1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Корона-криза: Банкрот на најголемиот европски бордел

ЖА /ДВ
4 септември 2020

„Готови сме“, вели шефот на келнскиот бордел „Паша“, Армин Лобшајд. Веќе со месеци најголемиот европски бордел е без приходи, зашто проституцијата е забранета во Германија поради пандемијата.

Europas größtes Bordell  Pascha  ist insolvent
Фотографија: picture-alliance/Geisler/C. Hardt

„Некако е несфатливо, но во вторникот во Окружниот суд предадов барање за банкрот. Готови сме", изјави шефот на борделот, Лобшајд. Јавниот сервис ВДР пренесува дека портпаролот на Окружниот суд го потврдил приемот на барањето за покренување стечајна постапка. Според зборовите на Лобшајд, трошоците биле преголеми.

Борделот „Паша" е всушност солитер од десет ката во келнскиот кварт Нојеренфелд. Има шеесетина вработени и веќе со месеци не отстварува приходи, поради забраната на проституцијата како последица на пандемијата на коронавирус.

Синиот солитер функционира со децении

Вратата на синиот солитер е отворена на почетокот на 70-те години и тој еротски центар на почеток бил без име. Пред тоа, проститутките во Келн главно работеле во центарот на градот, со постојано негодување на станарите и деловните луѓе.

Корона-криза: Барања за повторно отворање на борделите во Германија

00:46

This browser does not support the video element.

Идеја на Градскиот совет била на градско земјиште да се подигне солитер и да се даде под концесија. Целта била проституцијата да се концентрира на едно место заради подобра контрола. Од 1995 година борделот носи име „Паша", а бројот муштерии бележеше постојан раст.

Повеќе:

Забрана за купување секс: „Нема добра проституција”

Германија: Проститутките се плашат од новиот закон

Куклата не знае за „не“ - бордел со секс-кукли во Дортмунд

Во „Паша" постојат преку сто апартмани во кои работат проститутки. Зградата има своја инфраструктура со ресторан, барови, пералница, портирска служба, солариум, козметички салон... Тука работат и готвачи, занаетчии, чистачи.

Банките можеа да помогнат

Веќе подолго време луѓето од браншата бараат дозвола за повторно почнување со работа и истовремено предупредуваат на последиците од продолженото затворање на борделот. Според нивна оценка, проституцијата на тој начин се сели во илегална и нерегулирана област, каде првенствено жените се помалку заштитени. Сексуалните работнички неодамна протестираа во Хамбург и Диселдорф, барајќи повторно отворање на јавните куќи.

Шефот на „Паша" во медиумите ги критикуваше политичарите:

„Со помош на банките можевме да избегнеме стечај, ако ни ветеа дека на почетокот на следната година ќе можеме да продолжиме со работа."

Сите во оваа бранша во Германија знаат дека проституцијата функционира и натаму, но во тајност и без плаќање данок.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми