1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ ќе функционира во зелено, портокалово и црвено

БГ /АФП
13 октомври 2020

Членките на ЕУ се подготвуваат да го усвојат заедничкиот систем за координација на патувањето низ Унијата. Целосно враќање на слободата на движење засега е недостижно.

Spanien Coronavirus Grenzöffnung
Фотографија: Reuters/A. Gea

Клучната точка на планот на ЕУ е заедничка карта на инфекциите која ќе ја изработува Европскиот центар за спречување и контрола на болести. На таа карта, европските региони ќе бидат поделени во зелени, портокалови и црвени зони според зафатеноста со коронавирусот, односно според бројот на новозаразени на 100,000 жители и процентот на позитивни тестови.

Предлогот предвидува црвени зони да бидат региони каде бројот на случаи на Ковид-19 надминува 50 на 100,000 жители во период од 14 дена, а процентот на позитивни тестови е најмалку 4%. Регионите со помала позитивна стапка но каде што вкупниот број на случаи е над 150 на 100,000 жители исто така ќе бидат квалификувани како црвени.

Со ширењето на пандемијата во март годинава, неколку ЕУ членки одлучија на своја рака да воведат забрани за патување и ги затворија границите без консултација со соседите, предизвикувајќи големи застои на границите и успорување на транспортот на медицинската опрема.

„Новиот систем ќе биде олеснување за граѓаните. Мило ми е што го најдовме ова решение заедно“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

ЕК се надева дека новите мерки ќе го олеснат патувањето во рамките на ЕУФотографија: Philippe Lopez/AFP/Getty Images

Со оглед на актуелните бројки на новозаразени со коронавирус, поголемиот дел континентот ќе биде квалификуван во црвена или портокалова боја.

Новиот правилник сепак нема да значи и заеднички правила за земјите во односот со патниците од црвените и портокаловите зони. Патници од зелени зони нема да се соочуваат со ограничувања на своите патувања, но владите на земјите-членки и натаму самостојно ќе одлучуваат како ќе постапуваат со патници од црвени или портокалови зони.

Комисијата препорача обврзувачко тестирање за патници од најопасните зони но не може да наметне таква мерка затоа што здравството и граничната контрола остануваат суверено право на земјите-членки. Надежта е дека со новите правила ќе се избегнат меѓусебните затворања на границите меѓу ЕУ-членките.

Дополнително, ЕУ членките треба да договорат унифицирано времетраење на самоизолацијата, да развијат заеднички апликации за лоцирање патници, а веќе се договорија за меѓусебно признавање на резултатите од тестови за коронавирусот.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми