1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Западна Европа го надмина најлошото?

ЕМФ / дв
22 април 2020

СЗО смета дека состојбата во Европа со коронавирусот е стабилна. На некои места гледа дури и тренд на подобрување. Но, со оглед на попуштањето на рестрикциите, шефот на СЗО, Тедрос, предупредува да се биде внимателен.

Tedros Adhanom Ghebreyesus Direktor WHO
Фотографија: Getty Images/AFP

Западна Европа можеби веќе го има оставено зад себе најлошиот период во ширењето на коронавирусот, проценува Светската здравствена организација (СЗО). „Кај епидемиите во Западна Европа гледаме стабилност или тренд на подобрување“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус во Женева. Меѓутоа, според него, треба да се биде внимателен при укинувањето на мерките за ограничување на движењето, кои успешно го забавија ширењето на вирусот.

Рано откривање на инфекциите

Епидемиите би можеле лесно повторно да избувнат. Затоа новите инфекции би морале да бидат рано откривани, инфицираните лица да бидат изолирани, а луѓето со кои тие биле во контакт да бидат ставени во карантин, предупредува СЗО. Во Германија и други земји во Европа во претходните денови беа олабавени дел од мерките преземени за спречување на ширењето на пандемијата.

Повеќе:

Германија: Носење маски - обврска во сите покраини

Германија: Почнува тестирање на вакцина против Ковид-19

Мисури ја тужи Кина за ширење на коронавирусот

Што се однесува до состојбата во источна Европа, централна и јужна Америка, Тедрос смета дека таа е загрижувачка. „Повеќето земји се и натаму во раниот стадиум на епидемијата.“ Три четвртини до земјите имаат планови за справување со заразата, но само помалку од половината од нив имаат планови како да се спречат нови инфекции, правила за хигиена и информативни кампањи. Во дел од земјите кои беа рано погодени од вирусот, сега тој повторно се шири.

„Нема дилема, пред нас е долг пат. Со вирусот ќе се занимаваме уште долго време“, прогнозира Тедрос. Според податоци на СЗО, од Ковид-19 во светот заболеле 2,5 милиони луѓе. Од нив околу 160.000 се починати.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми