Делови од Европа повторно влегуваат во „локдаун“ поради пандемијата и многу луѓе се прашуваат: Зошто некои места се затвораат, а на други им е дозволено да останат отворени? ДВ нуди преглед на досега познатите факти.
Реклама
Во Германија врие: рестораните стравуваат за својата егзистенција, индустријата за организирање настани смета дека нeјзиниот бизнис е пред умирање, уметниците и културните работници се ужасени, во спортот се зборува за „катастрофа“, а германските средни претпријатија предупредуваат од „смртоносен удар“ за десетици илјади компании .
Според истражувањето на магазинот „Шпигел“, повеќе од 62 проценти од Германците сметаат дека новиот „локдаун“, кој стартува од 2 ноември е неопходен. Но, многу општествени сегменти не гледаат ваква неопходност во својата област. Ова исто така има врска со понекогаш контрадикторните изјави и информации во изминатите неколку недели за главните места на заразување со коронавирусот во Германија . Нашата проверка на фактите појаснува што знаеме, а што не за местата на инфекција со коронавирусот.
Каде се заразуваат луѓето во Германија?
Повеќето луѓе во Германија моментално најмногу се заразуваат преку приватни контакти. Сопственото домаќинство е најчестото место на инфекција (заклучно со 27 октомври), велат податоците на институтот „Роберт Кох“ (РКИ). Подеднакво чести локации на заразување се домовите за пензионери и за стари лица, по што следува работното место.
Стапката на инфекција е значително помала кај активностите во слободното време на граѓаните, кое сега силно е погодено од новите „локдаун“- мерки на сојузната и на покраинските влади во Германија. Бројот на инфекции во медицинските установи, на пример во болниците, или во лекарски ординации, се споредливо помали, но од неодамна значително се зголемија. Слично е и во училиштата, во градинките или во домовите за бегалци. Во рестораните, баровите и хотелите се случува само мал дел од инфекциите во Германија, но тие се едни од најтешко погодените од новите мерки.
Коронавирус: Кога маката ќе те направи инвентивен
И во иднина ќе треба да живееме со пандемијата на коронавирус. Но, добро е што во меѓувреме има толку многу идеи кои ни го олеснуваат секојдневието со вирусот - иако на некои треба допрва да се навикнуваме.
Фотографија: JF Group GmbH
Добар апетит на вечера во стакленик
Конечно може да се отиде некаде на вечера: рестораните се повторно отворени по повеќе недели пауза. Во Културниот центар Медиаматик во Амстердам гостите можат да јадат во мали „оранжерии“, стаклени куќички, добро заштитени од ветар, временски прилики и коронавирусот кој евентуално може да им го пренесат други посетители. Концептот има добар прием, до крајот на јуни се резервирани сите маси.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Dejong
Во ресторан со стаклена преграда на масите
Во многу ресторани пак на масите се поставува стаклена преграда, како оваа во „Гага кафе“ во Милано. Гостите при јадењето се заштитени од останатите со вграден плексиглас и од поторот меѓу масите, заради намалување на опасноста од инфекција. Заштитна маска сепак е обврска, барем додека не се јаде.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Furlan
Фризерски салони со заштита
Посебни правила во време на пандемијата на коронавирус важат и во фризерските салони. Заштитни маски за уста за фризерите и муштериите, и овде мијалниците се одделени со стаклена преграда. Нема веќе кафе додека се чека во салонот, долго задржување е табу. На муштериите ионака им е важно само повторно да имаат добра фризура.
Фотографија: Imago Images/J. Tack
Судбоносното „да“ пред гостите во автомобили
Кој вели дека свадбите во време на корона мора да бидат без гости? Во едно автокино во Диселдорф младенците склопија брак додека гостите ја следеа церемонијата ѕиркајќи преку шофершајбните од нивните автомобили. На крајот на венчавката следеше бучно свирење со автомобилските сирени. Ова беше прва германска свадба во автокино.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Strauch
„Црни острови“ во канцеларијата
Вака би можело да изгледа бирото на иднината: црни обележани простори на подот покажуваат колку можете да им се приближите на колегите, без да го прекршите правилото за дистанца од два метри. Преградите од плексиглас зад мониторите даваат дополнителна заштита. Но, за оваа визија на „футуристичката канцеларија“ од една филијала во Амстердам е потребно пред сё едно - многу простор.
Фотографија: Reuters/Cushman/Wakefield
Ред при чекањето
Не само во затворен простор, туку луѓето и надвор во идните месеци мора да држат меѓусебно растојание. На станица на метрото во францускиот град Ница стапалките во кругови покажуваат каде смеат да стојат патниците кои чекаат. Слични примери има низ цел свет. Но, и на ваков начин не може да се спречи турканица при влегувањето.
Фотографија: Reuters/E. Gaillard
Едносмерно движење
И во трговските улици во Данска луѓето треба да се движат по определени правила. Исто како и во автомобилскиот сообраќај, во Аалбог важи и за пешаците - секогаш движи се на десната страна. Целта е така да се избегнат премногу блиски средби. Дали тоа навистина функционира, барем на прв поглед, според оваа фотографија, е сомнително.
Фотографија: Reuters/H. Bagger
Живот во шише
Во густо населениот Хонгконг, некои луѓе со пресечено пластично шише не само што се погрижуваат за држење физичка дистанца, туку обезбедуваат и целосна заштита на лицето од евентуални капки кои содржат вирус. Мора да се признае, не изгледа баш удобно, но барем е евтин пронајдок.
Фотографија: AFP/A. Wallace
Направа за отворање врата
Држење физичко растојание е едно, избегнување инфекција преку површини е друго. Многу луѓе при влегувањето во лекарски ординации или јавни тоалети затоа ја отвораат вратата со лакт, но постои и нешто подобро. Овој „отворач на врати“ го решава проблемот, барем така тврди производителот.
Фотографија: JF Group GmbH
9 фотографии1 | 9
Ризикот од заразување во јавниот превоз е уште помал. Сепак, ова може да се должи и на големиот пад на бројот на патници во автобусите, трамваите и во возовите за време на пандемијата. Поголем дел од инфекциите се јавуваат на места кои институтот „Роберт Кох“ не ги дефинира попопрецизно и ги сумира под „Други локациии“.
Дали местата на инфекција се исти како и при првиот корона-бран?
Не, постојат забележителни разлики. Во екот на првиот бран на пандемијата на Ковид-19 во Германија, во домовите за стари лица имаше повеќе инфекции отколку во приватните домаќинства. Медицинскиот сектор, особено во болниците, како и во домовите за бегалци, имаше многу почесто инфекции отколку сега. Училиштата и градинките не играа никаква улога во пандемијата во пролетта, што е логично - за разлика од сега, тие беа затворени во целата земја. Забележливо е дека работното место пролетоска играше подредена улога, но сега таму има повеќе случаи.
Држење дистанца- креативно!
Многу експерти нагласуваат дека и по доаѓањето на вакцината најважните заштитни мерки против коронавирусот- маските и физичката дистанца- уште некое време ќе бидат секојдневие. Но, тие можат да се следат и покреативно.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
Љубов на далечината
Да се оствари пријатно познанство или да се флертува со убава девојка или убаво момче седејќи на клупа? Зошто да не! Само не заборавајте да држите дистанца. Оваа клупа укажува дури и колкава.
Фотографија: picture-alliance/ANP/B. Grösse
Мечиња на маса
Во моментов, во многу ресторани во Германија, на секоја втора маса има натпис „Ве молам, не седнувајте“. Сопственикот на ресторанот „Beef'n Beer“ во Хофхајм на Таунус го решил овој проблемот духовито: на секоја маса на која не треба да се седи ставил плишни мечиња.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Dedert
Во друштво на кралицата
Ресторанот „Клостервирт“ во центарот на Минхен избра друга опција. Од 25 мај тука можете да вечерате со британската кралица и со други светски познати личности. Големи фотографии од нив „седат“ на масите кои треба да останат празни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel
Максималната шапка на Максима
Шапката со широк обод ќе ви помогне да држите дистанца со стил. Каква што е, на пример, оваа шапка на кралицата на Холандија Максима. Иако е пожелно таа да биде уште поголема.
Фотографија: picture-alliance/Dutch Photo Press/P. van Katwijk
Разреден аудиториум
Драмскиот театар „Берлински Ансанбл“ во германската престолнина се подготвува повторно да ја пречека публиката. Но, сè уште не во целост. За идните настапи одлучија значително да ги „разредат“ редовите со места за гледачите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen
Во својот круг
За да не се преполнат одморалиштата во парковите и тревниците, властите во германскиот градХајделберг решија да исцртаат кругови на тревата со креда. Ем безбедно, ем сите спокојни.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Anspach
Куче со елизабетанска јака
И сопственикот носи маска, и кучето е заштитено со јака, која им е позната на многу љубители на кучиња и пред пандемијата на коронавирусот. Се нарекува ветеринарна или елизабетанска јака или конус. И сопственикот може да носи нешто слично (ако сака!).
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/A. Widak
Плисирани здолништа
Овие меки здолништа (добро, можеби малку потесни) се носеа во ерата на англиската кралица Елизабета I. Со нив, растојанието е загарантирано!
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Marchi
Држете го клунот на растојание
Ова е маска од познатиот карневал во Келн. Слични се носеле уште во Средниот век. Но, тогаш се верувало оти со нив се заштитувале од чума. Сега - од коронавирусот.
Фотографија: picture-alliance/Geisler-Fotopress
9 фотографии1 | 9
Наглото зголемување на инфекциите на работното место во јуни главно се должеше на кластери во кланици и на фарми со сезонски работници. Стапката на инфекции во Германија е променета во споредба со првиот бран на пандемијата. Делумно може да се објасни поради тоа што имаше поинакви мерки од страна на властите, овие мерки ќе станат појасни само кога ќе има повеќе податоци за тековниот пораст на бројот на инфекции во Германија.
Училиштата и градинките остануваат отворени - дали е тоа оправдано?
Владите во Германија и во Франција одлучија да ги држат училиштата и градинките отворени, и покрај сеопфатните затворања во јавниот живот. Ова, меѓу другото, е образложено со посебната важност на образованието за општеството.
Ако се гледаат само чистите бројки, одлуката изгледа разбирлива. Дури и ако училиштата и градинките играат одредена улога во процесот на инфекција, таа е релативно мала. Според податоците на РКИ, само малку жаришта на коронавирусот биле забележани во образовните институции.
Корона: Училишна настава со пречки
Во многу земји повторно расте бројот на новозаразени со коронавирус. Тоа во светски рамки ги става и училиштата пред големи предизвици. Како различни земји се справуваат со проблемот?
Фотографија: Getty Images/L. DeCicca
Тајланд: Настава зад пластична преграда
Околу 250 ученици од училиштето „Ват Клонг Тој“ во Банкок мораат за време на часовите да седат зад пластични прегради. Покрај тоа мора да носат и заштитна маска. Пред секоја училница се наоѓа мијалник и сапун, апарати за мерење температура се поставени на училишниот влез. Строгите мерки покажуваат резултати: од средината на јули во училиштето нема нови инфекции.
Фотографија: Getty Images/L. DeCicca
Германија: Почеток на учебната година со заштитни маски
Учениците во Основното училиште „Петри“ во Дортмунд се пример за начинот на кој со пандемијата се справува најбројната германска сојузна покраина-Северна Рајна Вестфалија. Во сите училишта важи обврска за носење маска. За разлика од останатите 15 покраини, тука маска мора да се носи и за време на часовите. Какви ќе бидат последиците, не може да се процени, учебната година започна на 12. август.
Фотографија: Getty Images/AFP/I. Fassbender
Палестина: Училиштата конечно отворени
И во ова училиште во Хеброн во Западниот Брег, околу 30 километри јужно од Ерусалим, повторно почна настава. Исто така со обврска за маски, а во некои случаи и гумени ракавици. Радоста на наставничката поради почетокот на учењето е забележлива, без оглед на маската. Училиштата во Западниот Брег беа затворени од март. Хеброн се сметаше за епицентар на заразата со коронавирус.
Фотографија: Getty Images/AFP/H. Bader
Индија: Настава преку разглас
Посебна понуда во ова училиште во селото Дандвал во западната индиска држава Махараштра: на учениците кои немаат пристап кон интернет, им се нуди еден вид дополнителна настава за да го надокнадат пропуштеното. Учениците часовите ги одржуваат на отворено, наставниците им се обраќаат преку разглас, со претходни снимки. Оваа индиска држава беше посебно силно погодена од заразата со коронавирус.
Фотографија: Reuters/P. Waydande
Конго: Без измерена температура, нема училиште
Надлежните во престижниот кварт Лингвала во главниот град на државата, Киншаса, сериозно ги сфаќаат мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирус. На секој ученик кој ќе стапне во училишниот двор на училиштето „Отец Ким“, прво му се мери телесната температура. Постои обврска за носење маска.
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Mpiana
САД: Рекорден број регистрирани со коронавирус
И во САД мерењето телесна температура спаѓа во секојдневниот ритуал на учениците како една од мерките за сузбивање на коронавирусот. Земјата е тешко погодена од корона-кризата, има најголем број починати како последица на Ковид-19.
Фотографија: picture-alliance/Newscom/P. C. James
Бразил: Прегратка за намалување на маките
Маура Силва е наставничка во училиште во западниот дел од Рио де Жанеиро, кон кое гравитираат најголемите сламови на милионската метропола. За барем малку да ја намали болката на своите штитеници, таа развила еден вид „престилка за прегрнување“. Овде е во домашна посета на еден свој ученик и му помага да навлече пластични ракавици пред да може да го прегрне.
Фотографија: Reuters/P. Olivares
7 фотографии1 | 7
А таков е случајот и во други земји: во Ирска училиштата се одговорни за појава на коронавирус во нешто помалку од 7 проценти од случаите, во Шпанија пак 6 проценти. Ова исто така се должи на фактот дека младите луѓе се помалку погодени од вирусот отколку постарите лица: во август уделот на луѓе до 18 години меѓу заразените во Европа изнесуваше пет проценти.
Колкаво е значењето на податоците за попрецизна анализа?
За жал, податоците на РКИ во овој момент се со ограничено значење за попрецизни заклучоци за локациите на заразување. Статистиката на институтот ги бележи само таканаречените жаришта на заразување, односно документирани случаи на две или повеќе инфекции. А, освен тоа, РКИ признава: „Само околу една четвртина од вкупно пријавените случаи со Ковид-19 можат да бидат поврзани со жаришта на заразување“.
На прашањето на ДВ за преостанатите 75 проценти на корона-инфекции во Германија, РКИ одговори: „Ние всушност немаме повеќе податоци“. И Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) не можеше да обезбеди никакви податоци за местата на заразување на барање на ДВ.
Значи, три четвртини од вкупниот број на инфекции во Германија не се документирани во однос на локацијата на заразување. Од една страна, ова се должи на комплексноста на тоа секоја една инфекција да се поврзе со точна локација, бидејќи некои луѓе остануваат без симптоми и по неколку дена пред да ги развијат. Откривањето на изворот на инфекција тогаш е тешко возможно. Од друга страна, оваа нецелосна состојба на податоците ја отежнува и прецизната реакција на пандемијата - и тоа не само во Германија. Сепак, податоците од другите земји покажуваат барем слични трендови. Студиите во Јужна Кореја исто така упатуваат на приватните домаќинства како центар на процесот на инфекција, каде што има „шест пати поголема веројатност за заразување со Сарс-Ков-2 отколку при други блиски контакти“. И едно кинеско истражување проценува дека процентот на инфекции во приватни домаќинства е околу 69 проценти.
Германските туристички атракции во време на корона
Уште одамна низ дворецот Нојшванштајн не се поминува без река туристи. Посетителите се туркаат пред сите знаменитости. Но, во доба на корона, постои ретка прилика доживувањето да се има речиси само за себе.
Баварскиот крал Лудвиг Втори бил самотник и самотијата ја сакал и во своите дворци. Но, по неговата смрт во 1886 година, во неговите резиденции има се повеќе туристи. Најпознатата - дворецот Нојшванштајн, во една сезона го посетуваат и по 6.000 луѓе дневно. А сега ги има само околу илјада на ден.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Puchner
Катедралата во Келн
Обично таа е полна, речиси како и на блиската железничка станица. Но, во време на пандемија на коронавирус, во катедралата смеат да бидат истовремено само 300 лица. Затоа, посебно на викенд, се формираат долги редици на оние кои чекаат. А кога ќе влезат, имаат речиси единствено доживување на огромната катедрала без безбројни посетители.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Gambarin
Дворецот Хајделберг
Романтичниот дворец, делумно во урнатини, кој се наоѓа над реката Некар, инаку го посетуваат околу 4.000 туристи дневно. Сега се преполовени, но управникот на дворецот, Михаел Без не се лути поради намалувањето на бројот продадени влезници: „Сега можете да го доживеет дворецот на посебен начин“.
Импозантната новоградба на филхармонијата над Лаб од која се пружа величествена глетка на цел Хамбург, исто така обично е преполна, а билети се купуваат со недели однапред. Сега е можно скоро да вшетате во неа, но сепак се советува претходно да се купи влезница. Бројот на посетители е строго ограничен.
Фотографија: picture-alliance dpa/C. Charisius
Куполата на Рајхстагот
И во Берлин е тешко да се влезе во зградата на парламентот и да се прошета по стаклената купола од која се пружа поглед на цел град и пленарната сала на германскиот парламент. Сега е уште потешко: доаѓање е можно само со претходн најава и во исклучителни случаи. Инаку куполата е затворена.
Фотографија: picture-alliance/dpa/imageBROKER
Берлинскиот Остров на музеи
Познатата биста на Нефертете минатата година ја виделе 4,2 милиони луѓе. Сега бројот на посетители е строго ограничен и за обиколка имаат на располагање само ограничено време. Ако сега сакате да ја видите бистата, потребно е однапред да резервирате влезница.
Фотографија: picture-alliance/U. Baumgarten
Цветниот остров во Маинау
На Островот на цвеќето во Боденско Езеро нема ограничувања за посетителите, но нив ги има многу помалку од обично. Порано доаѓаа полни автобуси, а во доба на пандемија можете на мир да го погледнете баш секој цвет.
За познатата, срушена па потоа обновена „Фрауенкирхе“ во Дрезден исто така важат строги прописи: во нејзината купола смеат да влезат само 50 лица, а во црквата вкупно 40. На концертите кои се одржуваат таму дозволено е присуство на 350 посетители, инаку ги има 1660. Редовно се бара карта повеќе.
Фотографија: picture-alliance/Arco Images
Ротенбург об дер Таубер
Ова сликовито гратче во Баварија во кое имате впечаток како да сте се вратиле во среден век, инаку има само десетина илјади жители. Но, секоја година доаѓаат во посета 1,9 милиони туристи. Поголемиот дел од нив се од Америка и Азија, но овие денови нив практично ги нема. Тоа сепак не значи дека гратчето е празно, во него сега уживаат домашните германски туристи.