1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Коронавирус: до групен имунитет со многу жртви

БГ/ ДПА
7 јули 2020

Голема медицинска студија во Шпанија открива дека земјата е многу далеку од очекуваниот „имунитет на стадо“ од коронавирусот, и дека социјалната дистанца останува најдобар пристап за справување со пандемијата.

Spanien | Ausgansperre | Ausbruch der Coronavirus-Krankheit (COVID-19) in Lleida
Фотографија: imago images/Agencia EFE/R. Gabriel

Само 5 отсто од преку 61,000 учесници во студијата развиле антитела со кои може да се спречи повторување на болеста, открива истражувањето делумно финансирано од шпанското Министерство за здравство и објавено во журналот Лансет.

Студијата открива и дека една третина од учесниците кои биле заразени од вирусот останале асимптоматски, што според авторите има „важни импликации за јавното здравје“.
„Во моментов, тешко е да се постигне имунитет на стадото без прифаќање на колатерална штета од многу жртви во ризичното население и преоптоварување на здравствените системи“, велат авторите.

„Некои експерти пресметаа дека за постигнување на имунитет е потребен опфат од 60 отсто. Но ние сме многу далеку од таа бројка“, изјави водечката авторка Марина Полан за СиЕнЕн.

Резултатите од студијата ја потенцираат потребата од одржување на социјална дистанца и натамошни напори за идентификација и изолација на новите случаи и нивните контакти. Авторите велат дека е нејасно дали некој кој бил заразен од коронавирусот но не развил антитела може повторно да биде заразен.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми