1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

САД спуштија рампа за патниците од Бразил

СН/агенции
25 мај 2020

Бројот на инфицирани од коронавирусот во Бразил брзо се зголемува веќе со недели. САД се алармирани. Владата во Вашингтон воведе широки ограничувања за влез во САД на луѓето од јужноамериканската земја.

New York | Russische Touristen fliegen zurück in ihre Heimat
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Stolyarova

Претседателот на САД, Доналд Трамп, забрани влез за странците кои доаѓаат од Бразил, земјата која е втора во светот по САД по бројот на потврдени случаи со коронавирусот. Трамп и порано забрани влез во САД за патиците од Кина, Европа, Велика Британија и од Ирска и во помал обем од Иран. Тој не презеде потези да ги забрани патувањата од Русија, која има трет најголем број заразени со коронавирус во светот.

Трамп минатата недела рече дека разгледува да ги ограничи патувањата од Бразил. Претставничката за печат во Белата куќа, Кејли Макинани изјави дека овој чекор е објавен синоќа и претставува уште една одлучна акција на Трамп за да ја заштити земјата. „Денешната одлука ќе помогне да се обезбеди странските државјани кои биле во Бразил да не станат извор на дополнителни инфекции во нашата земја“, изјави Макинани.

Тажно второ место

САД се на првото место во светот со над 1,6 милиони потврдени случи, а бројот на починати, како што се очекува, неделава ќе надмине 100.000, според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.

Бразил, сега најтешко погодената латиноамериканска земја, е на второто место со над 347.000 заразени и над 22.000 почнати лица.

Повеќе:

-Бразил е на пат кон корона-катастрофа

-Познати личности водат ризични игри со хлорокин

-Хлорокин: Можниот лек против Ковид-19 смртоносен во поголеми дози?

Трета е Русија со над 344.000 пријавени случаи и над 3.500 починати. Фелипе Мартинс, советник на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за меѓународни прашања, изјави дека САД се однесуваат кон Бразил како што се однесуваа и кон другите земји со многу население, оти американската влада ги следи претходно воспоставените квантитативни параметри и дека нема ништо конкретно против Бразил.

Фотографија: Getty Images/AFP/E. SA

Според него, медиумите ја предимензионираат забраната на Трамп. Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро постојано ја минимизира опасноста од коронавирусот и вчера излезе меѓу стотици свои симпатизери во Бразилија.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми