„Забрането бакнување” беше песна од Ди Принцен во 1992. За сите кои не живеат заедно сега важи истото правило. Бакнежи не се можни поради мерките за дистанцирање. Некаде дури и политиката има што да каже на темата.
Реклама
Кога наоколу се шири страв од зараза, и бакнежот доживува рецесија. Од бакнеж во воздух за поздрав до страствен француски бакнеж - во време на социјална дистанца и заштитни маски не можете ни да помислите на бакнеж, барем не ако не живеете заедно.
Притоа многумина можеби дури сега забележуваат колку им недостига таквата форма на блискост. Други пак на драго срце може да се откажат од бакнежите. А на трети дури сега им е јасно дека бакнежот и не е баш најхигиенски. Дали некогаш повторно ќе може да бакнуваме без задршки некого кого не го познаваме баш најдобро? И дали воопшто некогаш повторно ќе се поздравуваме со бакнеж во образ? Кратко речено, дали бакнежот има проблеми со нарушен имиџ?
Љубов во време на коронавирус
Илјадници двојки низ цел свет склучија брачен сојуз без оглед на загриженоста поради коронавирусот. „Вооружени“ со заштитни маски, двојките ја запечатија љубовта на масовни свадби во Јужна Кореја и Филипини.
Фотографија: Reuters/H. Ran
Љубовта не прекинува
Среќна невеста и среќен зет ја слават својата романтична свадбена масовна церемонија во Гачиеонг, град во северниот дел од Јужна Кореја. Свадбата се одржа на 7 февруари, пред во земјата да бидат откриени масовни случаи на коронавирусот.
Фотографија: picture-alliance/AP/Ahn Young-joon
Бакнежи преку маски
220 двојки во филипинскиот град Баколод на 20 февруари се заколнаа на вечна љубов на масовна венчавка и се бакнаа, но преку маски. „Поинакво е чувството кога се бакнуваш со маска, но бакнежот е дел од церемонијата“, изјави младоженецот Џон Пол за австралиските медиуми.
Фотографија: Reuters/Bacolod City Public Information Office
Ден на вљубените во кризни времиња
Оваа невеста во филипинската престолнина Манила носи заштитна маска и чека да тргне кон олтарот на масовната свадбена церемонија која се одржа на 14 февруари, на Свети Валентин, омилен ден за масовни венчавки во земјата. На Филипини досега се регистрирани неколку случаи на заразени со коронавирус и има еден починат.
Фотографија: Imago Images/Zuma/L.M. David
Ах, љубов....
На масовна свадба во Јужна Кореја, според француската новинска агенција АФП, биле поделени 30.000 заштитни маски за лице на присутните двојки и нивните гости. Венчавката се одржала во Црквата на обединувањето, основана од Сун Мијунг Мун, кого следбениците го слават како месија.
Фотографија: AFP/Jung Yeon-je
Пресни младенци
Во Јужна Кореја беа откажани фестивали, прослави и концерти, зашто се стравуваше дека масовните собири ќе го поттикнат проширувањето на вирусите. Но пред љубовта, сите мерки капитулираа...
Фотографија: Reuters/H. Ran
Избор - дали да се носи маска или не
Заштитните маски беа делени на масовните свадби, но учесниците и гостите имаа право на избор дали ќе ги носат или не - некои се одлучија да не ги стават.
Фотографија: Reuters/H. Ran
6 фотографии1 | 6
Во Италија, земјата на ‘бачи’ уште на почетокот на март годинава наушниот советнички штаб на владата им препорача на граѓаните заради ширењето на вирусот да се откажат од традиционалните бакнежи. Откако мерките повторно беа ублажени, а луѓето може да излегуваат и да среќаваат роднини, повторно се гледаат и двојки кои се бакнуваат. Тоа Австријците сакаат да го спречат: пред отворањето на гастрономските објекти министерот за здравство Руди Аншобер во интервју појасни дека бакнувањето во јавност е против актуелните правила.
Дали може да има конкретни препораки за бакнежи и во Германија?
Институтот „Роберт Кох“ посочува на правилото од минимум 1,5 метри растојание од други луѓе и во одредени ситуации носење маски. „Се препорачува да нема ни поздравување”, се вели на наше прашање. За бакнежи не станува ни збор.
Хајке Мелцер, невролог и сексуален терапевт во Минхен, вели дека тоа е шанса за нови ритуали на поздравување. Бакнеж, прегратка, поклонување, сѐ тоа биле културолошки ритуали како форма за стапување во контакт и на човекот да му се сигнализира „те гледам, те ценам, со добар ниет сум”.
Незаборавни бакнежи
Шести јули е Светски ден на бакнежот. По тој повод ви претставуваме избор од најубавите и најпознати бакнежи од киното, уметноста и вистинскиот живот. Да живее љубовта!
Фотографија: picture-alliance/dpa/Spiegl/S.Simon
Рет...ох, Рет...
Сликата на еден бакнеж во 1939 година го обиколи светот: во филмот „Одвеано од виорот“ американската убавица од југот Скарлет О‘Хара ( Вивиен Ли) со овој бакнеж му го сврте умот на богатиот Рет Батлер (Клерк Гебл), вљубен до уши во неа, со намера да го искористи за спасување на својата куќа. Дури на крајот на филмот Скарлет ја сфаќа неговата човечка големина, но нему таа му е веќе преку глава.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Првиот бакнеж на големото платно
Во 1896 година настана краткиот филм „Бакнеж“, во кој двајцата драмски актери Мерј Ирвин и Џон Рајс се прегрнуваат и на крајот се бакнуваат. Само 20 секунди долгата филмска секвенца е филмувана завршна сцена на еден бродвејски мјузикл, исто толку позната колку и спорна, зашто никогаш дотогаш еден бакнеж не бил толку јасно прикажан. Ова му даде популаризирачки поттик на младиот медиум - киното.
Веројатно најромантичната сцена од поновата кинематографска историја со Кејт Винслет и Леонардо Ди Каприо: Џек и Роуз стојат на палубата на „Титаник“ и го гледаат залезот на сонцето. Двајцата не знаат дека тоа ќе биде нивната прва и воедно последна заедничка вечер. Романсата завршува со потонувањето на познатиот брод. Роуз преживува, додека Џек исчезнува во леденото море.
...во нејзиниот живот, оној кога се омажи за Чарлс, изјави Дијана единаесет години по својата „венчавка од соништата“ на 29.08.1981 година. Притоа, тогаш сѐ изгледаше толку прекрасно: фустанот на Дијана, среќните насмевки, малку укочениот принц, сјај и раскош. Но, Дијана за Чарлс беше само втор избор, зашто всушност веќе сакаше друга. Двајцата тоа успешно го прикрија на денот на свадбата.
Фотографија: picture alliance/dpa
Веќе подобро
Во 2011 година, постариот син на Дијана и Чарлс, принцот Вилијам се ожени со својата Кејт. Овој брак се чини е под посреќна ѕвезда. Но, нападните медиуми постојано ги чуваат подготвени камерите и го следат секој јавен настап на двајцата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/K.Okten
Скандалозен бакнеж на МТВ
Овој бакнеж предизвика бранувања: на доделувањето на видео и музичките награди на МТВ во 2003 година, откако Бритни Спирс и Кристина Агилиера испеаја песна во чест на Мадона, дивата дојде лично на бината, танцуваше и пееше со нив и им се заблагодари на двете со бакнеж кој можеби беше неколку секунди предолг. Дури и екс-пријателот на Бритни, Џастин Тимберлејк, остана со подотворена уста.
Фотографија: Getty Images/F. Micelotta
Уметнички бакнеж
Најпознатите слики на уметникот Густав Климт потекнуваат од неговата т.н. „златна фаза“. Златото и бронзата кои тој ги користи потсетуваат на христијанското сликарство од доцниот среден век и на сликите им даваат извонреден сјај. Своето најпознато дело, „Бакнеж“, Климт го создал меѓу 1908 и 1909 година. Сликата во оригинал е квадратна, со димензии 180х180 сантиметри.
Најпознатиот братски бакнеж
Во поранешниот Источен блок, посебно државниците, меѓусебно се поздравуваа со социјалистички братски бакнеж. Интензивен телесен контакт, кој требаше да манифестира поголема приврзаност отколку силно ракување. Овој бакнеж меѓу поранешниот претседател на Германската Демократска Република, Ерик Хонекер и шефот на руската држава, Леонид Брежњев, се случи на еден прием во 1979 година во Источен Берлин.
Фотографија: picture-alliance/dpa/Spiegl/S.Simon
Папата ја бакнува земјата
Папата Јован Павле Втори го пропатува целиот свет. Секоја држава која ја посети, тој ја поздрави со бакнеж на земјата. Сеедно дали имаше прашина, асфалт или кал, како во 1986 на островот Фиџи (на фотографијата), тој секогаш на државата-домаќин ѝ оддаваше почит на овој начин. Шегаџиите велеа дека папата ја бакнува земјата само зашто е среќен што излегол од авионот жив и здрав.
Фотографија: picture alliance/dpa
9 фотографии1 | 9
Прегратки и бакнежи, вообичаено, ако се изземе пандемијата, не се хигиенски проблем, туку напротив - тие би можеле да придонесат за јакнење на имунитетот, вели Мелцер. Па сепак, во други култури поздравувањето функционира без допири и на тоа можело да се навикнат и луѓето во Германија, смета таа.
„Ако се договориме за нови ритуали во нашиот културолошки круг и може да го прочитаме човекот, тогаш поклонување, како што е нормално во пределот на Азија, може да биде исто што и бакнувањето делумно непознати луѓе.“
Тоа, патем, за некои култури било многу чудно и надвор од нивните навики. Тотално нерасположени за бакнежи на почетокот на 1990-те беа и членовите на групата Ди Принцен од Лајпциг. Тие со песната „Забрането бакнување” лансираа хит. „Има едно нешто што не можам да го поднесам, кога твоите влажни усни се доближуваат преблиску до моите”, пееја Себастијан Крумбигел и колегите.
При бакнувањето не се отвора само устата, туку и душата
„Забрането бакнување, строго забрането”. За многу Австријци тоа повторно може да биде хит. Откако министерот се изјасни за правилата за бакнување, на Твитер и другите мрежи популарен е хаштагот #забранетобакнување. Двојки кои живеат заедно немаат проблем за држење растојание и бакнување. Поинаку е за другите кои можеби сега запознаваат некого, или имаат врска на далечина. Дали психата ќе страда од недостигот на милување?
„При бакнувањето не се отвора само устата, туку и срцето и душата”, вели Мелцер. За многу луѓе бакнеж е поинтимен и од сексуални односи. „Со главата гледаме, слушаме, мирисаме и вкусуваме и брзо откриваме кој е за нас, а кој не”. Тоа е причина зошто двојки кои долго се заедно и имаат хронични проблеми прво престануваат да се бакнуваат. „Ако не го поднесувам партнерот и бакнувањето ми е сѐ потешко”. Но, според Мелцер, не може да се каже дека имиџот на бакнежот е нарушен.
„Секогаш ќе има бакнежи, но ќе ги користиме посвесно”. А, тоа што е ретко, повеќе се цени. Намалувањето и тука би можело да биде драгоцено. „Ако досега сте бакнувале често и многу, а сега со пандемијата со месеци веќе не, првиот бакнеж ќе биде врвно уживање.
Алтернативни поздрави во време на пандемија
За да го намалат ризикот од заразување со новиот коронавирус, луѓето ширум светот ги менуваат навиките за поздравување. Можеби ќе ве инспирира некоја од овие културни навики.
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas
Ракување
Тоа е еден од најраспространетите поздрави во светото. Ќе излезе ли сега ракувањето од мода? Здравствените експерти препорачуваат да се избегнува за да се намали ризикот од зараза. Германскиот министер за внатрешни работи ја зема таа препорака сериозно па одби да се ракува со канцеларката Ангела Меркел. Двајцата потоа слатко се изнасмеаја.
Фотографија: picture-alliance/AA/A. Hosbas
Двоен бакнеж во образ
Француската влада ги советува своите граѓани да го избегнуваат традиционалниот бакнеж на двата образа. Но францускиот претседател Емануел Макрон во знак на поддршка го бакна италијанскиот премиер Џузепе Конте во Неапол неделава, давајќи до знаење дека не се плаши од коронавирусот.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/P. Manzo
Да пукне!
Тоа е гест кој беше популаризиран во бејзболот и кошарката во САД. Преку него се пренесуваат околу 50% помалку бактерии одошто со ракување, но сепак, тоа не го прави целосно безбеден.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/R. Drew
Судир на тупаници
Најчесто користен во спортот, овој поздрав го популаризираше и поранешниот претседател на САД, Барак Обама, на сликата со шведската климатска активистка Грета Тунберг. Освен „кул“ факторот, тупаницата пренесува далеку помалку бактерии одошто ракувањето- над 90%.
Фотографија: picture-alliance/dpa/The Obama Foundation
Прегратки
Прегратката е уште еден начи на ширење микроби, но истражувањата покажуваат дека прегратката на саканиот може и да го зајакне имунолошкиот систем, а во некои случаи- и да ги подобри дипломатските односи. Прегратката меѓу претседателите на Јужна и Северна Кореја Мун Џае Ин и Ким Џонг Ун во 2018 предзивика различни реакции на двете страни на границата. Дотогаш тие само се ракуваа.
Фотографија: Reuters
Тапкање по рамо
Австралиските власти на своите граѓани им го препорачуваат токму овој гест: „Време е Австралијанците засега само да се тапкаат по рамо- без ракување“, изјави еден министер. Иако со овој поздрав речиси и не се пренесуваат бактерии, сепак во некои култури тоа може да се смета и за навреда.
Фотографија: Colourbox
Мавтање
Кралицата Елизабета и принцот Филип често им мавтаат на своите поданици од балконот на Бакингемската палата. Гестот потекнува од традицијата од 18-век кога витезите се поздравувале со вадење шлемовите за да го откријат својот идентитет и да покажат дека доаѓаат во мир. Мавтањето е исто така и навредливо во некои земји.
Фотографија: Reuters/K. Doherty
Тупаница и дланка
Во Кина, каде започна појавата на Ковид-19, традиционалниот „гонг-шу“ поздрав се препорачува во актуелниот момент. Поздравот на фотографијата го демонстрира кинеската актерка Мија Мучи.
Мал наклон со дланките споени една до друга во позиција како за молитва. Таи ваи поздравот е раширен во бројни земји на југоистокот на Азија- а уште е познат и како индиски „намасте“ или бурмански „мингалар пар“.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Press/J. Kurtz
Јапонски наклон
Исто така безбеден, традиционалниот јапонски поздрав се уште се практикува во секојдневието. Учењето на елегантниот наклон е важен дел од општествениот статус. На фотографијата, вработени во еден трговски центар во Токио го вежбаат поздравот пред почетокот на новогодишната распродажба.
Фотографија: picture-alliance/dpa/MAXPPP/Kyodo
„Ногување“
Едно вирално видео од Кина неодамна ни покажа и нов начин на поздравување: „ногување“ или "footshake", кое некои го нарекуваат и „Вуханско ракување“. Триењето на валканите чевли, сепак е посигурно од ракувањето.
Фотографија: DW/S. Bartlick
Насмевка
Веројатно најлесниот начин да поздравите некого без да ризикувате размена на бактерии или да го навредите е да го погледнете во очи, да се насмевнете и да кажете здраво.