Коронавирусот ја турна еврозоната во историска рецесија
Артур Саливан
31 јули 2020
Економијата на еврозоната сега и официјално влегува во својата најдлабока рецесија досега по двата катастрофални квартали во 2020 година поради пандемијата на Ковид-19.
Реклама
Вистинските економски последици од пандемијата на коронавирусот во Европа стануваат сè појасни додека државите ги објавуваат своите економски биланси за периодот од април до јуни. Имано во вториот квартал од 2020 економијата на еврозоната дзабележала пад од рекордни 12,1 процент, говорат прелиминарните проценки објавени денеска во Брисел.
Иако во моментов касите повторно ѕвонат во продавниците, рестораните, хотелите низ цела Европа а туристичките атракции, кои беа морничаво тивки во пролетта повторно се заживеани и опкружени со илјадници луѓе, сепак , никој не знае со сигурност како ќе се развива пандемијата во текот на следните неколку месеци.
Жртвите на коронавирусот на пазарот на труд
Пандемијата на коронавирусот веќе има катастрофално влијание врз голем број индустрии. Милиони работни места се загрозени, стотици илјади веќе укинати. Издвојуваме некои од досега најпогодените компании и сектори...
Фотографија: picture-alliance/abaca/H. Lionel
Циркусот остана, уметниците ги нема
Легендарниот „Cirque du Soleil “ поднесе барање за течајна постапка по тримесечен прекин на работата поради пандемијата на коронавирусот. Славниот циркус најави отпуштање на 3.480 од вкупно 5.000 вработени. „Cirque du Soleil“, со седиште во канадски Монтреал, овој потег го образложи со „огромното нарушување и присилно затворање на шоуто како последица на пандемијата на Ковид-19“.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Düren
„Ербас“ ќе се раздели со 15 илјади луѓе
Европскиот авиоконцерн „Ербас“ предупреди на масовни укинувања на работните места. Тој има намера да укине околу 15.000 работни места поради падот на побарувачката како последица на пандемијата. Еден од шест вработени би можел да го загуби работното место во одделот за транспортни авиони - најважниот и најголемиот во „Ербас“. Само во Германија треба да се укинат 5.100 работни места.
Фотографија: picture-alliance/abaca/H. Lionel
Турбуленции за „Луфтханза“
Најголемиот авиопревозник во Германија, е заробен во турбуленции поради коронавирусот. Авиоконцернот беше исклучен од индексот на акции Дакс, во кој членуваше 32 години. „Луфтханза“ ќе добие 9 милијарди евра директна финансиска помош и државни гаранции за заем, но 26.000 работни места се изложени на ризик. „Во случај на опасност, ние ве спасуваме вас, а кој ќе нè спаси нас?“- прашува стјуардесата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
На едно небо
Британската авиокомпанија „Бритиш ервејс“ планира да укине 12 илјади од вкупно 42.000 работни места. Нејзиниот француски ривал „Ер Франс“ ќе отпушти над 7.500 вработени поради пандемијата. Британската авиокомпанија „Изи џет“ предвидува од долгорочен пад на побарувачката. Концернот планира да го намали бројот на вработените за 30 проценти - околу 4.500 луѓе може да ги загубат своите работни места.
Иако производителите на автомобили сè уште немаат предвидено застрашувачки сценарија, светскиот пазар на автомобили може да се намали за 18 проценти во 2020 година. Германскиот стручњак за автомобилска индустрија Фердинанд Дуденхофер веќе изнесе разочарувачко предвидување: околу 100 илјади работни места во Германија се изложени на ризик. Автомобилската индустрија во земјата вработува 800.000 луѓе.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Тешка опрема
Германскиот концерн „MTU Aero Engines AG“ планира да го намали бројот на вработени за 15 проценти. Производителот на мотори за авиони, со седиште во Минхен, вработува 10.000 луѓе низ целиот свет. Околу 1.500 места се под закана за укинување. Во 2019 година компанијата беше во топ-лигата на индексот на акции Дакс.
Фотографија: picture-alliance/dpa/MTU Aero Engines AG
Отпаѓа ли модата?
Седењето дома и забраната за масовни настани обесхрабри многумина да купуваат нова облека. Падот на потрошувачката се почувствува во трговијата. Германскиот концерн „Галерија Карштат Кауфхоф“ затвори околу 80 од своите 170 стоковни куќи, кои главно продаваат облека. Повеќе од 5.000 од вкупно 28.000 вработени ги загубија работните места.
Фотографија: picture-alliance/dpa/H.-C. Dittrich
Сите на одмор
Еден од најголемите светски туристички концерни „ТУИ“ најави укинување на 8.000 работни места како последица на пандемијата. Менаџментот на компанијата, која веќе доби финансиска помош од германската држава, соопшти дека овие мерки се неопходни за да се зачуваат претставничките канцеларии на концернот во светот. „ТУИ“ очекува дека така ќе ги намали административните трошоци за 30 насто.
Тоа беше периодот кога строгите рестрикции и карантини доведоа до застој на голем дел од економијата на континентот. Податоците за тој период сега се достапни, а вестите се полоши од што било што еврозоната досега видела.
Тоа значи дека економијата на еврозоната влезе во најдлабоката рецесија во својата повоена историја. Шпанија забележа пад на својата економија од огромни 18,5%. Падот на економијата во Франција во вториот годинешен квартал изнесува 14 проценти, на Италија пак 12,4% . И најголемата економија на еврозоната- германската доживеа рекорден пад на БДП од околу 10%.
Нерамномерна распределба - животниот стандард во ЕУ
Разликите во животниот стандард во државите-членки на ЕУ се екстремни. Но, во зависност од начинот на кој се мери благосостојбата, постојат изненадувања, сиромашните земји немаат секогаш сиромашни граѓани и обратно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Kalker
Бугарија: Ниски социјални давачки, ниски плати
Бугарија се смета за најсиромашна членка на ЕУ и истовремено водечка во раширеноста на корупцијата. Според податоците на Германското друштво за надворешна трговија и инвестиции (Germany Trade and Invest), просечното бруто примање во 2018 година било 580 евра месечно. По приемот на Бугарија во ЕУ, многу млади луѓе и завртија грб на земјата, голем дел од нив со факултетско образование.
Фотографија: BGNES
Романија: Претпоследно место во ЕУ-економското рангирање
Идилата лаже: живописните историски центри во градовите, како овој во Брашов, се реставрирани со многу љубов. Но, со просечниот бруто домашен производ од 11.440 евра по глава на жител годишно (2019) земјата е само малку подобра од Бугарија. Податоците на Европската комисија велат дека просечната бруто плата во Романија лани била околу 1050 евра, додека во Германија- 3994 евра.
Земјата беше на пат да се опорави од последиците на должничката криза, за што посебно последните години придонесе туризмот. Но, поради корона-кризата, земјата повторно е под притисок и зависна од помошта од ЕУ. Во споредба со Германија, таа се смета за сиромашна, иако просечниот бруто домашен производ по жител од 17.500 евра годишно е двојно поголем отколку во Бугарија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/VisualEyze
Франција- земја на сопственици на куќи
Ако се суди според просечниот имот на Французите, тие се многу побогати од Германците. Со нето финансиски капитал од 26.500 евра (2018) по жител, Французите според информациите на осигурителната компанија Алијанц располагаат со 10.000 евра повеќе. Една од причините е што мал дел од Германците имаат сопствени недвижности. За разлика од нив, во Франција многу луѓе имаат стан и викендичка.
Фотографија: picture alliance/prisma/K. Katja
Италија - развојот стагнира, нема реформи, долговите се високи
Италија беше посебно тешко погодена од пандемијата на коронавирус. Сликите од Бергамо, епицентарот на заразата, го обиколија светот. По две децении економска стагнација, Италија е една од земјите која најмногу се надева на распределбата на корона-помошта од ЕУ. Со бруто домашен производ од 29.610 евра по глава на жител (2018), Италија се наоѓа нешто под просекот на ЕУ.
Фотографија: AFP/P. Cruciatti
Шпанија во страв од втор бран на коронавирус
По силниот пораст на бројот на нови инфекции со коронавирус, властите во Каталонија во јули повторно воведоа рестрикции и ограничување на движењето. Земјата е во висок степен зависна од туризам, тој изнесува преку 15% од БДП. Со бруто домашен приход од 26.440 евра по жител, Шпанија се наоѓа под просекот на ЕУ од 31.000 евра.
Фотографија: Reuters/N. Doce
Шведска - висок стандард, високи даноци, без корона-ограничувања
Шведска се обиде да помине низ корона кризата без да воведе рестрикции и обврска за носење заштитна маска. Цената беше висока, бројот на жртви е релативно голем. Со БДП од 41.180 евра по жител, Шведска според Евростат во 2018 година била на петто место зад Луксембург, Ирска, Данска и Холандија. И покрај високите даноци, Швеѓаните со финансиски капитал од 27. 511 евра по глава се пред Французите.
Фотографија: imago images/TT/J. Nilsson
Холандија - високо економско постигање, богати граѓани
Холандија припаѓа на т.н. „штедлива четворка“, група земји која одбива трансфер на финансиски средства во висина од повеќе милијарди евра без реформски предуслови на земји погодени од корона-кризата како Италија. Со бруто домашен производ од 46.800 евра по жител (2019), Холанѓаните се во врвот во ЕУ, тие предничат и при нето финансискиот капитал со преку 60.000 евра по глава (2018).
Фотографија: picture-alliance/robertharding/F. Hall
Германија: Богата држава со не толку богати граѓани
Досега Германија успешно се носеше со пандемијата. Но, економските трошоци се гигантски, извозот доживеа пад, бројни фирми се борат против банкрот. Како водечка економија во ЕУ, земјата има бруто просечен домашен производ од 41.340 евра по жител (2019). Меѓутоа, Германците во 2018 година просечно располагале со нето финансиски капитал од само 18.000 евра, додека во Италија тој е двојно поголем.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
9 фотографии1 | 9
Само 19 од 27 членки на ЕУ се дел од еврозоната. И додека предвидениот пад на економијата на монетарната унија во вториот квартал од 2020 изнесува 12,1 процент, за целата ЕУ тој е незначително помал, односно 11,9 насто.
Со оглед на тоа дека случаите на Ковид-19 на континентот се повторно во пораст, се множат стравувањата од втор бран на рестрикции и карантини. Но дури и без тоа, влијанието на пандемијата врз економијата веројатно ќе се чувствува уште долго.