ЕУ мобилизира вкупно 3,3 милијарди евра за Балканот
СН/агенции
29 април 2020
Европската унија во услови на пандемија има посебна одговорност да им помогне на партнерите од Западен Балкан, зашто нивната иднина е јасно во ЕУ, порача претседателката на Европската комисија, Урсола фон дер Лајен.
Реклама
За справување со корона-кризата и нејзините последици во земјите од Западен Балкан, Европската унија заедно со Европската инвестициска банка мобилизираше помош во вредност од 3,3 милијарди евра.
Целта на овој пакет е да се одговори на итните здравствени и хуманитарни потреби поради пандемијата на Ковид-19, како и да го помогне општественото и економско закрепнување на регионот, соопшти денеска Европската комисија во Брисел.
Видео-самит ЕУ-Западен Балкан
Европската комисија пред самитот ЕУ-Западен Балкан исто така најавува и широка долгорочна поддршка, која ќе биде претставена подоцна годинава во форма на Економски и инвестициски план за регионот.
Самитот наредната недела ќе се одржи преку видео-конференција, бидејќи првично планираната средба меѓу лидерите на Унијата и на земјите од Западен Балкан во Загреб, не може да се одржи поради пандемијата на коронавирусот.
„Имаме посебна одговорност да ги поддржиме нашите партнери од Западен Балкан , зашто нивната иднина е јасно во Европската унија“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вареји, искоментира пак истакна дека Европската Унија реагирала брзо и сеопфатно да го поддржи Западен Балкан во справувањето со пандемијата на Ковид-19, преку неспоредлива финансиска помош, како и пристап до бројни иницијативи на ЕУ.
„Маршалов план“ за Балканот?
Инаку голем дел од денеска најавената финансиска помош во вредност од 3,3 милијарди евра, за С.Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија, Европската комисија веќе ја имаше искомуницирано во јавноста. Новина се дополнителните кредити во висина од 1,7 милијарди евра ставени на располагање од страна на Европската инвестициска банка.
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Прво важеа за неефикасни и збунувачки, но се‘ повеќе земји во меѓувреме воведуваат правило за носење заштитни маски против ширењето на коронавирусот. За победоносниот поход на маските, започнат во Азија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
Фотографија: Imago Images/Sven Simon/F. Hoermann
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Pleul
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
Фотографија: Reuters/M. Svitok
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
Фотографија: AFP
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
Фотографија: picture-lliance/dpa/I. Yefimovich
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
Фотографија: Imago Images/ZUMA Wire/A. Hasaballah
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
Фотографија: AFP/L. Robayo
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.
Фотографија: Getty Images/AFP/L. Venance
9 фотографии1 | 9
Што се однесува пак за Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западниот Балкан, кој треба да биде претставен наесен, Европската комисија наведе дека тој ќе вклучува и значителен инвестициски пакет за регионот. Имено во буџетот на ЕУ за
периодот 2021-2027 година, Комисијата предложи вкупна сума од 14,5 милијарди
евра за Претпристапниот инструмент 3, од кои најголем дел ќе бидат наменети за Западен Балкан.