1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Протести на улиците, тупаници во парламентот

СН/жа/миа/ртр/афп/дпа12 јануари 2014

Во Турција растат тензиите поради корупциската афера, што ја потресува владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Илјадници граѓани демонстрираа против владата, а во парламентот се случи тепачка меѓу неколку пратеници.

Фотографија: Reuters

Десетици илјади луѓе протестираа во текот на вчерашниот ден во турскиот главен град Анкара против владата на исламско- конзервативната партија АКП на премиерот Реџеп Таип Ердоган. Гневот на демонстрантите беше насочен против постапувањето на Ердоган против полицискиот апарат и правосудството во рамките на актуелниот корупциски скандал без преседан за оваа земја. Премиерот принудно разреши од функцијата стотици полициски службеници. Јавни обвинители и судии беа ставени под притисок. Ердоган во истрагите за корупција гледа заговор против него и неговата партија АКП. Партијата во таа насока неодамна предложи предлог-закон, кој би требало на владата да и‘ обезбеди поголемо влијание при назначувањето судии и јавни обвинители. При дебатата во парламентот околу предлог-законот дојде до тепачка меѓу неколкумина пратеници.

Инцидентот се случил за време на седница на правната комисија на турскиот парламент на која се расправало за владиниот предлог- закон.

Опозициските пратеници оценија дека предлог- документот е противуставен, бидејќи се нарушува начелото на независност на судската власт од извршната.

Во атмосфера на зголемени тензии дошло до физичка пресметка во која биле разменети тупаници, биле фрлани папки и пластични шишиња со вода.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се соочува со најголемиот предизвик во неговото 11-годишно владеење поради полициската акција во која под обвинение за корупција и перење пари беа приведени десетици државни функционери и бизнисмени блиски до Владата, вклучитално и синови на тројца министри.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми