Коронавирусот во САД: Навала во продавниците за оружје
Јулија Манке
11 април 2020
Додека Европејците поради пандемијата дома складираат конзерви, тоалетна хартија и тестенини, Американците на кризата реагираат поинаку: со навала на продавниците за оружје.
Реклама
Во продавницата „Greta's Guns“ повторно одговара телефонска секретарка: „Поради голем број повици не можеме да се јавиме во моментов“. Во продавницата во местото Сими Валез во Калифорнија, во која се продава оружје, очигледно има работа преку глава. „И натаму на сила е нашето работно време. Најдобро ќе стапите со нас во контакт преку електронска пошта или преку Фејсбук Месинџер.“ И тоа е така во деновите во кои поголемиот број продавници ги затворија одамна вратите?
Алекс Вилануева, шериф во округот Лос Анџелес, всушност во средината на март објави дека мора да се затворат сите продавници кои не извршуваат функција за основни потреби на населението. Тогаш завладеа голема возбуда меѓу сопствениците на оружје и оние кои имаа намера да купат. И десетина дена подоцна Вилануева повторно се јави и им ја упати на граѓаните новата порака од американската влада: увозот, производството и продажбата на оружје се составен дел од основните потреби на населението, стоеше во соопштението.
Од избувнувањето на Ковид-19, во САД полиците во продавниците се празни, впрочем како и во другите земји во светот. Тоалетната хартија е барана (и ја нема) стока, тестените и оризот во многу продавници се распродадени. Стравот од неизвесната иднина сепак не ги натера Американците во големи количества да складираат дома само намирници и потреби за домаќинството, туку и оружје. И тоа е сега барано.
Нови лица во продавниците на оружје
„Во последно време имав многу нови муштерии“, вели Џош Лаури. Тој е сопственик на продавница за оружје во Тигард, место кое се наоѓа јужно од (главно либералниот) Портланд во Орегон, на западниот американски брег. „Нашите муштерии се грижат за сопствената безбедност“, нагласува Лаури. „Се плашат дека полицијата ќе има премногу друга работа и се чувствуваат принудени да ја земат работата во свои раце.“ Корона-кризата и на тој начин открива колку е голема недовербата во државата.
На неговата интернет продавница поголемиот број од оружјето е веќе распродадено, последната објава на Фејсбук е всушност најава дека работното време ќе биде скратено. „Не можеме во ова лудило да ги исполниме сите желби на купувачите, и сега мораме да се погрижиме повторно да ги пополниме нашите залихи и да ги обработиме барањата. Под „барања“ се мисли, меѓу останатото, на проверките врз основа на кои се донесува одлука дали некој смее да купи оружје или не смее. Притоа, личните податоци на потенцијалните купувачи се споредуваат со податоците од една база на податоци во која се регистрирани престапите на граѓаните и други лични информации.
Алтернативни поздрави во време на пандемија
За да го намалат ризикот од заразување со новиот коронавирус, луѓето ширум светот ги менуваат навиките за поздравување. Можеби ќе ве инспирира некоја од овие културни навики.
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas
Ракување
Тоа е еден од најраспространетите поздрави во светото. Ќе излезе ли сега ракувањето од мода? Здравствените експерти препорачуваат да се избегнува за да се намали ризикот од зараза. Германскиот министер за внатрешни работи ја зема таа препорака сериозно па одби да се ракува со канцеларката Ангела Меркел. Двајцата потоа слатко се изнасмеаја.
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas
Двоен бакнеж во образ
Француската влада ги советува своите граѓани да го избегнуваат традиционалниот бакнеж на двата образа. Но францускиот претседател Емануел Макрон во знак на поддршка го бакна италијанскиот премиер Џузепе Конте во Неапол неделава, давајќи до знаење дека не се плаши од коронавирусот.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/P. Manzo
Да пукне!
Тоа е гест кој беше популаризиран во бејзболот и кошарката во САД. Преку него се пренесуваат околу 50% помалку бактерии одошто со ракување, но сепак, тоа не го прави целосно безбеден.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R. Drew
Судир на тупаници
Најчесто користен во спортот, овој поздрав го популаризираше и поранешниот претседател на САД, Барак Обама, на сликата со шведската климатска активистка Грета Тунберг. Освен „кул“ факторот, тупаницата пренесува далеку помалку бактерии одошто ракувањето- над 90%.
Фотографија: picture-alliance/dpa/The Obama Foundation
Прегратки
Прегратката е уште еден начи на ширење микроби, но истражувањата покажуваат дека прегратката на саканиот може и да го зајакне имунолошкиот систем, а во некои случаи- и да ги подобри дипломатските односи. Прегратката меѓу претседателите на Јужна и Северна Кореја Мун Џае Ин и Ким Џонг Ун во 2018 предзивика различни реакции на двете страни на границата. Дотогаш тие само се ракуваа.
Фотографија: Reuters
Тапкање по рамо
Австралиските власти на своите граѓани им го препорачуваат токму овој гест: „Време е Австралијанците засега само да се тапкаат по рамо- без ракување“, изјави еден министер. Иако со овој поздрав речиси и не се пренесуваат бактерии, сепак во некои култури тоа може да се смета и за навреда.
Фотографија: Colourbox
Мавтање
Кралицата Елизабета и принцот Филип често им мавтаат на своите поданици од балконот на Бакингемската палата. Гестот потекнува од традицијата од 18-век кога витезите се поздравувале со вадење шлемовите за да го откријат својот идентитет и да покажат дека доаѓаат во мир. Мавтањето е исто така и навредливо во некои земји.
Фотографија: Reuters/K. Doherty
Тупаница и дланка
Во Кина, каде започна појавата на Ковид-19, традиционалниот „гонг-шу“ поздрав се препорачува во актуелниот момент. Поздравот на фотографијата го демонстрира кинеската актерка Мија Мучи.
Мал наклон со дланките споени една до друга во позиција како за молитва. Таи ваи поздравот е раширен во бројни земји на југоистокот на Азија- а уште е познат и како индиски „намасте“ или бурмански „мингалар пар“.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Press/J. Kurtz
Јапонски наклон
Исто така безбеден, традиционалниот јапонски поздрав се уште се практикува во секојдневието. Учењето на елегантниот наклон е важен дел од општествениот статус. На фотографијата, вработени во еден трговски центар во Токио го вежбаат поздравот пред почетокот на новогодишната распродажба.
Фотографија: picture-alliance/dpa/MAXPPP/Kyodo
„Ногување“
Едно вирално видео од Кина неодамна ни покажа и нов начин на поздравување: „ногување“ или "footshake", кое некои го нарекуваат и „Вуханско ракување“. Триењето на валканите чевли, сепак е посигурно од ракувањето.
Фотографија: DW/S. Bartlick
Насмевка
Веројатно најлесниот начин да поздравите некого без да ризикувате размена на бактерии или да го навредите е да го погледнете во очи, да се насмевнете и да кажете здраво.
Фотографија: picture-alliance/PhotoAlto/E. Audras
12 фотографии1 | 12
ФБИ деновиве регистрира рекорден број на такви проверки. Во февруари 2020 година имаше малку над 2,8 милиони, минатата година во просек беа малку повеќе од 2,36 милиони месечно. Долгите редици кои можеа да се видат на крајот на март во бројни американски сојузни држави беа резултат на фактот што одеднаш почнаа да доаѓаат повеќе купувачи од обично, но и поради фактот оти само одреден број луѓе можат истовремено да влезат во продавница. Во некои населби границата е 10 лица, во Орегон во моментов само 6.
Недоверба во полицијата
Дру Вудс живее во Луизијана. За време на неговото детство огненото оружје било составен дел од семејниот живот, и денес носи оружје со себе. Вудс така се чувствува посигурен. Но, не го покажува своето оружје во јавност, бидејќи му пречат реакциите од другите луѓе. „Некои веднаш мислат дека ќе ги ограбам.“
Во разговорот за ДВ тој споменува и загриженост дека поради корона-кризата полицијата би можела да има проблеми да ја извршува својата работа. Тој на интернет забележал едно соопштение на полициската станица во Синсинати, Охајо. И тоа го загрижува. Полицијата соопштила дека и нејзините службеници мораат да внимаваат да се држат на растојание и оти во иднина не можат лично да доаѓаат на места на кои ќе се случи некое казниво дело.
Одбрана на сопственото семејство
Денис Вилијамс живее во сојузната држава Њујорк. Тој е близок на Демократската партија по голем број политички прашања, но исто така решил да купи пиштол пред речиси една година. По многу размислување, овој 51-годишен семеен човек се определил за Валтер ППК /С .380, пиштол кој потекнува од Германија и често се користи во одбрана.
„Кога слушнав за епидемијата, купив релативно многу муниција. Тоа не беше директна реакција на ширењето на коронавирусот, но беше реакција на фактот дека во вакви ситуации многу бргу доаѓа до недостатоци на муниција и потоа полиците во продавницата се празни подолго време“. Тоа е своевидна синџирна реакција: многу луѓе истовремено претпоставуваат дека ќе дојде до недостаток и потоа обидуваат да се снабдат пред да биде предоцна. Слично е и со тоалетна хартија.
И Пол Брошир сакал да се осигура. Имал доволно оружје и муниција, но решил да „препише“ некои од тие парчиња на други членови на семејството. „За секој случај“, вели тој за ДВ. „За и тие да се соодветно подготвени“, истакнува, додавајќи дека би бил најсреќен кога не би морал да ги користи пиштолите.
Каде сѐ демне коронавирусот?
Коронавирус насекаде! Можеби дури и на пиперките, билетот за возење, сопственото домашно милениче. Што воопшто смеам да допирам? Ова вознемирувачко прашање си го поставуваат многумина. Еве неколку смирувачки одговори:
Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.
Затоа, треба да се биде претпазлив и кога се руча во кантината на работното место - доколку таа одамна не е веќе затворена. Коронавирусите во основа можат преку кивање или кашлање на инфицирано лице да завршат на приборот за јадење или чиниите. Германскиот институт за проценка на ризици (БфР) меѓутоа пишува дека „досега не се познати инфекции со SARS-CoV-2 кои се појавиле со ваков начин на пренос“
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Страв од увозна стока?
Дали родителите мора да се плашат од инфекција преку играчки од увоз? Не, велат од БфР. Досега нема случаи на инфицирани лица за кои е докажано дека се заразиле преку увезени играчки или друга стока. Експертите сметаат дека вирусите немаат голема стабилност при промена на животната средина. Предизвикувачот на болеста е опасен повеќе денови пред сѐ во услови на студ и голема влажност на воздухот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Пакети полни вируси
Коронавирусите кои го напаѓаат човекот не се особено стабилни на суви површини. Со оглед на тоа што стабилноста на вирусите надвор од човечкиот организам зависи од могу фактори, како темпертурата и влажноста на воздухот, БфР ја смета инфекцијата по пошта за „главно неверојатна“. Сепак, институтот признава дека сѐ уште не располага со точни податоци за SARS-CoV-2.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker
Вирусен пинг-понг со домашното милениче?
Дали моето куче може да ме зарази мене или јас да го заразам него? Ризикот домашните миленичиња да се заразат од коронавирус е оценет како низок од страна на експертите. Но, тој не може сосема да се исклучи. Самите животни не покажуваат симптоми, значи не заболуваат. Но, доколку се инфицирани тие може преку својот здив, плунка, повраќање, урина да го пренесуваат вирусот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Tarantino
Опасен зеленчук?
Пренесување на SARS-CoV-2 преку контаминирани прехранбени продукти, според БфР, не е веројатно. Досега нема докажани случаи на инфицирање на ваков начин. Темелно миење на рацете пред подготовка на оброкот, и во времиња пред и по коронавирусот, е нешто што се подразбира. Со оглед на тоа што вирусите се чувствителни на топлина, загревањето на намирниците натамошно го намалува ризикот од инфекција.
Досега познатите САРС и МЕРС коронавируси не сакаат топлина, но се прилично отпорни на студ. Тие може да останат опасни дури две години на температури од минус 20 степени Целзиусови. БфР меѓутоа смирува: досега нема укажувања за ланец на инфекции со SARS-CoV-2 преку конзумирање храна, вклучително и замрзнати продукти.
Избувнувањето на КОВИД-19 има и едно добро: Кина забрани храна од диви животни. Сѐ укажува на тоа дека новиот коронавирус врз човекот е пренесен од лилјаци. Лилјаците за тоа не се виновни, зашто веројатно завршиле во супа против своја волја. Но, борбата против SARS-CoV-2 ќе трае многу подолго и ќе биде потешка од ослободувањето од храна од диви животни.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/H. Huan
8 фотографии1 | 8
Патем, Брошир со секој негов „вооружен подарок“ приложи и писмо, во кое ги обврзува своите роднини оружјето да остане во сопственост на семејството и да смее да се пренесува само од генерација на генерација - односно, оружјето никогаш да не смее да се продава на други луѓе.