1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус и во Кавадарци, бројката достигна 76 лица

БГ
21 март 2020

Со шест нови заразени од Ковид-19 регистрирани вечерва, вкупниот број на пациенти во Северна Македонија се искачи на 76 лица. Вирусот евидентиран и кај две лица во Кавадарци.

Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Кавадарци од вечерва е нова точка на мапата на која се регистрирани заразени од новиот коронавирус Ковид-19 во Северна Македонија, а вкупниот број се искачи на 76 лица. Вечерва се дијагностицирани шест нови пациенти позитивни на коронавирус. Два случаи се сопружници од Кавадарци, а од тој град се тестира и уште едно лице. Заразата досега е регистрирана и во Скопје, Дебар, Гостивар, Охрид и Штип.

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево информираше дека како резултат на порастот на бројот на заболени ќе се обединат капацитетите на државната лаборатија во Институтот за јавно здравје и лабораторијата на Клиниката „Жан Митрев“, а контрола ќе може да се врши и во скопските поликлиники Чаир и Јане Сандански.

Во земјата досега не се регистрирани автохтони случаи на болеста, односно сите пациенти се заразиле од претходно откриени случаи. Таков е и последниот пример на една пациентка која патувала во Србија, како и новиот пациент од Штип кој е роднина на четиригодишното заразено девојче кое се вратило од Англија.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска информираше дека еден вработен во МВР исто така има коронавирус.
Сите, освен една пациентка, се во добра состојба. Пациентката која од претходно беше ставена на механичка вентилација во меѓувреме е во критична состојба. Голем дел од пациентите се на домашно лекување, а капацитетот на Инфективната клиника досега е искористен со 20 проценти, информира Филипче.
Вкупно во земјата досега се направени 888 тестови (без последните тестирани вечерва), на располагање се уште 1.400 тестови, а се очекува да пристигнат уште две илјади.

Од сабота (21.03.), во патролирањето во урбаните средини и во обезбедувањето на границата ќе помага и Армијата.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми