Трамп го прекори својот експерт за заразни болести
СН/дв
17 септември 2020
Американскиот претседател прекори врвен владин здравствен работник поради неговите изјави во Сенатот. Спорното прашање е кога вакцината за Ковид-19 ќе биде достапна за целото американско население.
Реклама
Американскиот претседател Доналд Трамп им вети на Американците вакцина за КОВИД-19 за многу брзо време во доволни количества. „Штом Агенцијата за лекови на САД (ФДА) ја одобри вакцината, ќе можеме да распределиме 100 милиони дози до крајот на годинава - и голем број многу порано“, рече Трамп во Белата куќа. Директорот на американскиот здравствен орган ЦДЦ, Роберт Редфилд, пак, наведе временски хоризонт до средината на 2021 година.
„Ако ме прашате кога ова ќе биде општо достапно за американскиот народ, за да можеме да ја користиме вакцината и да се вратиме во нормалниот живот, тогаш мислам дека гледаме кон крајот на вториот или третиот квартал од 2021 година“, изјави Редфилд на сослушување во Сенатот. Тој беше под заклетва.
„Мислам дека тој најверојатно погрешно го сфати прашањето“, рече Трамп пред новинарите за зборовите на Редфилд. „Мислам дека беше збунет“.
„Маските поважна од вакцината“
Редфилд, исто така, објасни во Сенатот дека маските во моментов се „најважната алатка“ во борбата против пандемијата. Тој дури, како што изјави, смета дека маската нуди подобра заштита од коронавирус отколку вакцинацијата.
Трамп му противречи и за ова: „Не, вакцината е многу поефикасна од маските“. Тој додаде дека му се јавил на Редфилд и му рече дека погрешно го одговорил прашањето.
Тече финалната клиничка фаза на корона-вакцината на Модерна
01:24
Пандемијата во предизборната кампања
Корона-кризата со повеќе од 195.000 смртни случаи во САД стана важна тема во предизборната кампања за Белата куќа. Трамп неколку пати најавуваше дека вакцината може да се одобри до крајот на октомври - а со тоа и пред претседателските избори на 3 ноември.
Поради ваквите изјави, неговиот предизвикувач Џо Бајден истакна дека Трамп е несоодветен за највисоката функција во земјата. „Првата задача на претседателот е да го штити американскиот народ, а Трамп нема да го стори тоа. Тоа целосно го дисквалификува", рече кандидатот за претседател на Демократската партија по состанокот со здравствени експерти во сојузната држава Делавер.
Познати личности кои се инфицираа со коронавирус
Ковид-19 продре во глобалната политичка елита, не одмина ни бројни филмски ѕвезди, како и врвни спортисти. Кои познати личности досега се инфицираа со коронавирусот?
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Vojinovic
Силвио Берлускони
83-годишниот поранешен италијански премиер, инфициран со коронавирус на почеток на септември заврши во болница со воспаление на белите дробови, таму помина десетина дена. Две од децата, како и неговата 30-годишна пријателка, беа исто така позитивни на Ковид-19. Кај екс-премиерот бил утврден вирусот по враќањето од брегот на Сардинија, каде летуваат италијанските богаташи и познати личности.
Фотографија: picture-alliance/dpa/D. Vojinovic
Роберт Патисон
34-годишниот глумец, познат првенствено по улогата на романтичниот вампир Едвард Кален, е позитивен на тест за Ковид-19, па од таа причина по само неколку дена од повторниот почеток, е прекинато снимањето на неговиот филм Бетмен. Патисон, кој се појавуваше и во филмовите за Хари Потер, ја презеде улогата на Бетмен откако лани се повлече Бен Афлек.
Поранешниот борачот кој стана филмска ѕвезда, е еден од најновите познати личности на А-листата на заразени со Ковид-19. На видео објавено на Инстаграм тој откри дека тој, сопругата и двете деца се позитивни на тест, додавајќи дека со тоа доживеал тежок удар. Џонсон упати повик до луѓето да не ја политизираат пандемијата и да носат заштитни маски.
Бразилската фудбалска икона е еден од тројцата играчи на ФК Париз Сен Жермен кои се заразиле со коронавирус. Инфицирањето на играчите во клубот се поврзува со патувањето на одмор на тимот на шпанскиот остров Ибица. Нејмар подоцна на Инстаграм објави фотографија со синот, според извештаите исто позитивен на тест, со коментар: „Благодарам за пораките, нам на сите ни е добро!“
Фотографија: Getty Images/AFP/D. Ramos
Усеин Болт
Атлетичарската легенда Усеин Болт бил тестиран за позитивен на коронавирус неколку дена по забавата по повод неговиот 34-ти роденден. Рекордерот во трчање на 100 и 200 метри изјави дека се наоѓа во карантин, но нема симптоми. Видео снимки од роденденската прослава на отворено покажуваат дека гостите не носеле маски.
Фотографија: Reuters/M. Childs
Антонио Бандерас
Шпанскиот актер на средината на август доживеа непријатно изненадување на својот 60-ти роденден, откако му е потврдено присуство на коронавирусот. Бандерас изјави дека роденденот го поминал во изолација, дека е „поуморен од обично“, но „во надеж дека ќе се оправи што поскоро.“
Фотографија: picture-alliance/Captital Pictures
Жаир Болсонаро
Бразилскиот претседател, кој постојано ја минимизираше пандемијата, се инфицирал со вирусот во јули. Експертите го критикуваа што и пред и по дијагнозата ги игнорираше препорачаните мерки на претпазливост, се ракуваше и прегрнуваше со луѓето. Неговата сопруга и синовите исто така беа позитивни на тестот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/E. Peres
Том Хенкс
Глумецот Том Хенкс и сопругата, актерката и пејачка Рита Вилсон, се меѓу првите проминентни личности кои објавија дека се инфицирале со вирусот. Двојката позитивниот тест го добила на почетокот на март во Австралија. По заздравувањето и враќањето во САД, Хенкс се ангажираше луѓето да се придржуваат на мерките за спречување на ширењето на болеста.
Сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, била тестирана позитивно на коронавирус по враќање од Обединетото британско кралство во средината на мај. Нејзиниот сопруг објави дека по дијагнозата, тој и самиот заминал во домашна изолација.
Фотографија: Reuters/P. Doyle
Борис Џонсон
На крајот на март од Ковид-19 заболе британскиот премиер Борис Џонсон, кој потоа помина повеќе дена во болница во Лондон. Три дена беше преместен во станица за интензивна нега, каде добивал кислород и бил постојано набљудуван. На средината на април беше отпуштен од лекување во болницата, по што му се заблагодари на болничкиот персонал што му го спасил животот.