Воведениот „карантин“ во средината на март предизвика БДП во првиот квартал да се намали за 2,2 проценти. Во вториот квартал се очекува уште поголем пад на економијата, зашто тогаш беа воведени најголеми рестрикции.
Реклама
„Ова е најсилното назадување по глобалната финансиска и економска криза во 2008/2009 година и втор по големина пад по германското обединување", изјави Алберт Бракман од Германската служба за статистика при денешното презентирање на првичните резултати.
Намалување бележат и извозот, приватната потрошувачка и инвестициите, додека зголемените државни издатоци и робустната градежна бранша спречија посилен пад. Но, тоа не е најлошото: за тековниот втор квартал експертите предвидуваат минус во економскиот раст од дури 18,5 проценти , највисок од постоењето на Сојузна Република Германија.
„Економските последици на пандемијата на коронавирус предизвикаа рецесија", соопшти Министерството за економија. Во споредба со останатите големи евро-држави, назадувањето е меѓутоа помало: Франција, како втора по големина економија во еврозоната, бележи пад од 5,8 проценти, третата европска економија Италија – 4,7 проценти. Економијата во еврозоната вкупно бележи намалување за 3,8 проценти.
Кои фирми профитираат од коронавирусот
Стравот од коронавирусот тешко ги погодува финансиски пазари. Кога компаниите мора да ги коригираат своите прогнози за добивка и промет надолу, тоа е отров за курсот на акциите. Но, сепак има и такви кои профитираат.
Кога во последната недела од февруари курсот на акциите ширум светот драматично падна, акциите на платформата за видео стриминг успешно се спротиставија на трендот. Аналитичарите сметаат дека т.н. „останете дома“ акции , како оние на „Нетфликс“ можат да им обезбедат богатство на инвеститорите за време на појавата на коронавирусот, бидејќи на сѐ повеќе луѓе им се вели да останат дома.
Фотографија: picture-alliance/AA/M.E. Yildirim
„Откачете“ го фитнес-клубот
Акциите на фитнес старт-апот Пелотон Интерактив, кој произведува велосипеди за вежбање и, исто така, нуди фитнес часови преку интернет, скокнаа бидејќи стравот од коронавирусот може да поттикне многу фитнес ентузијасти да не одат во своите теретани и клубови и да се одлучат за понудите на Пелотон.
Шефот на фармацевската компанија „Модерна“, Стефан Банкелза кусо време стана милијардер откако компанијата испорача експериментална вакцина против коронавирусот за клиничко тестирање кај луѓето, со што се зголеми цената на нејзините акциите. И Лим Ви Чаи од Малезија, мнозински акционер во фирмата за медицински ракавици „Топ Глав“, влезе во клубот на милијардери среде избувнувањето на вирусот.
Останете дома, останете поврзани
Акциите на телеконференцискиот старт-ап „Зум Видео“ пораснаа речиси за 50% од февруари, откако инвеститорите проценија дека сѐ повеќе луѓе поради стравот од коронавирусот ќе работат од дома. Компанијата веќе придодаде повеќе активни корисници годинава - 2,22 милиони - отколку во целата 2019 година.
Фотографија: zoom.us
Празни полици во супермаркетите
Во супермаркетите, како германскиот „Реве“ и францускиот „Карфур“, прехранбените производи „летаат“ од полиците додека купувачите во паника ги зголемуваат домашните залихи. Затоа инвеститорите засилено вложуваат во акциите на компаниите за пакувана храна. И онлајн трговците, како Амазон, исто така, имаат поголема побарувачка, бидејќи купувачите поради страв од вирусот ги избегнуваат продавниците.
Произведувачите на маски за лице, дезинфекциски средства за раце и дезинфекциски марамчиња се сведоци на огромен раст на побарувачката, бидејќи купувачите бараат начини да се заштитат од вирусот кој брзо се шири. Фирмата „3M“, која меѓу останатото произведува и маски за лице, е една оние со најголема добивка.
Фотографија: picture-alliance/NurPhoto/Yichuan Cao
„Во секое време, насекаде“
Германската софтверска компанија „ТимВјуер“ која им овозможува на корисниците да работат од далечина (од дома), е сведок на голема побарувачка на нејзините услуги, особено во Кина, епицентарот на коронавирусот. На Франкфуртската берза цената на акциите на оваа компанија забележа огромен раст во изминатите неколку дена.
Фотографија: picture-alliance/B. Kammerer
7 фотографии1 | 7
Тоа се должи првенствено на добриот почеток на годината – во јануари и февруари многу индикатори укажуваа на заживување на германската економија. Но, во март воведените мерки за сузбивање на коронавирусот, донесоа драстична промена: продавниците, хотелите и рестораните мораа да се затворат, фабриките престанаа со работа, откажани беа сите манифестации. „Доколку половина месец е доволен да го сомеле во прав толку добриот економски развој во првите два месеци, не треба голема фантазија за тоа колку лош ќе биде вториот квартал. Допрва ќе имаме крвав нос", изјави експертот од тинк-тенкот ДекаБанк, Андреас Шоерле.
Иако кон крајот на годината се очекува попозитивен развој, германската влада очекува годинава да дојде до најтешката рецесија во повоениот период. БДП би требало да се намали за 6,3 проценти. Рестрикциите во земјата навистина се веќе олабавени, но голем дел од потрошувачите се воздржани при трошењето пари, што значи приватната потрошувачка и натаму отпаѓа како конјуктурен мотор. Со оглед на тоа што и другите држави стенкаат под рецесија, не може ни од надворешна трговија да се очекуваат големи импулси за извозно зависната германска економија. Затоа експертите бараат нови мерки за помош од државата, како даночни олеснувања заради заживување на стопанството. Германскиот министер за економија Петер Алтмајер пак инсистира на економски европски заеднички пристап. „Мораме да најдеме заеднички одговор за обнова на економијата во ЕУ и за нејзино јакнење", изјави Алтмајер.