Корупциска афера во директното политичко опкружување на Ердоган
21 декември 2013Јавното обвинителство на Истанбул покрена обвиненија за корупција против синовите на двајца министри во Владата на Турција, во рамки на корупцискиот скандал во кој би можел да биде вмешан и турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган. Врз основа на обвиненијата, истанбулски суд на двајцата обвинети им изрече мерка пртивор.
Покрај синовите на министрите за внатрешни работи и за економија, Муамер Ѓулер и Зафер Џаглајан, за корупција, измами, илегална трговија на злато и присвојување на туѓ имот, се обвинети уште неколку лица, меѓу кои и директорот на турската државна „Халк банка“, Сулејман Аслан.
Во рамки на полициската акција, спроведена во вторникот, против лица осомничени за вмешаност во овој скандал, меѓу 80-тината приведени лица, беше и синот на турскиот министер за животна стедина и урбанизам Ердоган Бајрактар, но тој синоќа беше ослободен по неколкучасовно сослушување.
Аферата претставува најголем предизвик за премиерот Реџеп Таип Ердоган откако во година Ердоган ја презеде власта во земјата. Тој неделава оцени дека истрагите за корупција отворени неколку месеци пред изборите во Турција се дел од планот да се оцрни владата.
Истрагата ја нарече „валкана операција“ против неговата влада, која е поврзана со протестите против властите во изминатото лето.
Според мислењето на многу набљудувачи, оваа афера можеби е направена од од можното движење на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД.