1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Трет корона-бран во Германија?

ЕМФ | агенции
23 февруари 2021

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека Германија е во трет корона-бран. Според неа, никому нема да му се направи услуга „ако повторно треба да го затвораме тоа што сме го отвориле“.

Angela Merkel I Kabinettssitzung in Berlin
Фотографија: Michael Sohn/AP/picture alliance

Германската канцеларка Ангела Меркел  на седница на пратеничката група на партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) предупредила дека треба да се биде внимателен при разлабавување на мерките против коронавирусот. Според канцеларката, никому нема да му се направи услуга „ако повторно треба да го затвораме тоа што сме го отвориле“. Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на инсајдерски информации од седницата, јави дека Меркел оценила оти Германија е во „трет бран“ на коронавирусот. Таа, како што се вели, ги претставила и можните чекори за излегување од локдаунот.

Вчера, на седница на претседателството на ЦДУ, Меркел предложила пакет-решенија за три општествени сфери, во комбинација со зголемено тестирање на коронавирус. Таа ги навела личните контакти, училиштата, како и спортот, рестораните и културата. Во среда наредната недела канцеларката со покраинските премиери ќе разговара за натамошните чекори во сузбивањето на пандемијата.

Како да се идентификуваат мутациите на коронавирусот?

01:53

This browser does not support the video element.

И натаму контроли на граници

Во меѓувреме, Германија ги продолжи контролите на границите со Чешка и австриската покраина Тирол до 3 март. Мерките кои првично беа предвидени да траат до денеска, ќе бидат продолжени без промени, соопшти портпаролка на Министерството за внатрешни работи во Берлин.

Повеќе:

Отворање на германските училишта: избрзано и неподготвено?

Претрес кај градоначалникот којшто се вакцинираше преку ред

Германија стравува од трет бран коронавирус, остануваат рестрикциите

Заострените гранични контроли беа воведени на средината од февруари, откако претходно институтот „Роберт Кох“ ги означи Чешка, Словачка и австриската покраина Тирол за региони со варијанти на коронавирусот. Европската комисија вчера во писмо до германскиот амбасадор во Брисел ги критикуваше повторно контролите и забраните за влез од Чешка и Австрија. Според ЕК, заштитата на германското население може да се постигне и со „помалку ограничувачки мерки“, се вели во писмото.

Брзи тестови за коронавирус - во ноќен клуб

02:11

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми