1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Короната однесе над 400.000 животи

Кристијан Валц
8 јуни 2020

Бројот на починати во светот по инфекција со корнавирусот надмина 400.000. Бразил, кој е многу погоден од пандемијата, веќе не сака да објавува вкупни бројки.

Coronavirus - Russland
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Lovetsky

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот досега во светот починале над 400.000 луѓе, објави американскиот универзитет Џонс Хопкинс. Бројот на починати во последниот месец и половина е зголемен двојно.

Од коронавирус се инфицирани околу седум милиони луѓе, од кои 1,9 милиони во САД. Во САД е регистриран и најголем број починати, односно околу 110.000. На второ место е Велика Британија со повеќе од 40.000, потоа Бразил со 36.000 и Италија со речиси 34.000 починати.

Нови 111 случаи, коронавирусот концентриран во Скопје, Куманово, Штип и Тетово

СЗО ја промени својата позиција за заштитните маски

Како се станува „суперпроширувач“ на коронавирусот?

Доколку се фрли поглед на бројот на починати на 100.000 жители, тогаш некои европски земји се погодени многу повеќе од САД. Додека во САД на 100.000 жители има 33 починати, во Франција тој број е 43, во Шведска - 45, Италија - 56, а Велика Британија - 61!

За споредба, во Германија досега има 8.674 смртни случаи (состојба 8.06.2020), или на 100.000 жители - 10 починати.

Во Германија досега има околу 184.000 позитивни тестови на коронавирусФотографија: picture-alliance/Zoonar/R. Kneschke

Бразил со тактика на прикривање?

Во текот на изминатата недела епицентар на пандемијата стана Латинска Америка, особено Бразил. Таму бројот на инфицирани и починати се зголемува многу. Но, земјата не сака веќе да објавува вкупни бројки за пандемијата. На веб страницата на Министерството за здравство на Бразил се вели дека за короната ќе бидат објавувани само дневни бројки на инифицирани и починати во текот на изминатите 24 часа. 

„Кумулативните податоци не ја отсликуваат позицијата каде што земјата се наоѓа“, образложи шефот на државата Жаир Болсонаро. Критичарите сметаат дека ваквиот шаховски потег е обид да се прикрие целиот размер на пандемијата во Бразил.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми