Додека се разлабавуваат мерките, СЗО предупредува дека „коронавирусот можеби никогаш нема да исчезне”. Загриженоста дека можеби ќе има втор, па и трет бран инфекции, е сѐ поголема.
Реклама
Прво се чинеше дека животот уште долго време ќе се одвива зад затворени врати. Можеби дури и до крајот на летниот распуст. Но, потоа се смени времето и вратите се отворија порано од очекуваното. Во Германија, Шпанија, Грција и други места најрестриктивните мерки се укинати.
Дури и во Велика Британија, која во Европа има најголем број инфекции и смртни случаи од Ковид-19, се размислува за „повторно отворање на економијата”, како што повеќе врвни политичари бараа во изминатите денови. Индија ги продолжи мерките на почетокот на месецов за натамошни две недели. Се зголемува загриженоста дека ќе има втор бран инфекции во глобални рамки ако земјите прерано ги укинат мерките. Вториот бран е повеќе или помалку неизбежен. „Вирусот може да се развие во уште еден ендемски вирус во нашите општества”, рече на една прес-конференција Мајк Рајан, директор на Програмата на СЗО за итни здравствени прашања. „Можеби никогаш нема да исчезне.“
Пет совети за подобро физичко и ментално здравје во корона-кризата
Вакцина нема, лек исто така. Експертите, во моментов, не се сигурни ни дека оние кои оздравеле од Ковид-19 се целосно заштитени од нова инфекција. Затоа е препорачливо јакнење на личниот имунитет среде пандемијата.
Фотографија: Fotolia
Здрава исхрана
Докажано е дека здравата исхрана го намалува ризикот од хронични болести како што се проблемите со циркулацијата, дијабетисот или со дебелината. Исто така, со здрава исхрана се намалува и ризикот од депресија и од анксиозност. СЗО потсетува - но тоа важи и без пандемија - дека треба да се остават алкохолот, цигарите и сите останати дроги
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Heinz
Добар сон
Додека спиеме, телото вредно работи: келиите се обновуваат, се отстрануваат отровите, се зацврстува помнењето. Како што покажаа истражувањата, недостатокот на сон влијае не само на физичката состојба, туку и на психичката. Недостатокот на сон нѐ прави поподложни на хронични болести. На поголемот број луѓе им се доволни 6 до 9 часа сон, но важно е да се спие во одреден ритам.
Фотографија: Colourbox
Движење и вежбање
Движењето го исполнува телото со „хормоните на среќа“. Тоа овозможува подобро спиење, ги намалува стресот и стравовите, го зајакнува помнењето. Движење и спорт, па макар и дома - најмалку 30 минути дневно. Тренерите велат дека не важно како ќе ги поделите тие минимални 30 минути - можеби по 10 минути наутро, напладне и навечер? Кога можете излезете на свеж воздух.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. pedersen
Одржување на контактите
Пријателите во овој период на социјална изолација поради коронавирусот се поважни од кога било. Социјалните мрежи се докажано добри за здравјето. Бидејќи излегувањата и собирите сега не се можни, речиси сѐ се одвива на интернет. Но, подобро така отколку никако.
Изолацијата можеби е шанса да се заборави на светот и на надворешните вести. Размислите, што сакате веќе подолго да направите но никако не стигнувате? Нешто во градината, да испробате нов рецепт, да научите да плетете, да прочитате некоја книга која веќе подолго ве гледа обвинувачки од полицата? Сега е идеално време за тоа.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
5 фотографии1 | 5
Германија: Контролиран експеримент?
Кога кон крајот на април стапката на репродукција „Р” на коронавирусот од 1,0 падна на 0,76 германската влада и здравствените власти одлучија повторно делумно да ги отворат училиштата. Тоа важеше за учениците кои наесен имаат важни тестови, или пак од основно треба да се префрлат во друго училиште. Училиштата започнаа со редизајн на училниците и ги поделија игралиштата на безбедносни зони. Целта е да се осигура спроведување на регулативите за дистанца и хигиена. Но пред училиштата и учениците да може повторно да се вратат на настава и да ги тестираат овие ад-хок безбедносни мерки, владата одлучи дополнително да ги олабави мерките: и на помалите деца треба да им се овозможи по еден ден да одат на училиште. И музеите и зоолошките градини ги отвораат вратите под посебни услови. Со ова треба да се осигура дека посетителите ќе го држат пропишаното растојание. Ова веќе функционира на јавните игралишта, кои се повторно отворени од 7 мај, додуша делумно. Минималното растојание од 1,5 метри растојание меѓу децата за кратко време е 1,5 сантиметри.
Значи дали целата работа беше еден контролиран експеримент за да се тестира доброто однесување? Германија е демократија која „се темели на доверба“ рече германската канцеларка Ангела Меркел минатата недела, кога го најави разлабавувањето на мерките.
Во секој случај СЗО повеќе претпочита ако преодот од карантин е „базиран на факти и податоци“ и „чекор по чекор“ за да „се намали ризикот од ново избувнување на епидемијата“.
„Во идеални услови тоа значи меѓу две фази да има најмалку две недели (што соодветствува на времето на инкубација на Ковид-19), што пак е доволно време да сме свесни за ризикот од нови жаришта и за навремено и соодветно да се реагира“, се вели во најновата стратегија за Ковид-19 од 19 април на СЗО.
Во Германија за ова нема ниту збор. Училиштата ја започнаа втората фаза на отворање, четири дена откако започна наставата за повисоките класови - без препорачаниот интервал од две недели.
Германската влада им ја предаде на сојузните покраини одговорноста за олабавување на мерките и последователните активности. Доколку еден регион има регистрирани 50 случаи на 100.000 жители во тек на една недела, тогаш повторно треба да се крене прстот и да се воведат строги рестрикции.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Venance
9 фотографии1 | 9
Нема меѓународен стандард
Сепак, овие 50 случаи на 100.000 жители се само бројки. Се чини дека не постои единствен глобален стандард за тоа што всушност значи втор бран на епидемија или пандемија.
„Втор бран“ не е фиксен научен термин, пишува во мејл до ДВ, портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер. „Терминот се однесува (само) доколку има ново избувнување на заразата кое би следело по првиот бран. Тоа истото би важело и за евентуален ‘трет бран'’’, вели тој.
Дел од научниците во Германија, меѓу кои и епидемиологот Ева Грил од универзитетот „Лудивиг Максимилијан“ во Минхен, како и епидемиологот Рафаел Миколајчик од универзитетот „Мартин Лутер“ во Хале-Витенберг се на мислење дека 50 случаи на 100.000 се премногу. Голема е опасноста дека здравствениот систем не би можел да се справи со толку многу нови инфекции. Едноставно во таков случај може да биде предоцна да се спречи ширење на вирусот.
Доколку дојде до ова, тогаш можеби повторно ќе треба цели градови да се ставаат во карантин. Планираната настава во училниците ќе потоне, исто како и економијата. Тогаш со сите напори ќе се обидеме брзо да ги избегнеме ваквите рестрикции. Доколку опадне бројот на нови инфекции ќе дојде до олабавување. Маѓепсан круг со кој можеби ќе мора да се научиме да живееме.
„Ако болеста опстојува на ниско ниво во земји без доволен капацитет да вршат тестови и да идентифицираат кластери, тогаш постои опасност дека болеста повторно ќе се рашири“, велат од СЗО. Тоа важи особено за места во кои луѓето се движат помасовно: во големите градови, во бегалските кампови и на места на кои нема можност да се одржува социјална и телесна дистанца.
Каде сѐ демне коронавирусот?
Коронавирус насекаде! Можеби дури и на пиперките, билетот за возење, сопственото домашно милениче. Што воопшто смеам да допирам? Ова вознемирувачко прашање си го поставуваат многумина. Еве неколку смирувачки одговори:
Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.
Затоа, треба да се биде претпазлив и кога се руча во кантината на работното место - доколку таа одамна не е веќе затворена. Коронавирусите во основа можат преку кивање или кашлање на инфицирано лице да завршат на приборот за јадење или чиниите. Германскиот институт за проценка на ризици (БфР) меѓутоа пишува дека „досега не се познати инфекции со SARS-CoV-2 кои се појавиле со ваков начин на пренос“
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Страв од увозна стока?
Дали родителите мора да се плашат од инфекција преку играчки од увоз? Не, велат од БфР. Досега нема случаи на инфицирани лица за кои е докажано дека се заразиле преку увезени играчки или друга стока. Експертите сметаат дека вирусите немаат голема стабилност при промена на животната средина. Предизвикувачот на болеста е опасен повеќе денови пред сѐ во услови на студ и голема влажност на воздухот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Пакети полни вируси
Коронавирусите кои го напаѓаат човекот не се особено стабилни на суви површини. Со оглед на тоа што стабилноста на вирусите надвор од човечкиот организам зависи од могу фактори, како темпертурата и влажноста на воздухот, БфР ја смета инфекцијата по пошта за „главно неверојатна“. Сепак, институтот признава дека сѐ уште не располага со точни податоци за SARS-CoV-2.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker
Вирусен пинг-понг со домашното милениче?
Дали моето куче може да ме зарази мене или јас да го заразам него? Ризикот домашните миленичиња да се заразат од коронавирус е оценет како низок од страна на експертите. Но, тој не може сосема да се исклучи. Самите животни не покажуваат симптоми, значи не заболуваат. Но, доколку се инфицирани тие може преку својот здив, плунка, повраќање, урина да го пренесуваат вирусот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Tarantino
Опасен зеленчук?
Пренесување на SARS-CoV-2 преку контаминирани прехранбени продукти, според БфР, не е веројатно. Досега нема докажани случаи на инфицирање на ваков начин. Темелно миење на рацете пред подготовка на оброкот, и во времиња пред и по коронавирусот, е нешто што се подразбира. Со оглед на тоа што вирусите се чувствителни на топлина, загревањето на намирниците натамошно го намалува ризикот од инфекција.
Досега познатите САРС и МЕРС коронавируси не сакаат топлина, но се прилично отпорни на студ. Тие може да останат опасни дури две години на температури од минус 20 степени Целзиусови. БфР меѓутоа смирува: досега нема укажувања за ланец на инфекции со SARS-CoV-2 преку конзумирање храна, вклучително и замрзнати продукти.
Избувнувањето на КОВИД-19 има и едно добро: Кина забрани храна од диви животни. Сѐ укажува на тоа дека новиот коронавирус врз човекот е пренесен од лилјаци. Лилјаците за тоа не се виновни, зашто веројатно завршиле во супа против своја волја. Но, борбата против SARS-CoV-2 ќе трае многу подолго и ќе биде потешка од ослободувањето од храна од диви животни.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/H. Huan
8 фотографии1 | 8
Дојден за да остане
Шпанскиот грип од 1918 дојде во три големи бранови. Пандемијата избувна во март 1918 година и го достигна пикот за време на вториот бран на крајот од истата година. Во меѓувреме, вирусот толку мутираше што последиците во вториот бран беа уште попогубни.
Центрите за контрола на болести и превенција во САД (ЦДЦ) сметаат дека вториот бран на пандемијата на грип бил одговорен за поголемиот дел смртни случаи во САД - земја која се смета за земја на потекло на вирусот. На почетокот на 1919 година се појавува и трет бран, кој трае до средината на годината, кога шпанскиот грип, според ЦДЦ, стивнува. Се проценува дека околу 50 милиони луѓе биле жртви на грипот. Но, вирусот веројато никогаш не исчезнал целосно.
Дел од виролозите сметаат дека вирусот станува послаб со последователни мутации и поради тоа е помалку смртоносен. Тоа, меѓу другото, се должи и на фактот што повеќе луѓе развиле имунитет на него. Вирусот исто така се потпира на жив домаќин кој му е потребен да се размножува и да преживее. Така станува постојан член на нашето општетство.
Според студија објавена во 2006 година, речиси сите случаи на грип А – инфлуенца која ги погодува ластовичките и цицачите – се предизвикани од „наследниците на вирусот од 1918 година“ од шпанскиот грип.
Веќе се најавуваат првите носители на втор бран на новиот коронавирус: Кина и Русија регистрираа нови случаи на заразени, а дури и во Јужна Кореја, која беше пофалена за брзото справување со првиот бран, повторно има луѓе заразени со САРС-КоВ-2.