Мувлосаните домови на работниците во кланицата Тениес
Миодраг Шориќ
23 јуни 2020
Над 1500 инфицирани досега се регистрирани во германската кланица Тениес, жариште на коронавирусот. Условите за живот на работниците, меѓу кои, како што забележува репортерот на ДВ има и македонски државјани, се ужасни.
Реклама
Јаболкото на прозорецот изгледа свежо, на двата расклатени кревети во просторијата сè уште има постелнина: „До неодамна, во куќата живееја околу 13 фабрички работници“, вели Инге Булчшнајдер, која си години се залага за подобрување на условите за работа на претежно бугарските, романските , полските или македонски фабрички работници. 48-годишната жена покажува со прстот кон аглите на собите: виолетово-сива мувла каде и да погледнете. Влезната врата е отворена, но неиздржливо смрди во оваа куќа, зрела за уривање, во Реда-Виденбрик во Северна Рајна-Вестфалија, на околу десет минути возење од центарот на градот. Зад зградата во еден контејнер има стар фрижидер, кој очигледно е сè уште исполнет со месо. „Месо од Тениес, кое мувлосува таму“, вели Булшшниеер и го покрива носот.
Пред неколку години, таа организираше демонстрации пред оваа и други куќи за да го сврти вниманието на јавноста кон условите за живот на фабричките работници од Источна Европа. „Никој не се интересираше за компанијата Тениес, па дури ни градот“, огорчено вели таа. Барем тоа сега се смени: насекаде во Реда-Виденбрик има полицајци, градски инспектори, здравствени власти и војници на Бундесверот. Сите вработени во Тениес а сега и некои добавувачи на месо се тестираат на коронавирусот. Досега се регистрирани над 1.500 позитивни случаи.
Условите во Тенис, со години цел на критики
Инге Булчшнајдер се заинтересирала за фабричките работници откако во 2012 година за време на престојот во болница делела соба со една Бугарка. Таа и раскажала за тешките услови за работа во Тениес за многуте часови прекувремена работа, за мизерните услови за живот на работниците од источна Европа. Булчшнајдер основа граѓанска иницијатива и организираше демонстрации. Но, малку нешта се променија кај Тениес, чии работници од источна Европа, барем официјално, се вработени во суб-претпријатија.
Големата кланица тешко може правно да одговора за делумно нехуманите услови за живот на работниците во фабриката. „Сите знаеја како изгледаат условите за работниците од источна Европа“, вели една минувачка во центарот на градот. „А ако жителите го знаеа ова, тогаш да не зборуваме за одговорните градски службеници, политичарите на регионално и на покраинско ниво, како и одговорните директори во Тениес“.
Други минувачи велат дека таа е во право. Сега се плашат дека опасниот вирус ќе се прошири и на остатокот од населението - дури и ако темпото не би било толку брзо. Имено вирусот можеше да се рашири толку брзо кај вработените во Тениес поради лошите услови за живеење, но веројатно и поради условите за работа во фабриката, каде што работниците стојат близу еден до друг при касапењето на свињите и циркулира разладен воздухот.
Каде сѐ демне коронавирусот?
Коронавирус насекаде! Можеби дури и на пиперките, билетот за возење, сопственото домашно милениче. Што воопшто смеам да допирам? Ова вознемирувачко прашање си го поставуваат многумина. Еве неколку смирувачки одговори:
Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.
Затоа, треба да се биде претпазлив и кога се руча во кантината на работното место - доколку таа одамна не е веќе затворена. Коронавирусите во основа можат преку кивање или кашлање на инфицирано лице да завршат на приборот за јадење или чиниите. Германскиот институт за проценка на ризици (БфР) меѓутоа пишува дека „досега не се познати инфекции со SARS-CoV-2 кои се појавиле со ваков начин на пренос“
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Страв од увозна стока?
Дали родителите мора да се плашат од инфекција преку играчки од увоз? Не, велат од БфР. Досега нема случаи на инфицирани лица за кои е докажано дека се заразиле преку увезени играчки или друга стока. Експертите сметаат дека вирусите немаат голема стабилност при промена на животната средина. Предизвикувачот на болеста е опасен повеќе денови пред сѐ во услови на студ и голема влажност на воздухот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Пакети полни вируси
Коронавирусите кои го напаѓаат човекот не се особено стабилни на суви површини. Со оглед на тоа што стабилноста на вирусите надвор од човечкиот организам зависи од могу фактори, како темпертурата и влажноста на воздухот, БфР ја смета инфекцијата по пошта за „главно неверојатна“. Сепак, институтот признава дека сѐ уште не располага со точни податоци за SARS-CoV-2.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker
Вирусен пинг-понг со домашното милениче?
Дали моето куче може да ме зарази мене или јас да го заразам него? Ризикот домашните миленичиња да се заразат од коронавирус е оценет како низок од страна на експертите. Но, тој не може сосема да се исклучи. Самите животни не покажуваат симптоми, значи не заболуваат. Но, доколку се инфицирани тие може преку својот здив, плунка, повраќање, урина да го пренесуваат вирусот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Tarantino
Опасен зеленчук?
Пренесување на SARS-CoV-2 преку контаминирани прехранбени продукти, според БфР, не е веројатно. Досега нема докажани случаи на инфицирање на ваков начин. Темелно миење на рацете пред подготовка на оброкот, и во времиња пред и по коронавирусот, е нешто што се подразбира. Со оглед на тоа што вирусите се чувствителни на топлина, загревањето на намирниците натамошно го намалува ризикот од инфекција.
Досега познатите САРС и МЕРС коронавируси не сакаат топлина, но се прилично отпорни на студ. Тие може да останат опасни дури две години на температури од минус 20 степени Целзиусови. БфР меѓутоа смирува: досега нема укажувања за ланец на инфекции со SARS-CoV-2 преку конзумирање храна, вклучително и замрзнати продукти.
Избувнувањето на КОВИД-19 има и едно добро: Кина забрани храна од диви животни. Сѐ укажува на тоа дека новиот коронавирус врз човекот е пренесен од лилјаци. Лилјаците за тоа не се виновни, зашто веројатно завршиле во супа против своја волја. Но, борбата против SARS-CoV-2 ќе трае многу подолго и ќе биде потешка од ослободувањето од храна од диви животни.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/H. Huan
8 фотографии1 | 8
Македонски работници во карантин, без контакт со семејствата
„Во Реда-Виденбрик има многу луѓе, подготвени да помогнат, луѓе кои се ангажираа и за време на бегалската криза во 2015 година“, вели Гудрун Бауер, градска советничка од 1999 година. За жал, расте и ксенофобијата. Некои граѓани ја изедначуваат опасноста од коронавирусот со луѓето кои „изгледаат поинаку“, со странските работници во Тениес, истакнува 59-годишната локална политичарка. „Тоа ме загрижува“, вели Бауер.
Работниците во фабриката живеат во многу различни објекти, расштркани во Рада-Виденбрик и многу околни места. Гудрун Бауер укажува на една, само неколку минути пешачење од живописниот градски плоштад со своите кафулиња и ресторани. Во трокатната зграда, двајца мажи седат на балконот, гледајќи во далечината и пушат. Зградата е под карантин, не смеат да излегуваат надвор.
Како да не им дадете шанса на вирусите и бактериите во кујната?
Во време на пандемија на коронавирусот особено важна е хигиената, не само личната. Редовното и правилно миење раце е главната „заповед“ за личната хигиена но постојат и златни правила за хигиена во кујната.
Фотографија: Johanna Schmeller
Слушајте ја мајка ви!
Уште од мали научивме: рацете мора задолжително да се мијат пред јадење. Истото важи и за готвењето. Дури и повнимателно, затоа што кога готвиме, можеме да ја загадиме храната со бактерии, која потоа сите ќе ја јадат. Правилното миење на рацете трае најмалку 30 секунди. Насапунети треба да бидат ноктите како и наборите меѓу прстите.
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
Само еднаш не е доволно
Задолжително мијте ги рацете не само пред да започнете со готвењето, туку и во текот на целиот процес. Особено ако сте допреле сурово месо, риба, јајца или отпадоци. Бидејќи сите тие се носители на бактерии кои не треба да се шират на другите производи. Особено на суровата храна, како што се салатите или доматите.
Фотографија: dapd
Одделно месо, одделно зеленчук
За да се избегне контаминација меѓу различните производи, за животинските производи не треба да се користат исти алатки како за другите производи. Ова е особено важно за ножевите и за даските за сечење. Најдобро е да имате специјална даска и специјален нож само за сурово месо. Инаку, пред да ги користите за сечење на зеленчук, даската и ножот треба да се измијат со детергент и со топла вода.
Бактериите се минијатурни. Она што нам ни изгледа како гребаница е огромна шведска маса за салмонелата. Изгребаните кујнски даски многу тешко се мијат. Значи, ако даската е веќе премногу изгребана - подобро да купите нова.
За нас драскотина, за бактериите - вселена
Фотографија: picture-alliance/L. Halbauer
Менувајте ги почесто!
Кујнските крпи, сунѓери и четки се омилено засолниште за бактериитеи вирусите. Затоа, по секоја употреба, тие треба да се исплакнат со врела вода, а потоа да се исушат. Кујнски сунѓери и крпи не треба да се користат повеќе од неколку дена. Потоа треба да ги замените или да ги ставите во машината за перење на 70 степени.
За крпите истото важи како и за сунѓерите: по употребата тие треба да се исушат и да се заменат најмалку еднаш неделно. Со овие крпи, во никој случај не треба да сушите сурово месо или да ги бришете остатоците од протеини - за оваа намена користете хартиени крпи и потоа веднаш фрлете ги.
Фотографија: picture alliance/chromorange/B. Türk
Во ладно. И во кутии.
На температура под 7 Целзиусови степени, повеќето микроорганизми или не се репродуцираат или го прават тоа многу бавно. Затоа храната која брзо се расипува како месо, риба или јајца треба да се чуваат во најстудениот дел во фрижидерот - обично во кутиите на дното. Многу е важно редовно да се мие внатре фрижидерот, бидејќи во спротивно ќе се појават цели колонии бактерии.
Фотографија: Colourbox
Жешко!
Безбеден начин да се уништат вирусите и бактериите е високата температура. Затоа месото, рибата и јајцата секогаш треба да бидат добро термички обработени. Што значи дека внатрешноста на овие намирници треба да се загрева на најмалку 70 степени и најмалку 2 минути. Салатите, зеленчукот и овошјето кои се јадат свежи мораат да бидат добро измиени. И само тогаш можеме да посакаме: Добар апетит!
Тие доаѓаат од Северна Македонија, не зборуваат германски, само малку англиски. Никој им нема донесено ништо за јадење уште од минатиот петок, велат тие. Тие се жалат и дека не можат да им се јават на своите семејства во татковината. Не им е дозволено да ја напуштат зградата и во нивните простории нема интернет. Гудрун Бауер ја ниша главата во неверување и ветува дека ќе се погрижи за тоа.
За Инге Булчшнајдер, која со години протестира за подобри услови за живот на работниците, ангажманот на политичарките како Гудрун Бауер не е случајност: „Без корона-кризата, многу политичари, компанијата Тениес но и локалните жители тешко дека ќе беа загрижени за судбината за работниците во фабриката “, вели таа. И така, дури и нешто позитивно може да излезе од кризата.