1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Седум различни групи симптоми на Ковид-19

Хана Фукс
6 ноември 2020

Инфекција со Ковид-19 може да дојде во пакет со многу симптоми. Истражувачите препознаа важни биомаркери и идентификуваа седум групи на симптоми. Тие треба да помогнат во лекувањето и развојот на вакцина.

Symbolfoto Coronavirus
Фотографија: picture-alliance/Geisler-Fotopress

Гребење во грлото, главоболки, кивање - како беше тоа со Ковид-19 симптомите? 

Пред една година за такви болки или пак лесна настинка немаше да се интересираме, доколку воопшто ги забележевме. 

Оваа есен 2020, тоа изгледа сосем поинаку. Едно кивање е доволно за да почнеме со размислувањата: „Каде бев изминатите денови, колку бев близу до луѓе, што допирав? Имам ли мирис и вкус? Малку сум со краток здив...” Стоп! Доколку Ве смирува: не сте само Вие.

Истражувачи и медицински лица се занимаваат постојано со овие прашања и се обидуваат и натаму да им влезат во трага на симптомите на Ковид-19. 

Па така и истражувачите од универзитетот во Виена, на кои им успеа да воведат барем малку структура во долгата листа на корона симптомите со тоа што идентификуваа седум форми на поблаг тек на Ковид-19. Студијата е објавена во стручнито списание Алерџи. 

Примарна цел е да се открие како изгледа добар имунитет по преживеана инфекција со корона и како може да се мери.

Повеќе:

Најсигурниот симптом дека сте заразени од коронавирус

Колку долго сум имун на коронавирусот по заразувањето?

Нов тип антитела будат надеж во битката против Ковид-19

Коронавирус: Оздравени пациенти брзо ги губат антителата и можат повторно да се заразат

За тоа научниците од тимот на имунологот Винфрид Пикл и алергологот Рудолф Валента во рамки на студијата испитувале 109 рековалесценти, односно лица кои прележале инфекција со Ковид-19 и се на пат на закрепнување, како и 98 лица во контролна група, а ја испитувале и нивната крв. 

Седум Ковид-19 групи на симптоми 

Според податоците научниците покажале дека различни симптоми се поврзани и се појавуваат во следните седум групи: 

0.       Симптоми на грип (температура, треска, замор и кашлање)

1.       Симптоми со кивавица (кивање, суво грло и затнат нос)

2.       Болки во зглобовите и мускулите

3.       Воспаленија на очите и слузокожата

4.       Проблеми со белите дробови (со воспаление на белите дробови и краток здив)

5.       Проблеми со желудникот и дебелото црево (меѓу другото и дијареа, гадење и главоболки)

6.       Губење на чувството за мирис и вкус и други симптоми

„Кај последната група освен тоа можевме да констатираме дека од губењето на мирис и вкус се погодени пред сѐ лица со млад имун систем”, вели шефот на студијата и имунолог Винфрид Пикл за ДВ. Млад имун систем не се одредувал според возраста на пациентот, туку бројот на неодамна формирани имуно-Т-клетки.

„Тоа значи дека можевме јасно да разграничиме системски на пример група 1 и 3 од органоспецифични како на пример група 6 и 7 форми на тек на Ковид-19”, вели Пикл.

Тоа не значи дека не може да има преклопувања меѓу различните групи. Но, се покажала поврзаност меѓу различните групи и конкретни имунопараметри. Ковид-19 со висока температура има корелација со имунолошкото памтење на организмот и може да укажува на подолготраен имунитет во споредба со другите групи. 

Губењето на сетилото за мирис и вкус пак оди со покачено ниво на Т-лимфоцити.

Ковид-19: отпечаток во крвта

Според крвта научниците дефинирале важни маркери за Ковид-19. Откриле дека Ковид-19 заболувањето по десет недели предизвикува јасни промени во имуниот систем, како некој вид отпечаток во крвта на пациентите.

Бројот на гранулоцити кои во имуниот систем се инаку задолжени за сузбивање на бактериски патогени во Ковид-19 групата се значително намалени во споредба со вообичаено. 

.„Тоа беше изненадувачки и сосем нова појава”, вели имунологот за ДВ. 

„Затоа пак ЦД4 и ЦД8 имуните клетки и ЦД8-Т остануваат силно активирани. Тоа покажува дека имуниот систем и по повеќе недели интензивно се занимава со болеста”, вели Пикл. Тоа може да биде дел од причините зошто многу пациенти и по прележана инфекција се чувствуваат „клапнати”. Истовремено регулаторните Т-клетки се многу намалени - тоа било опасен микс кој може да доведе и до автоимуна болест. 

Покрај тоа во крвта на рековалесцентите е докажано зголемено присуство на имуноклетки кои произведуваат антитела. Колку повисока била температирата при благ тек на болеста, толку понагласен бил и имунитетот против вирусот.  

„Нашите сознанија придонесуваат за подобро разбирање на болеста и помагаат во развојот на вакцини бидејќи сега може да се потпреме на ветувачки биомаркери и да спроведеме уште подобар мониторинг”, нагласува тимот во студијата. 

„Сега знаеме дека Б- односно Т-лимфоцитите се важни параметри кога оценуваме вакцини”, вели Пикл.

Студијата пред сѐ покажувала дека човечкиот имун систем ја „удвојува” одбраната од болест со заедничка помош на имуноклетките и антителата, како што функционира одбраната на модерна фудбалска екипа. Па така имуните клетки „памтат” и одредени „потези” на вирусот и реагирале на нив. Сега се работи за тоа таквите сознанија да се спроведат во пракса бидејќи може да играат голема улога за да се помогне во третманот на пациентите и во развојот на потенцијална вакцина.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми