Како да се заштитите себеси и другите од коронавирус
12 март 2020
Светската здравствена организација прогласи пандемија од коронавирусот. Овие информации и препораки за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот на СЗО можат да ви биде од голема помош.
Реклама
Зачестено миење на рацете
Постојано и темелно мијте ги рацете со средство на база на алкохол или со сапун и вода.
Зошто? Миењето на рацете со сапун и вода или користењето на средство за миење раце на база на алкохол ги убива вирусите кои би можеле да бидат на вашите раце.
Како правилно се мијат рацете!
01:14
Одржувајте дистанца
Одржувајте најмалку еден (1) метар дистанца од било кој, кој кашла или кива.
Зошто? Кога некој кива или кашла, тој или таа исфрла мали капки течност од носот или устата кои би можеле да содржат вирус. Доколку сте преблиску би можеле да ги вдишете овие капки, вклучително и вирусот Ковид-19, доколку лицето кое кашла е заболено.
Зошто? Рацете допираат многу површини и можат да закачат вируси. По контаминацијата, рацете можат да го пренесат вирусот преку вашите очи, нос или уста. Оттаму вирусот може да навлезе во вашето тело и да ве зарази.
Практикувајте респираторна хигиена
Потрудете се Вие, и луѓе околу вас, да следат добра респираторна хигиена. Тоа значи покривање на устата и носот со свиткан лакот или со марамче кога кивате или кашлате. Потоа веднаш фрлете го марамчето.
Зошто? Капките го шират вирусот. Следењето на добрата респираторна хигиена ги заштитувате луѓето околу вас од вируси како настинка, вирус и Ковид-19.
Упатства: Како да се заштитите од коронавирус
Луѓето ширум светот ставаат заштитни маски за дишење за да спречат вирусна инфекција. Сепак, други мерки се поефикасни. Еве неколку совети засновани на упатствата на СЗО.
Фотографија: Getty Images/X. Chu
Подобро од ништо
Не е докажано дека маските за лице можат ефикасно да ве заштитат од вирусни инфекции. Овие маски веројатно се во можност да фатат некои микроби пред да стигнат до устата или носот. Но уште поважно е тоа дека тие ги спречуваат луѓето да ги допираат устата или носот (што повеќето луѓе го прават инстинктивно). Ако веќе сте болни, таквите маски може да спречат да не заразувате други.
Фотографија: Getty Images/Stringer
Дезинфицирајте ги рацете
Во својот список на препораки како да се заштитите од зарази, Светската здравствена организација не споменува маски за лице. На врвот е често миењето на рацете. СЗО препорачува дезинфекциско средство за рацете на база на алкохол, како на фотографијата, кои најчесто ги гледаме во болниците
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Pilick
И сапун и вода ќе завршат работа
Поедноставното секојдневно решение се водата и сапунот, ако ги имате при рака. Но, проверете дали темелно ги миете рацете...
Фотографија: picture alliance/dpa/C. Klose
Кашлање и кивање - но направете го тоа правилно!
Еве што препорачуваат лекарите: Кога кашлате и кивате, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакот. Или користете книжни марамчиња - но потоа веднаш фрлете го марамчето и измијте ги рацете. А кошулата или џемперот? Не, нив не мора да ги фрлите. Но, перете ги често или однесете ги на хемиско чистење.
Фотографија: Fotolia/Brenda Carson
Стојте подалеку!
Друга препорака која можеби не функционира за сите: Избегнувајте близок контакт со секој кој има треска и кашлица! Ако треба да имате контакт со болни луѓе, погрижете се да преземете дополнителни заштитни мерки.
Фотографија: picture alliance/empics
Имате треска? Одете на лекар, а не на патување!
Ако имате треска, кашлица и отежнато дишење, побарајте лекарска помош навреме. Избегнувајте јавни места за да не ги инфицирате другите. И, исто така, објаснете му на вашиот лекар каде претходно сте патувале.
Фотографија: Reuters/P. Mikheyev
Избегнувајте контакт!
При посета на сточни и зелени пазари во области во кои во моментот има случаи на новиот коронавирус, избегнувајте директен незаштитен контакт со живи животни. Тоа исто така вклучува какви било површини кои се во контакт со животни.
Фотографија: DW
Добро термички обработено - не сурово!
Варете,печете и пржете го месото темелно. Потребно е да се избегне конзумирање на сурови, недоволно термички обработени производи од животинско потекло. Со суровото месо, млекото или животинските органи треба да се постапува внимателно за да се избегне инфицирање од термички необработена храна. Овие се добри практики за безбедност на храната и помагаат да се спречи ширењето на болести.
Фотографија: picture-alliance/Ch. Mohr
8 фотографии1 | 8
Побарајте медицинска помош
Доколку не се чувствувате добро останете дома. Доколку имате треска, кашлица или тешкотии со дишењето, побарајте веднаш медицинска помош или обратете се телефонски. Следете ги упатствата на вашите локалните медицински институции.
Зошто? Националните и локалните институции поседуваат најажурирани информации за состојбата во вашиот регион. Телефонското јавување ќе му овозможи на здравствениот работник брзо да ве насочи кон вистинската здравствена институција. Тоа исто така ќе ве заштити и ќе помогне да се спречи ширењето на вирусите и другите инфекции.