1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Корона-заговор под божиќната елка

Фабијан Шмит
25 декември 2021

Антиваксери или теоретичари на корона-заговор може да се сретнат не само на демонстрации , туку можеби и на семејните собири на Божик. Што да се прави кога на божиќната трпеза ќе се распостели идеологијата на заговор?

Како да се избегне конфликт околу темата ковид во семејниот круг за божиќните празници?
Како да се избегне конфликт околу темата ковид во семејниот круг за божиќните празници?Фотографија: Sachelle Babbar/ZUMA Press/picture alliance

Не сите кои сѐ уште не се вакцинирани се врзуваат за приказните за заговор. Некои луѓе сè уште имаат голема загриженост затоа што со брзо темпо е развиен нов тип на вакцина, бидејќи има многу дезинформации, а некои луѓе не знаат во што и на кого да веруваат.

Овие луѓе обично се отворени за објаснување - особено кога позната личност се обидува да воведе ред во хаосот и го споделува научното знаење за вакцинацијата. Но, што ако фактичките аргументи веќе не помагаат бидејќи таткото или тетката одамна се убедени дека ја знаат вистината?

Ковид-19 не е толку лош? Останете смирени!

Звучи едноставно, но е ужасно тешко: останете смирени, дури и ако бабата или вујкото ја шират својата теорија за чип во вакцината под божиќната елка пред првото греано вино.

Да се ​​зборува смирено и промислено не значи да се остават ненаучните тврдења без контра-аргументација. Меѓутоа, ако брзо ја изгубите смиреноста и врескате, тешко дека ќе допрете до оние од спротивната страна на дискусијата, а божиќното празнување дефинитивно ќе ви пропадне.

Прашањето е: што сакам да постигнам? Кога се во прашање блиски роднини и пријатели, тогаш станува збор за повеќе од само победа во натпревар на аргументи. Ги сакаме овие луѓе. И се прашуваме што се случува со нив? Зошто веруваат во тоа?

А кој вреска, веројатно нема да ги чуе одговорите.

#dw_BalkanBooster: Теории на заговор

02:00

This browser does not support the video element.

Емоции наспроти факти

Социјалниот психолог Пиа Ламберти и авторката Катарина Ноцун во својата книга „Лажни факти“ пишуваат за различни причини зошто луѓето се чувствуваат привлечени од наративи за заговор. Разочарувања, стравови и преголеми барања се некои од причините.

Теориите на заговор може да им послужат на овие луѓе како лична стратегија за одбрана за да не мора директно да се справуваат со непријатните или срамните чувства. Покрај тоа, брзо се наоѓа некој кој е одговорен за сопствената несреќа: политичарите, фармацевтските компании или наводно синхронизираните медиуми. Емоционалниот дефицит во исто време е многу полесно поднослив.

„Мамо, а инаку како си ? Почетокот на разговорот за емоционалната состојба на членот на семејството кој се крие зад теориите на заговор може да изгледа вака или нешто слично, вели психологот Сара Кун. Таа спроведува истражување на Универзитетот во Базел за когнитивните основи на силните убедувања и се занимава со наративите за заговор.

„Луѓето кои се држат до идеологиите на заговор честопати веруваат дека поседуваат ексклузивно знаење и ширењето на ова знаење го доживуваат како значајна задача“, вели Кун. Зад ова би можело да се крие желбата за постапување ориентирано кон вредности, но и недостаток на самопочит, што е засилено со наративот за заговор.

Во таква ситуација, фактичките аргументи едвај имаат шанса. Дедото што се обидува да затвори сопствена емоционална дупка со помош на приказните за заговор нема брзо да се откаже од оваа стратегија. Тогаш и разговорот ја промашува поентата, бидејќи не се зборува за раната, туку само за гипсот.

Формулирајте факти, посочете ги противречностите

Сето ова не значи дека идејата за опасната вакцинација треба да биде оставена без контра-аргумент. „Сигурно може да се укаже на контрадикторностите во таа аргументација“, вели Кун. Ако особено се нагласуваат несаканите ефекти од вакцинацијата, зошто да не се говори и за последиците од инфекцијата со коронавирусот?

Повеќе: КјуАнон и корона: Теориите на заговор земаат замав

Според Кун, важно е да не се потценува другиот и да не се етикетира како глупав. Тоа нема ниту да ја извади мајката од мочуриштето на заговорите ниту да го спаси Божиќ. Прашања како „Како можеш да веруваш во такви глупости?“ не се од помош.

Наместо фокусот да биде само на теориите на заговор, Кун предлага формулирање на факти и нивно повторување - што е можно понеутрално и без обезвреднување на другата личност.

Јасен став против антисемитизмот

Многу теории на заговор користат антисемитистички кодови и шифри или се директно вкоренети во антисемитизмот, пишуваат Ламберти и Нокун во „Лажни факти“. Кога братот ќе почне да зборува дека глобалната финансиска елита ги влече конците насекаде, тогаш е време за јасен сигнал за стоп.

„Играчи со марионети“, „влечење конци“или „финансиски елити“ се кодови кои често се користат во контекст на антиеврејските наративи. „Шифрите и метафорите функционираат како свирче. Секој што може да го слушне свирежот и да го декодира, разбира дека овде се шири омраза кон Евреите“, се вели во публикацијата на Фондацијата Амадеу Антонио „Деконструирање на антисемитизмот“.

Фотографија: Sachelle Babbar/ZUMA Press/picture alliance

Затоа е важно да се демонстрира морална храброст дури и во најтесниот семеен круг и јасно да се укаже на опасноста што ја носат наративите на заговор: тие можат да поттикнат омраза, подбуцнување и антисемитизам.

Комуницирајте ги сопствените чувства

Соопштувањето на сопствената емоционална состојба во јас-пораки е една од основите на ублажување на конфликтните дискусии. Постои огромна разлика меѓу „Се чувствувам повредено“ и „Ти ме повреди“. Последното е јасно тврдење кое најверојатно предизвикува отпор.

„Важно е да се наведе конкретното однесување или изјавата од која се чувствувате повредени“, вели Сара Кун. За разлика од личните карактеристики, однесувањето и изјавите може да се променат. Ова му дава шанса на лицето да реагира на критиките без да се чувствува отфрлено како личност.

Пауза од дискусии за ковид

Божик е. Дали воопшто треба да зборуваме за пандемијата, вакцината и Бил Гејтс? „Ако се развие разговор во оваа насока, треба да застанете за момент и да се запрашате дали имате ресурси за такво нешто во моментот“, вели Кун.

Ако двете шишиња варено вино веќе ги удавија сите добри намери за примерен разговор, тогаш можеби не. Кун предлага коден збор кој е заеднички дефиниран претходно и им сигнализира на сите вклучени: Промена на темата, веднаш! Друга опција е однапред да разговарате со семејството дека нема место за коронавирусот под  божиќната елка. Тоа е сосема во ред! На сите ни требаат паузи.

„Не само што ни требаат паузи од страшното, туку ни се потребни и повеќе од убавото. „Позитивните заеднички искуства ја зајакнуваат врската и им олеснуваат на приврзениците на теории на заговори да го променат мислењето“, вели Кун.

Во една статија во неделниот весник „Цајт“ поранешен поддржувач на теориите на заговор опишува: „На крајот, не ме убедија жестоките аргументи на оние кои се обидоа да ми докажат дека грешам, туку тоа беа постојаните пријателства со луѓе кои не ги споделуваа моите чудни идеи, но сè уште гледаа во мене повеќе отколку чудак“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми