1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Научниците веруваат дека британскиот сој е посмртоносен

БГ /АФП
27 јануари 2021

Тврдењата дека мутацијата на коронавирусот која се шири низ Британија може да биде посмртоносна и со побрза трансмисија ги зголемуваат стравувањата од нејзиното ширење во други земји.

Großbritannien | Coronavirus | steigende Infektionszahlen
Фотографија: Phil Noble/REUTERS

Првично, британските експерти тврдеа дека според нивните податоци новиот сој кој циркулира во Британија има меѓу 50 и 70 отсто побрза трансмисија. Но, во петокот, владата во Лондон откри дека новата варијанта може да биде и посмртоносна за 30-40 проценти, иако со задршка дека проценката е направена врз основа на скудни податоци.
На средината на јануари, две одвоени студии на Лондонската школа за хигиена и тропска хигиена и на Кралскиот колеџ во Лондон беа презентирани пред британската советничка група за респираторни вируси (НЕРВТАГ). Во нив беа споредени податоци за лица кои биле тестирани позитивни на вирусот во заедницата- наместо во болница- со податоците за смртност и биле откриена зголемена смртност за околу 30 отсто со новата мутација. И две други студии на Универзитетот Егзетер и Јавното здравје на Англија исто така открија поголема смртност. Врз основа на тие анализи, НЕРВТАГ соопшти дека постои „реална можност“ инфекцијата со новата мутација да е поврзана со зголемен ризик од смртност во однос на претходните варијанти. 

-повеќе на темата: Европа се изолира од Велика Британија поради новата варијанта на коронавирусот

И самиот факт што мутацијата има побрза трансмисија веќе предизвикуваше загриженост, затоа што колку повеќе луѓе се заразат- толку повеќе ќе страдаат од сериозна болест или дури и смрт.
„За жал, делува дека овој вирус е обете“, и позаразен и потенцијално посмртоносен, вели Џон Едмундс, професор во Центарот за математичко моделирање на инфективни болести. „Оттука ова е сериозно влошување“, вели тој. 

Вирално оптоварување

Истражувачите велат дека се уште има непознаници во податоците и дека сликата ќе биде појасна во следните неколку недели. Едмундс, пак, смета дека податоците се „статистички значајни“. Но тој дополнува дека студиите користеле информации за лица кои се тестирале во заедницата, а повеќето кои умираат од Ковид-19 одат директно во болница и се тестираат таму. Истражувачите се уште немаат податоци од болниците.
Од НЕРВТАГ велат дека овој недостаток е можната причина зошто студиите не открија докази за зголемување во бројот на хоспитализации на луѓе со новата варијанта, што е во спротивност со детектираната поголема тежина на болеста. Се верува дека оваа мутација ја зголемува способноста на вирусот посилно да се закачува за човечките клетки. 

Студиите користеле информации за лица кои се тестирале во заедницата, а повеќето кои умираат од Ковид-19 одат директно во болница и се тестираат тамуФотографија: Hannah McKay/REUTERS

-повеќе на темата: Коронавирус: Британската мутација е во С. Македонија веќе цел месец

Шефот на НЕРВТАГ, Питер Хорби, професор по инфективни болести на Универзитетот Оксфорд, вели дека според доказите тоа значи дека е полесно да се заразите.
„Доколку вирусот е во можност побрзо да се шири меѓу клетките и во белите дробови, тоа би ја зголемило стапката на заразност и стапката на воспалување, и таа потоа би можела да се развива побрзо одошто телото може да реагира. Тоа би можело да ги објаснува двете карактеристики на вирусот“, вели тој.
Бјорн Мејер, виролог на францускиот Институт Пастер, вели дека клучот е во виралното оптоварување. „Вирусот можеби не станал посмртоносен сам по себе, туку можеби се развил за да расте повеќе и подобро, што може да предизвика поголема штета кај пациентите“, вели тој.
Сепак, Хорби е убеден дека досегашните третмани за најтешките пациенти против коронавирусот, како оној со стероидот дексаметазон, ќе функционираат и против новиот сој. Анти-инфламаторите како дексаметазон „ќе функционираат исто добро затоа што тие не се поврзани со вирусот, туку со одговорот на пациентот“, вели тој. Слично и со вакцините- научниците се уверени дека, како што покажуваат и последните студии од Британија и Норвешка-вирусот нема да успее да го преживее нивното дејство.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми