1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Корупцијата во Северна Македонија како октопод 

ДТЗ /ДВ
9 декември 2020

Пипците на ова современо зло имаат навлезено во сите пори на општеството. Антикорупционерите тврдат дека работат, но ефектите ретко се гледаат на дело

Euro-Geldscheine
Фотографија: Daniel Reinhardt/dpa/picture alliance

„Ако не им дадев на судиите 20.000 евра сега ќе лежев затвор, поздрав од Будимпешта“. „Ако не требаше да дадам 300 евра за испит, сега ќе си купев нов мобилен“. „Ако не морав да давам рушвет за секој увоз и за секој камион, моите работници ќе имаа плата по 1000 евра“. Вакви натписи осамнаа изутринава во Скопје на повеќе локации, како симболичен потсетник на граѓанските активисти за тоа колку длабоко и во кои сфери се имаат проширено пипците на корупцијата, којашто го нагризува општеството. Колку да е горлив проблемот, се чини за него најгласно се зборува само со повод - како што е одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата. 

Поднесени 1688 пријави од граѓани

Иако борбата со корупцијата е тешка и неизвесна, граѓаните сепак се надеваат на правда. Барем тоа го покажуваат податоците дека во изминативе неколку години граѓаните поднеле 1688 пријави за постоење сомнеж за корупција и непотизам. Донесени се одлуки за 713 предмети. Од нив, 374 одлуки се од областа на корупцијата, 156 за судир на интереси, 70 одлуки се однесуваат на непочитување законски одредби за време на изборниот процес, а 113 одлуки се за проверката на имотот на функционерите. Но, овие бројки на антикорупционерите паѓаат во сенка, ако се има предвид дека нивните укажувања ретко кој ги почитува и слуша. 

- повеќе на темата:

Ивановска: Никој во ДКСК досега не бил под притисок!

Дадени се еден куп препораки, но институциите остануваат и понатаму глуви. Се почеста пракса станува злоупотребата на функцијата за назначување директори, претседатели, членови на комисии. Големи трошоци од буџетот се делат за апанажи, патни трошоци, службени возила, а се прави злоупотреба на платежните картички во странство.
„Во овој период издадовме повеќе мислења, јавни опомени, за постоење судир на интереси во извршната и локалната власт. Во последно време се почесто укажуваме и на злоупотребата на функцијата в.д директор“, вели Билјана Ивановска, претседател на ДКСК. Таа на панел дискусијата за борбата против корупцијата порача дека секој поединец мора да покаже капацитет да се бори против ова зло.
Дека корупцијата и политичките злоупотреби се најголеми непријатели на граѓаните и на владеењето на правото се согласува и премиерот Зоран Заев. „Корупцијата ги краде парите на граѓаните, ја руши правната држава, ги слабее институциите и ја загрозува демократијата, создавајќи недоверба меѓу граѓаните. Правдата, еднаквоста и слободата се првите жртви на политичките злоупотреби и корупцијата“, вели премиерот. 

-повеќе на темата: 

Заев: Следи голема трансформација, бидете коректив, но и партнер

Постоењето ефикасни домашни институции и механизми за борба против корупцијата се клучни во процесот на пристапување кон ЕУ. Во таа насока Владата најавува отворање на широк фронт и има силна политичка волја за справување со оваа појава. „Волјата да создадеме функционален систем во интерес на сите граѓани, кој постојано и без разно влијание на какви било лоби групи ќе генерира и испорачува правда, правна држава, ред и функционирање на институциите и на поредокот“, вели вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.
Потребно е независно судство
Граѓанските организации сметаат дека антикорупциската комисија е немоќна ако нема независно судство. Место чување во фиока, неопходно е да се истераат случаите до крај, бидејќи само на тој начин може да се врати довербата во иституциите и државата. Корупцијата ја урива правната држава, ги слабее институциите и ја загрозуваа демократијата како темелна вредност создавајќи недоверба меѓу граѓаните. За да се зајакне довербата во државата, потребни се опипливи резултати, како и повеќе пресуди за случаи на корупцијата на високо ниво и конфискација на имот стекнат на криминален начин.

- повеќе на темата: 

Корупција во светот: Македонија и Албанија рангирани најлошо во регионот

Корупцијата која ја поткопува демократијата и квалитетот на животот. Економската цена за овој феномен согласно статистиките на ОН е дека секоја година еден трилион долари се даваат на мито, а 2,3 трилиони се украдени годишно преку корупцијата што е 5 проценти од глобалниот БДП.
„Имајќи предвид дека предизвикот за конфронтирање со високата корупција подразбира соочување со моќни поединци кои имаат добро поврзана мрежа на поддржувачи и соработници и кои по секоја цена сакаат да ги заштитат сопствените интереси, повеќе од потребно е системско делување и формирање на поширок фронт од општествени чинители“, вели обвинителката Ленче Ристоска во текст објавен на платформата Опкружување. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми