Работа од дома, редици пред супермаркети, одржување растојание - ова во меѓувреме е речиси нормално. Додека чекаме вакцина, коронавирусот продолжува да се шири. Одлучувачки параметар притоа е: факторот на репродукција.
Реклама
Зад репродукцискиот број или факторот на репродукција Р се крие потенцијалот за ширење на вирусот. Ако факторот на репродукција е поголем од 1, секое заразено лице ја пренесува болеста на најмалку едно друго лице - вирусот се шири. Ако бројот е помал од 1,се помалку луѓе се заразуваат и бројот на инфицирани се намалува. За да се спречи ширењето на вирус, неговиот фактор на репродукција мора да биде помал од 1. Изразено математички: Р < 1.
Епидемиологот Адам Кучарски објаснува кои се фактори играат улога тука. Тој работи на математички модели на заразни болести за подобро да го разбере нивниот тек. Ова разбирање, пак, може да им помогне на политичарите да донесат одлуки за спречување на ширење на вируси.
Што го прави вирусот заразен?
00:57
Четири параметри
Адам Кучарски претходно истражувал болести како ебола, САРС и грип, а сега Ковид-19. Во својата книга „Правила на зараза: зошто работите се шират - и зошто престануваат“ тој наведува четири параметри кои го опишуваат потенцијалот на зараза на некоја болест.
На англиски тие започнуваат со првите букви D-О-Т-S (Д-О-Т-С) , односно dots, што на македонски значи точки.
Duration (Времетраење): Одговара на времетраењето на инфективноста. Колку подолго еден човек е болен, толку подолго можe да заразува други луѓе. Колку порано болното лице е изолирано од другите, толку помалку време има да го пренесе вирусот на другите. Проблем со САРС-КоВ-2: Зaболените лица се чини дека стануваат заразни два до три дена пред почетокот на симптомите. Време во кое може да инфицират други луѓе незабележано.
Opportunity (Прилика): Со колку луѓе заразено лице има таков вид контакт, при кој вирусот може да премине од една на друга личност? Според Адам Кучарски, во нормални околности тоа во просек се случува околу петпати на ден. Варијаблата во суштина го прикажува нашето социјално однесување. Таа може да се намали ако го зголемиме социјалното растојание, на пример, ако при поздравување наместо да се гушкаме, си мафтаме со рацете.
Transmission probability (Веројатност за пренесување): Колку е веројатно дека вирусот всушност ќе се премине од една на друга личност кога ќе се сретнат две лица? Адам Кучарски и неговиот тим претпоставуваат дека ова може да се случи на секоја трета прилика.
Susceptibility (Подложност): Кога ги знаеме времето, приликата и веројатноста за пренесување останува уште прашањетп: колку е веројатно дека некое лице на кое ќе се пренесе вирусот и ќе се разболи од него? Бидејќи сè уште нема вакцина за коронавирусот и стапката на инфицирање (а со тоа и стапката на потенцијално имуните) е доста мала, оваа варијабла е приближно 100%. Таа ќе се намалува со растечката имунизација. Сепак, таа може решавачки да се редуцира веројатно дури со сеопфатна вакцинација.
Каде сѐ демне коронавирусот?
Коронавирус насекаде! Можеби дури и на пиперките, билетот за возење, сопственото домашно милениче. Што воопшто смеам да допирам? Ова вознемирувачко прашање си го поставуваат многумина. Еве неколку смирувачки одговори:
Досега познатите коронавируси остануваат опасни на површини како кваките околу четири-пет денови. Како и другите инфекции преку капки и SARS-CoV-2 се пренесува преку рацете и површините кои се допираат често во текот на денот. Иако вирусот е нов и затоа е прилично непознат, експертите сметаат дека и за него важат многу резултати од истражувања на други, веќе познати коронавируси.
Затоа, треба да се биде претпазлив и кога се руча во кантината на работното место - доколку таа одамна не е веќе затворена. Коронавирусите во основа можат преку кивање или кашлање на инфицирано лице да завршат на приборот за јадење или чиниите. Германскиот институт за проценка на ризици (БфР) меѓутоа пишува дека „досега не се познати инфекции со SARS-CoV-2 кои се појавиле со ваков начин на пренос“
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Kalaene
Страв од увозна стока?
Дали родителите мора да се плашат од инфекција преку играчки од увоз? Не, велат од БфР. Досега нема случаи на инфицирани лица за кои е докажано дека се заразиле преку увезени играчки или друга стока. Експертите сметаат дека вирусите немаат голема стабилност при промена на животната средина. Предизвикувачот на болеста е опасен повеќе денови пред сѐ во услови на студ и голема влажност на воздухот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Gollnow
Пакети полни вируси
Коронавирусите кои го напаѓаат човекот не се особено стабилни на суви површини. Со оглед на тоа што стабилноста на вирусите надвор од човечкиот организам зависи од могу фактори, како темпертурата и влажноста на воздухот, БфР ја смета инфекцијата по пошта за „главно неверојатна“. Сепак, институтот признава дека сѐ уште не располага со точни податоци за SARS-CoV-2.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Becker
Вирусен пинг-понг со домашното милениче?
Дали моето куче може да ме зарази мене или јас да го заразам него? Ризикот домашните миленичиња да се заразат од коронавирус е оценет како низок од страна на експертите. Но, тој не може сосема да се исклучи. Самите животни не покажуваат симптоми, значи не заболуваат. Но, доколку се инфицирани тие може преку својот здив, плунка, повраќање, урина да го пренесуваат вирусот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/A. Tarantino
Опасен зеленчук?
Пренесување на SARS-CoV-2 преку контаминирани прехранбени продукти, според БфР, не е веројатно. Досега нема докажани случаи на инфицирање на ваков начин. Темелно миење на рацете пред подготовка на оброкот, и во времиња пред и по коронавирусот, е нешто што се подразбира. Со оглед на тоа што вирусите се чувствителни на топлина, загревањето на намирниците натамошно го намалува ризикот од инфекција.
Досега познатите САРС и МЕРС коронавируси не сакаат топлина, но се прилично отпорни на студ. Тие може да останат опасни дури две години на температури од минус 20 степени Целзиусови. БфР меѓутоа смирува: досега нема укажувања за ланец на инфекции со SARS-CoV-2 преку конзумирање храна, вклучително и замрзнати продукти.
Избувнувањето на КОВИД-19 има и едно добро: Кина забрани храна од диви животни. Сѐ укажува на тоа дека новиот коронавирус врз човекот е пренесен од лилјаци. Лилјаците за тоа не се виновни, зашто веројатно завршиле во супа против своја волја. Но, борбата против SARS-CoV-2 ќе трае многу подолго и ќе биде потешка од ослободувањето од храна од диви животни.
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/H. Huan
8 фотографии1 | 8
Мерило за политички одлуки
Останатото е математика: помножени, Д, О, Т и С го даваат репродукцискиот број односно факторот на репродукција на вирусот. Сите четири параметри се клучни компоненти за да се спречи ширењето на вирусот. Вообичаено за тоа посебно ефикасни се вакцините. Но со оглед на тоа дека такви за Ковид-19 во моментов не постојат, можете да се дејствува само на Д, О и Т: да се изолираат болните, да се избегнуваат социјални контакти, да се кашла во лактот, да се мијат рацете.
Меѓутоа треба да се прави разлика меѓу ефективниот фактор на репродукција Р и основниот репродукциски број Р0. Додека Р означува колку еден инфициран во просек заразува откако се преземени рестриктивни мерки или дел од населението е имуно, Р0 опишува колку луѓе заразува еден инфициран без да преземат контрамерки. Затоа, Р0 претпоставува дека никој не е вакциниран, дека никој не ја имал болеста и затоа е имун и оти не постои можност да се спречи ширењето.
Алтернативни поздрави во време на пандемија
За да го намалат ризикот од заразување со новиот коронавирус, луѓето ширум светот ги менуваат навиките за поздравување. Можеби ќе ве инспирира некоја од овие културни навики.
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas
Ракување
Тоа е еден од најраспространетите поздрави во светото. Ќе излезе ли сега ракувањето од мода? Здравствените експерти препорачуваат да се избегнува за да се намали ризикот од зараза. Германскиот министер за внатрешни работи ја зема таа препорака сериозно па одби да се ракува со канцеларката Ангела Меркел. Двајцата потоа слатко се изнасмеаја.
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas
Двоен бакнеж во образ
Француската влада ги советува своите граѓани да го избегнуваат традиционалниот бакнеж на двата образа. Но францускиот претседател Емануел Макрон во знак на поддршка го бакна италијанскиот премиер Џузепе Конте во Неапол неделава, давајќи до знаење дека не се плаши од коронавирусот.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/P. Manzo
Да пукне!
Тоа е гест кој беше популаризиран во бејзболот и кошарката во САД. Преку него се пренесуваат околу 50% помалку бактерии одошто со ракување, но сепак, тоа не го прави целосно безбеден.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R. Drew
Судир на тупаници
Најчесто користен во спортот, овој поздрав го популаризираше и поранешниот претседател на САД, Барак Обама, на сликата со шведската климатска активистка Грета Тунберг. Освен „кул“ факторот, тупаницата пренесува далеку помалку бактерии одошто ракувањето- над 90%.
Фотографија: picture-alliance/dpa/The Obama Foundation
Прегратки
Прегратката е уште еден начи на ширење микроби, но истражувањата покажуваат дека прегратката на саканиот може и да го зајакне имунолошкиот систем, а во некои случаи- и да ги подобри дипломатските односи. Прегратката меѓу претседателите на Јужна и Северна Кореја Мун Џае Ин и Ким Џонг Ун во 2018 предзивика различни реакции на двете страни на границата. Дотогаш тие само се ракуваа.
Фотографија: Reuters
Тапкање по рамо
Австралиските власти на своите граѓани им го препорачуваат токму овој гест: „Време е Австралијанците засега само да се тапкаат по рамо- без ракување“, изјави еден министер. Иако со овој поздрав речиси и не се пренесуваат бактерии, сепак во некои култури тоа може да се смета и за навреда.
Фотографија: Colourbox
Мавтање
Кралицата Елизабета и принцот Филип често им мавтаат на своите поданици од балконот на Бакингемската палата. Гестот потекнува од традицијата од 18-век кога витезите се поздравувале со вадење шлемовите за да го откријат својот идентитет и да покажат дека доаѓаат во мир. Мавтањето е исто така и навредливо во некои земји.
Фотографија: Reuters/K. Doherty
Тупаница и дланка
Во Кина, каде започна појавата на Ковид-19, традиционалниот „гонг-шу“ поздрав се препорачува во актуелниот момент. Поздравот на фотографијата го демонстрира кинеската актерка Мија Мучи.
Мал наклон со дланките споени една до друга во позиција како за молитва. Таи ваи поздравот е раширен во бројни земји на југоистокот на Азија- а уште е познат и како индиски „намасте“ или бурмански „мингалар пар“.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Press/J. Kurtz
Јапонски наклон
Исто така безбеден, традиционалниот јапонски поздрав се уште се практикува во секојдневието. Учењето на елегантниот наклон е важен дел од општествениот статус. На фотографијата, вработени во еден трговски центар во Токио го вежбаат поздравот пред почетокот на новогодишната распродажба.
Фотографија: picture-alliance/dpa/MAXPPP/Kyodo
„Ногување“
Едно вирално видео од Кина неодамна ни покажа и нов начин на поздравување: „ногување“ или "footshake", кое некои го нарекуваат и „Вуханско ракување“. Триењето на валканите чевли, сепак е посигурно од ракувањето.
Фотографија: DW/S. Bartlick
Насмевка
Веројатно најлесниот начин да поздравите некого без да ризикувате размена на бактерии или да го навредите е да го погледнете во очи, да се насмевнете и да кажете здраво.
Фотографија: picture-alliance/PhotoAlto/E. Audras
12 фотографии1 | 12
Институтот Роберт Кох, кој е одговорен за следењето на заразни болести во Германија, претпоставува дека основниот репродукциски број на САРС-КоВ-2 е помеѓу 2,4 и 3,3. Без контрамерки, секое заразено лице би заразило околу две до три други лица. Со други зборови, за да се доведе епидемијата под контрола (т.е. Р< 1), мора да бидат спречени две третини од сите преноси на вирусот.
Мерките кои се применуваат во моментов се насочени кон „израмнување на кривата“ (англиски: "to flatten the curve"). Бројот на заболени случаи не треба да надминува капацитетот на здравствените системи, за лекарите да не бидат исправени пред одлуката кои пациенти да ги лекуваат а кои не.