1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Со тестови против тајната на бројот R

27 март 2020

Според досегашните искуства од светот, репродукцискиот број на заразени (R) за Ковид -19 изнесува 2,4. Сите мерки се насочени за намaлување на таа бројка

Nord-Mazedonien: Venko Filipce, Gesundheitsminister
Фотографија: Regierung Nordmazedonien

Земјите во регионот водат битка со коронвирусот во обид да го успорат неговото ширење. Еден од темелните параметри со кои се следи неговото ширење e т.н. репродукциски број (R), кој го означува просечниот број на здрави лица што еден заболен ќе ги зарази за време на неговата инфективност. Според досегашните искуства, R за Ковид -19 изнесува 2,4.  Со мерките за ограничување на движењето, самоизолација и карантини, се води битка репродукцискиот број на заразени да се намали.

Фактот дека едно заболено лице досега можело да го пренесе вирусот на повеќе од две лица, создава главоболки за сите здравствени системи кои би можеле да се соочат со предизвици кои го надминуваат нивниот здравствен капацитет, како што веќе се случува во Италија и Шпанија. Во Бугарија се прогнозира дека ако до пред една недела имало 30 хоспитализирани (дел се лекуваат во домашни услови) во време на пикот може да се стигне до бројка од 4.000 лица за кои ќе биде непоходна исклучиво хоспитализација.

Повеќе:

-Заразениот со Ковид-19 од Тетово е непознаница за здравствените власти

-Лажни вести во коалиција со корoнавирусот

-Филипче најави нова терапија за коронавирус- какви се светските искуства?

Бидејќи репродукцискиот број на епидемијата зависи од три параметри - траењето на инфективноста кај заболениот, процентот на неимуни здрави лица во популацијата, и патиштата за пренесување на болеста, фокусот на сите мерки е насочен на тој план. Најпроблематично е детектирањето на лица заразени од короновирус кои не развиле симптпоми. Тие ја сочинуваат непознатата сива бројка која му задава главоболки на секој здравствен систем, бидејќи тоа се лицата кои го пренесуваат вирусот без да бидат свесни за тоа. Асимптоматски случи има и во нашата земја. Таков е примерот со петте лица, поврзани со поранешната директорка на Клиника за кожни болести, кои по 16 дена поминати во изолација немаат никакви симтоми, но на направените контролни тестови имале позитивен резултат. Предноста е што тие беа во изолоција, а и во наредниот период ќе останат под истиот третман.

Клучно е тестирањето

Но, што со неоткриените носители на вирусот кои не развиле симптоми и не се во изолација? Бидејќи не се свесни за состојбата, тие се во комуникација со членови од нивното најтесно семејство, влегуваат во продавници, аптеки, банки, одат на работа, кај матичен лекар.., со еден збор, тие се „темпирана бомба“ за околината. Решението за овој непознат податок во равенката, се бара во што помасовно тестирање. Во Србија, како што најави премиерката Ана Брнабиќ, се подготвуваат за воспоставување поефикасен систем за што поголем број тестирања. По синоќешната втора пратка на помош од Кина, покрај 500.000 медицински ракавици за еднократна употреба, 100.000 заштитни и 30.000 медицински изолациски маски, Србија доби и 25.000 тест-реагенси.

Се опремува и Бугарија, која според премиерот Бојко Борисов, нарачала еден милион тестови.

„Во моментов ниту една држава во Европа го нема неопходното количество тестови“, изјави Борисов, нагласувајќи дека ќе дојде време кога ќе мора да се тестираат и по 20 до 30 илјади лица на ден.

Но, додека стигне големата нарачка, соседна Бугарија ќе спроведе т.н. брзи тестови. На околу 1.000 такви тестирања ќе бидат подложени полицајци и возачи во градскиот транспорт.

„Тоа се крвни тестови кои за 10 минути даваат информација дали лицето е заболено и дали има антитела. Од тие 1.000 тестирани лица ќе разбереме каков е примерокот на заразените. Најмногу ќе се тестираат полицајци на контролните пунктови, бидејќи тие се изложени на можна контаминација во текот на целиот ден. По еден месец ќе направиме ново тестирање, и ќе откриеме колку е зголемен бројот на заразените, колку се излекувале, па статистиката ќе ни покаже за колку време ќе дојде врвот на инфекцијата“, изјави Борисов, но не отфрли и сомнеж во сигурноста на тестовите.

„Треба да одговориме на неколку прашања: Има ли лек? Нема. Има ли вакцина? Нема. Има ли сигурен тест - нема!", рече бугарскиот премиер.

Скопје чека тестови и реагенси за тестирање

Во потрега по опрема и тестови е и нашата земја. Министерот за здравство, Венко Филипче вчера информираше дека во текот на следната недела како донација треба да пристигнат 500 илјади маски и 20 илјади тестови, како и реагенси за тестирање на вирусот.

„Имав состанок со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнс, на којашто и се заблагодарив за поддршката што во изминатиот период ја даваа за осовременување на лабораторијата во Институтот за јавно здравје и сега таа е централна институција во нашата земја, во којашто се вршат тестирања, многу значајни во овој момент за државава. Добивме одговор и од повеќе донатори преку норвешката влада за респираторни машини, кои ги очекуваме во нашата земја во почетокот на април. Во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500.000 маски и 20.000 тестови-реагенси за тестирање на вирусот“, рече министерот за здравство.

Сите текстови, видеа и фотогалерии за коронавирусот на едно место

Тој најави дека во тек е и онлајн тренингот на здравствени работници со помош на „Brown“ Универзитетот од САД. Во него се вклучени се 20 доктори, 20 медицински сестри, кои се обучуваат да бидат тренери за искуствата во однос на лекувањето на пациенти заболени од Ковид 19 од секој аспект: прием, тријажа, проценка, пристап. Тие луѓе ќе бидат обучени потоа да го пренесат знаењето и на нивните колеги во земјава.

Едукацијата на здравствениот кадар, но и зачувувањето на неговата здравствена и работна кондиција, во моментов се од примарна важност. За тоа колку може да страда здравствениот капцитет, говори и податокот дека во Хрватска во самоизлоција се 495 здравствени работници, од кои дури 223 лекари и медицински сестри потекнуваат од една загребска болница.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми