Како ќе изгледа светот „по короната”? Книга за историјата на шпанскиот грип и германски истражувач на иднината даваат индиции.
Реклама
Првпат од баба ми чув за шпанскиот грип. Нејзината мајка, мојата прабаба, во 1918 се разболела кога баба ми имала 4 години. Преживеала, но како последица ѝ останала тешка срцева болест. И покрај тоа родила уште две деца. До нејзината смрт била врзана за кревет, а баба ми со години се грижела за татко ѝ и помладите деца. Шпанскиот грип го обележал нејзиниот живот исто како и на безброј други луѓе во светот.
Моето семејство било само „начнато“ од пандемијата, затоа сум денес тука. Но, низ светот во трите бранови на грипот од 1918/1919 починале меѓу 50 и 100 милиони лица, проценуваат експертите.
Како шпанскиот грип го промени светот
Споредба на двете болести ни доаѓа природно: тогаш не се знаело што ги убива луѓето (вирусите како предизвикувачи на болеста се откриени дури во 1933). Геномот на новиот Сарс-Ков-2 вирус пак веќе по кратко време беше декодиран, интензивно се истражуваат специфични лекови и вакцини. Медицината денес е многу понапредна од порано. И сепак има некои сличности: како и тогаш и денес една болест го фрли светот во длабока криза. Иако сме на почетокот на пандемијата со корона, што би можеле да научиме од историјата на шпанскиот грип за иднината „по короната”?
Индиции се наоѓаат во книга на британската новинарка за економија, Лора Спини, која е објавена во 2018 година: „1918 - светот во треска. Како шпанскиот грип го промени општеството”. Кога ја читав пред две години, не можев ни да си замислам дека во неа опишаните класични мерки на справување со зараза за толку скоро време ќе ги почувствувам на своја кожа. Забрана за контакти и организирање настани, затворени граници и карантин. Обврска за носење заштитни маски.
Кој е виновен? Стравот шири омраза спрема странци. Пред само неколку месеци сето тоа ми изгледаше нестварно, кога стасаа првите вести за смртни случаи во Кина. Но, уште пред да стаса бранот на инфекции во Европа, вирусот го посеа својот отров: под хаштагот #несумвирус твитаа лица со азијатски изглед како биле расистички нападнати и навредувани. Неделникот „Шпигел” на почетокот на февруари објави контроверзна насловна страница: „Коронавирус: произведено во Кина”. Жолтите букви врз фотографија од човек во црвена заштитна облека будат асоцијации на навредливиот поим „жолта опасност”, кој од 19тиот век постојано се користи за да се шири нетрпение спрема азиските народи, особено Кинезите.
За жал и обратно е истиот случај. Од Кина, која според сопствени податоци брои само неколку случаи на свои заболени, странци сега јавуваат за расистички мотивирани случки, бидејќи ги доживуваат како потенцијални носители на вирусот.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Venance
9 фотографии1 | 9
Шпанска, германска или бразилска болест?
И при ширењето на шпанскиот грип стравовите на луѓето се манифестираа во префрлање вина. На пример и во имињата кои луѓето тогаш ѝ ги давале на болеста. Па така, во Бразил се викала „германски грип”, во Сенегал „бразилски грип” и во Полска „болшевистичка болест”. Особено нефер бил третманот на Шпанците бидејќи „шпанскиот грип” со сигурност не потекнувал од таму, како што докажува Лора Спини (туку со најголема веројатност од САД). Во Шпанија најпрво се пишувало за неа. Бидејќи земјата за време на Првата светска војна била неутрална, весниците во мај 1918 без цензура пишувале за болеста кога се појавила во Мадрид. Иако болеста со недели кружела во рововите на завојуваните страни, ѝ останало името „шпански грип”.
Корoна-криза: Кога „иднината ќе смени правец“
Кризите не само што предизвикуваат страв и незадоволство – тие носат и позитивни импулси и креативни решенија. Футурологот Матијас Хоркс нѐ гледа во историски момент во кој „иднината го менува правецот“. Тој илустрира како би можела да изгледа оваа иднина со умствена игра: ре-гноза. Спротивно на прогнозата тој во иднината гледа со враќање во сегашноста. Тој не само што го препознава очигледниот и дневно забележителен притисок за модернизација преку практична примена на дигитални технологии, како теле или видео конференција, настава преку интернет или дури и работа со мобилни телефони (и овој текст е пишуван во „домашна“ канцеларија.) Туку, исто така и како нашата „човечко-социјална интелигенција“ ќе помогне да се надмине кризата.
Присилната телесна дистанцираност бара нов начин на блискост, смета тој. Точно: со колеги и колешки, но и стари пријатели веќе сега комуницирам преку видеочет или телефонски многу поинтензивно од порано и пред пазарење го прашуваме постариот сосед - секако со безбедносно растојание преку оградата - што да му донесеме. Дали ќе ни остане таквата нова, попријателска навика? Затоа што кризата заеднички „и покрај радикалните ограничувања солидарно и конструктивно” можевме да ја пребродиме, како што Хоркс „регностицира”?
Модернизација и нови поделби на моќ
Ваквите масовни кризи светот може да ги преброди само заеднички, преку тесна меѓународна соработка. По шпанскиот грип ова сознание доведе до основање на Светска здравствена организација на Лигата на нациите – своевиден претходник на СЗО. На многу земји им беше јасно дека и тие се одговори за заштита на јавното здравје, а не само цркви, добротворни организации и приватни здравствени организации како порано.
И „по корона“ здравствените системи низ светот ќе бидат ставени на тест. Покрај тоа искуството од грипот на многу места ги промени општествените и политичките односи на моќ. На пример, во Индија. Не само британските колонијалисти, туку и индискиот народ масовно умираше. Неправедната медицинска нега го зголеми отпорот и Махатма Ганди, кој исто така заболе од грип, во 1919 стана лидер на движењето за независност.
Брутална пукнатина во уметноста во 1920-те години
Видливи се последиците од шпанскиот грип и врз културата и уметноста. Сликарот Егон Шиле остави едно од најстрашните сведоштва: неговата слика „Семејството“ го покажува него, неговата сопруга Едит и заедничкото дете. Едно дете кое никогаш не се роди. Бидејќи бремената Едит почина од грип – како и самиот сликар, три дена подоцна. Тој сликата ја сликаше во меѓувреме. Ваквите трауматски искуства од болеста и војната оставија огромна пукнатина во уметноста во дваесетитте години „исто толку брутална како поделбата на Црвеното Море во Библијата“, како што го формулира Лаура Спини. Уште два примери: дванаесет тонската музика на Арнол Шонберг воведе сосем нов музикален систем, а архитектите се збогуваа со романтичниот стил со орнаментика и се префрлија кон функционалниот Баухаус.
Дури и денес, уметниците интензивно се занимават со темата, а музеите собираат фотографии и реликти за да ја документираат тогашната историска вонредна состојба како сведоштво за новите генерации.
Пандемијата на коронавирус влегува во музеј
Без оглед што последиците на кризата уште не се конечни, коронавирусот уште сега пишува историја. Затоа музеите веќе собираат корона-експонати за своите изложби
Фотографија: Corona-Kris
Нова порака за светот
„Остани дома“, гласи пораката на овој знак, а таа во меѓувреме е универзална за цел свет. За идните генерации да можат да се потсетат на посебните услови за време на пандемијата на коронавирус, насекаде мали и големи музеи упатија повик до граѓаните да сочуваат вакви објекти и да им ги предадат. На таков начин Фихтелгебирг музејот во Вунзидел стигна до овој експонат.
Фотографија: Fichtelgebirgsmuseum
Корона-отпад
Насекаде низ градовите лежат невнимателно расфрлени гумени ракавици за една употреба, кои сега се носат при купување во супермаркет. Со корона пандемијата расте потрошувачката на пластика и пластичен отпад. Во продавниците повторно повеќе се трошат предмети за една употреба. Кафе не може да се пие во кафуле, туку во пластични чаши за по пат.
Фотографија: Corona-Kris
Ново заедништво
„Остани здрав“ - на ваков начин сега завршуваат телефонските разговори или вака гласи поздравот на крајот на некој имеил. Се чини како пандемијата на коронавирус да создаде нов свет на солидарност и сочувство. Засилено е заедништвото и луѓето повторно пројавуваат поголема грижа за ближните.
Фотографија: Corona-Kris
Празни плоштади и улици
Во градовите веќе нема навала на туристи. И на плоштадот Марија во Минхен владее празнина. Градскиот музеј на Минхен му дал налог на фотографот Олаф Бекер да ја фотографира оваа вонредна состојба. Неговите фотографии се „изложени“ на веб страницата на музејот.
Фотографија: Olaf Otto Becker
Корона-тестови наместо вртелешки
Низ цела Германија настануваат вакви „драјв-ин-станици“. Така е и во Минхен, на локацијата каде инаку се подигаат шаторите за Октоберфест. Постапката наликува на онаа во ресторани за брза храна, со мала разлика - наместо да добие сендвич со плескавица, возачот ја отвора устата за лекар во заштитна облека да му земе брис.
Фотографија: Olaf Otto Becker
Обезбедена потребна дистанца
Пандемијата на коронавирус насекаде предизвикува несигурност, но и креативен потенцијал. Со оваа конструкција за држење минимално потребно растојание од сопствено производство, која во иднина ќе биде дел од збирката во Виенскиот музеј, нема утнување и ефикасно се спречува инфекција.
Фотографија: Wien Museum/Peter Feermann & Esther Zahel
Коронавирус како играчка
Директорот на Виенскиот музеј, Мати Бенцл особено се радува на добивањето на овој рачно изработен исплетен примерок на Ковид-19 кој ќе има свое место во една од изложбените витрини. Плетената играчка покажува дека ние не само што знаеме како изгледа вирусот, туку и на каков начин да се обидеме да ја намалиме опасноста од него во нашата свест.
Фотографија: Wien Museum/Monika Österreicher,
Носење маска како задолжителен додаток
Новата корона-реалност се одликува не само со ваква индустриски произведена заштитна маска, каква што носи австрискиот канцелар Себастијан Курц, туку и многу други. Од причина што недостигаат медицински заштитни маски, во меѓувреме и модните куќи шијат маски од скапи материјали.
Фотографија: picture-alliance/dpa/APA/R. Schlager
8 фотографии1 | 8
Ковид 19 е една зооноза: лична одлука
Сѐ уште не знаеме како ќе се промени светот по корона. Но и покрај тоа можеме да придонесеме да биде подобар. Во најмала рака сакам да пробам. Бидејќи има уште една сличност: двете болести се зоонози. Со други зборови, болести кои се развиваат кај животни но некако ја прескокнале биолошката граница кон луѓето. Притоа тие мутираат во смртоносни болести. „Дали ние луѓето придонесовме за активирање на резервоари за вируси и креирање нови преку чување диви животни дома,“ цитира научни тези Лаура Лини во својата книга за шпанскиот грип. Сметам дека тоа е многу веројатно. Но шпанскиот грип и новиот коронавирус веќе подолго време не се единствените примери. И вирусите ХИВ, САРС од 2002 година или инфлуенцата таканаречена „свински грип“ од 2009 потекнуваат од животни.
Што ако престанеме да јадеме животни?
Јас си донесов одлука и таа не е само поради короната. Можеби така помагам да се избориме со вирусите? Тоа би бил мој личен придонес за светот „по корона.“
Кои животни го пренесуваат коронавирусот?
Неодамнешна студија открива дека мачките можат да бидат заразени со Ковид-19, и можат да им го пренесуваат вирусот на други животни- во лабораторски услови. Кај другите домашни животни, ризикот е помал.
Фотографија: picture-alliance/F. Herrmann
Да се галат или не?
Истражувачите на Ветеринарниот институт Харбин во Кина открија дека коронавирусот може да се пренесува меѓу мачки. Домашните мачки исто така можат да го пренесуваат вирусот натаму на други животни, но тоа не е лесно, вели Хуалан Чен, водечки истражувач во студијата која беше објавена во журналот "bioRxiv" на 31 март годинава.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K-W. Friedrich
Без грижа
Но нема потреба од паника меѓу сопствениците на мачки, затоа што тие не се заразни долго време. Сепак, сопствениците на мачки со хронични болести, или постарите, треба привремено да ги ограничат контактите доколку мачките слободно го напуштаат домот. Здравите луѓе треба да ги мијат рацете откако ќе ги погалат.
Фотографија: picture-alliance/imageBroker
Кучињата се безбедни
За разлика од мачките, вирусот не може лесно да се реплицира кај кучињата, тврдат истражувачите. Оттука, слободно шетајте го и негувајте го вашиот пес.
Фотографија: DW/F. Schmidt
Кој кого заразува?
Оваа домашна свиња која шета низ улиците на Рим не треба да се плаши од кучиња. А и кучето нема потреба да стравува од својот забрефтан ривал. Ветерираните тврдат дека свињите не се сметаат за природен резервоар за коронавирусот.
Фотографија: Reuters/A. Lingria
Карантин за ласиците
Кај овие цицачи од групата Мустилида состојбата е поинаква. Хуалан Чен ги истражувал и ласиците и утврдил дека и тие го шират Ковид-19, исто како и мачките. Ширењето меѓу животните се случува преку респираторни капки. Истражувачите го пронашле вирусот во брисеви земени од грлото и носот на ласиците, но не откриле инфекција на белите дробови.
Научниците велат дека нема никаква опасност за одгледувачите на живина, како овој трговец во Вухан, Кина, каде беше откриен првиот случај на коронавирусот. Луѓето немаат за што да се грижат затоа што кокошките се практично имуни на Ковид-19, како и патките и другите слични видови.
Фотографија: Getty Images/China Photos
Кога луѓето се опасност за животните
Луѓето можат да се заразат од животни, но се случува и обратното. Четиригодишната малајска тигрица Надја од Зоолошката градина во Њујорк имаше позитивен тест на коронавирусот „Ова е првпат диво животно да се зарази од Ковид-19 од човек“, изјави главниот ветеринар на Зоолошката Пол Кале.
Фотографија: Reuters/WCS
Дали лилјаците се неправедно обвинети?
Лилјаците се сметаат за најверојатно преносници на Ковид-19, но ветеринарите веруваат дека во декември 2019 некое друго животно се јавило во Вухан како посредник меѓу нив и луѓето. Можеби ласиците или мачките?
Панголините се под сомнеж дека го пренесуваат вирусот. Истражувачи од Хонг Конг, Кина и Австралија го откриле вирусот во малезискиот панголин кој имал големи сличности со оној забележан кај човекот.