните земји. Туристичките агенции во неколку земји, како на холандскиот карипски остров Аруба (на сликата) ја препознаа можноста и нудат опции за работа и одмор за туристите. И тука, се разбира, мора да се внимава на актуелните корона-рестрикции.
Дубаи до декември, се сметаше за место без Ковид-19, но од 24 јануар се смета за област со висок ризик. Емиратот донесе влијателни инфлуенсери и познати личности во земјата, а туристите ги следеа, откако сликите на безгрижни забави крај базен го обиколија целиот свет. Сега баровите и пабовите се затворени, ограничувањата се применуваат во трговските центри и во рестораните.
Фотографија: Udo Bernhart/dpa/picture alliance
Туристички крстосувања
Индустријата за туристичко крстосување ги врбува муштериите со тоа што нуди најголема можна безбедност. Ова значи пониски стапки на посетеност на пловните објекти, физичка дистанца на бродот, задолжително носење маски, дневни проверки на температурата, контролирани екскурзии на брегот... Но, оваа релаксација доаѓа со ограничувања, бидејќи коронавирусот исто така знае како да патува.
Фотографија: Jens Büttner/picture-alliance/dpa
10 фотографии1 | 10
Министерството за здравство на Тонга нагласи дека е несреќна околност тоа што информацијата за случаите во Крајстчрч стигнале по полетувањето на авионот и соопшти оти сите здравствении работници, полицајци и вработените во аеродромот кои биле на должност кога пристигнал авинот, исто така, се ставени во карантин откако е потврден позитивниот случај, а сите кои работат во близина се вакцинирани.
Тонга, која се наоѓа североисточно од Нов Зеланд, има околу 106.000 жители, а според сајтот „Наш свет во податоци“, околу 31 отсто од жителите на кралството се целосно вакцинирани, а 48 насто примиле најмалку една доза.