Дали Света Корона може да не заштити од пандемијата?
БГ/ ДВ
14 мај 2020
Малку познатата светица, чиј ден се одбележува на 14 мај, одеднаш стана славна. За да дознаеме повеќе за неа се упативме во катедралата во Ахен каде во златен ковчег се чуваат нејзините коски.
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg
Реклама
Пандемијата на коронавирусот е причината поради која, одеднаш, многумина дознаа за христијанската маченичка која била измачувана и убиена од Римјаните пред 1,800 години. Нејзиното име е Корона, или круна на латински, а некои извори го наведуваат и името Стефани или Стефанија, што пак на грчки исто така значи круна.
Легендата вели дека 16-годишната Св. Корона била казнета и убиена затоа што се грижела за римскиот војник Виктор, кој исто така е прогласен за светец, откако тој бил измачуван. Местото каде се одвивала оваа драма е се уште предмет на дебата: едни извори тврдат дека тоа се случувало во Сирија, други во Сицилија; истовремено спорно е и нејзиното место на раѓање.
Во Катедрала во Ахен, во западна Германија, деновиве беше изложен ковчег за кој се верува дека ги содржи коските на Света Корона. Долго пред почетокот на пандемијата со исто име, катедралата планираше летово да ги изложи скапоцените златни изработки, како и светилиштето за Корона од злато, бронза и слонова коска кое 25 години беше тргнато од јавноста.
Катедралата во Ахен е местото каде се закопани посмртните останки на Карло Велики, првиот император на Светата римска империја, но и место каде се крунисани бројни германски кралеви и кралици.
Посмртните останки на Корона во Ахен ги донел кралот Ото Трети во 997 година. Стотици години тие биле чувани во гроб под подот на катедралата, а префрлени се во светилиштето на почетокот на 20 век.
Св. Корона е во најголем дел непозната за верниците во христијанскиот свет, со исклучок на некои региони во Баварија и Австрија. Таа се смета за патрон на месарите и трагачите по богатство. Но црковни претставници велат дека во некои региони таа се смета за светец-покровител кој чува од инфективни болести. На пример, во австриското место Св. Корона локалните жители и се молат на светицата за заштита на стоката од инфективни болести. Но тоа е сепак само локален феномен. Во актуелната економска криза предизвикана од пандемијата, кога милиони луѓе остануваат без работа ширум светот, Св. Корона веројатно ќе им биде добредојдена на оние верници кои се во потрага по пари.
На подот на катедралата во Ахен каде биле сместени посмртните останки на Св. Корона сега се наоѓа плоча со нејзиното имеФотографија: picture-alliance/AP Photo/M. Meissner
Без оглед што последиците на кризата уште не се конечни, коронавирусот уште сега пишува историја. Затоа музеите веќе собираат корона-експонати за своите изложби
Фотографија: Corona-Kris
Нова порака за светот
„Остани дома“, гласи пораката на овој знак, а таа во меѓувреме е универзална за цел свет. За идните генерации да можат да се потсетат на посебните услови за време на пандемијата на коронавирус, насекаде мали и големи музеи упатија повик до граѓаните да сочуваат вакви објекти и да им ги предадат. На таков начин Фихтелгебирг музејот во Вунзидел стигна до овој експонат.
Фотографија: Fichtelgebirgsmuseum
Корона-отпад
Насекаде низ градовите лежат невнимателно расфрлени гумени ракавици за една употреба, кои сега се носат при купување во супермаркет. Со корона пандемијата расте потрошувачката на пластика и пластичен отпад. Во продавниците повторно повеќе се трошат предмети за една употреба. Кафе не може да се пие во кафуле, туку во пластични чаши за по пат.
Фотографија: Corona-Kris
Ново заедништво
„Остани здрав“ - на ваков начин сега завршуваат телефонските разговори или вака гласи поздравот на крајот на некој имеил. Се чини како пандемијата на коронавирус да создаде нов свет на солидарност и сочувство. Засилено е заедништвото и луѓето повторно пројавуваат поголема грижа за ближните.
Фотографија: Corona-Kris
Празни плоштади и улици
Во градовите веќе нема навала на туристи. И на плоштадот Марија во Минхен владее празнина. Градскиот музеј на Минхен му дал налог на фотографот Олаф Бекер да ја фотографира оваа вонредна состојба. Неговите фотографии се „изложени“ на веб страницата на музејот.
Фотографија: Olaf Otto Becker
Корона-тестови наместо вртелешки
Низ цела Германија настануваат вакви „драјв-ин-станици“. Така е и во Минхен, на локацијата каде инаку се подигаат шаторите за Октоберфест. Постапката наликува на онаа во ресторани за брза храна, со мала разлика - наместо да добие сендвич со плескавица, возачот ја отвора устата за лекар во заштитна облека да му земе брис.
Фотографија: Olaf Otto Becker
Обезбедена потребна дистанца
Пандемијата на коронавирус насекаде предизвикува несигурност, но и креативен потенцијал. Со оваа конструкција за држење минимално потребно растојание од сопствено производство, која во иднина ќе биде дел од збирката во Виенскиот музеј, нема утнување и ефикасно се спречува инфекција.
Фотографија: Wien Museum/Peter Feermann & Esther Zahel
Коронавирус како играчка
Директорот на Виенскиот музеј, Мати Бенцл особено се радува на добивањето на овој рачно изработен исплетен примерок на Ковид-19 кој ќе има свое место во една од изложбените витрини. Плетената играчка покажува дека ние не само што знаеме како изгледа вирусот, туку и на каков начин да се обидеме да ја намалиме опасноста од него во нашата свест.
Фотографија: Wien Museum/Monika Österreicher,
Носење маска како задолжителен додаток
Новата корона-реалност се одликува не само со ваква индустриски произведена заштитна маска, каква што носи австрискиот канцелар Себастијан Курц, туку и многу други. Од причина што недостигаат медицински заштитни маски, во меѓувреме и модните куќи шијат маски од скапи материјали.