Таа нема шанси да постигне нешто во политиката, беа уверени многумина: бледо лице, фризура надвор од трендот и невпечатлива облека. Сепак, Ангела Меркел успеа да стигне до четири мандати на чело на владата
Реклама
За да се разбере како Меркел стана тоа што е, треба да се познаваат нејзините корени. Веројатно ниту еден политичар во повоената германска историја по 1945.година не бил толку потценуван колку оваа ќерка на евангелистички свештеник од источногерманската провинција. На почетокот, на првите настапи, покрај непривлечната надворешност, имаше уште еден минус - ѝ недостигаше и програма. Таа не е мисионерка, туку прагматичар.
„Се рабира, Ангела Меркел не е никаков идеолог“, вели новинарката Жаклин Бојсен, биограф на сегашната канцеларка уште пред Меркел да ја преземе таа функција.
„Таа е слободна во носењето одлуки само врз основа на бројки, податоци и факти“. Ако постојат разумни причини и аргументи за донесување одредена одлука, „таа великодушно ги надвладува идеолошките и програмските огради на сопствената партија“, истакнува Бојсен.
За Меркел, прагматизмот е над сѐ. Освен тоа, таа може да ги ревидира старите позиции. По несреќата во јапонската нуклеарка Фукушима, од некогашен заговорник за атомска енергија, таа стана поборник за нејзино напуштање. Тоа не ѝ наштети, напротив: некогашното „девојче на Кол“, штитеничката на поранешниот канцелар, одамна се еманципираше во „мајка на нацијата“. Накратко: таа ја држи партијата и владата цврсто во рацете. За тоа има и причини.
Претпазливост во однесувањето со другите
На пример, безгрижното детство и младоста на Ангела Меркел во земјата на работниците и селаните. Меркел во Германската Демократска Република не била опозиционер. Таа доживеала неколку непријатности, но социјалистичката држава не ѝ задала рани како на бројните дисиденти, вели Жаклин Бојсен.
„Над моето детство не висеше никаква сенка“, изјави еднаш Меркел. Сепак, таа рано научила да биде претпазлива во однесувањето кон другите. Таа била „вешта“ граѓанка на ГДР, ни премногу опортунист, ни преголем инаетчија.
Ангела Меркел знае да слуша. Соработниците од времето кога била млада возрасна личност ја истакнуваат нејзината комуникативност. Сопартиецот Курт Лаук сепак имал проблеми со моќта за брзо разбирање на својата партиска шефица.
„Таа жена слуша, прима, разбира, а исходот сепак останува несигурен, зашто повратната информација не е секогаш јасна.“ Лаук претседаваше со Економскиот совет на Христијанско-демократската унија и со тоа беше претставник на најсилното партиско крило. Тој следи конкретни интереси, на кои Меркел не може да им излезе во пресрет без да има обзири и кон останатите струи во партијата.
Пријателите и непријателите на Меркел
Во потрагата по „европско решение“ за миграциската криза, на Ангела Меркел ѝ се потребни сојузници меѓу шефовите на влади во ЕУ. Но, сојузници има сѐ помалку, а некои настапуваат се поодлучно против неа.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/O.Matthys
Партнер
Ако постои политички пријател на сојузната канцеларка, тогаш тоа е францускиот претседател Емануел Макрон. И тој, како и Меркел, сака европско решение, зашто исто така се плаши за опстанокот на ЕУ. Баварската ЦСУ пак верува дека Макрон ја поддржува Меркел зашто го „купила“ со финансиско-политички отстапки.
Фотографија: picture-alliance/Tass/dpa/M. Metzel
Хуманист полн со разбирање
Новиот шпански премиер Педро Санчез постапи во согласност со политиката на Меркел, дозволувајќи во неговата земја да пристигне брод со африкански бегалци, одбиен од владата на Италија. Толкава доза хуманост е ретка деновиве. Но, социјалистичкиот политичар сепак нагласи дека на неговата земја ѝ е потребна помош во совладувањето на миграцијата.
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Soriano
Посредник
Холандија е трговска нација, отворените граници во ЕУ се многу важни за Холанѓаните. Во тоа премиерот Марк Руте се согласува со Ангела Меркел. Од друга страна, расположението во неговата земја во меѓувреме е повеќе антимигрантско. Руте воопшто не сака во ЕУ да влезат лица кои немаат право на азил. Во тој контекст, тој би можел да преземе улога на посредник.
Фотографија: Reuters/F. Lenoir
Тактичар
Меѓу Ангела Меркел, демохристијанка и левичарот Алексис Ципрас постојат огромни идеолошки разлики. А сепак грчкиот премиер се залага за „европска солидарност“ во решавање на миграциската криза и лично ја поддржува Ангела Меркел. Причина за тоа би можело да биде разбирањето кое Меркел го покажа во контекст на грчката криза - Ципрас се надева на нови отстапки.
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis
Радикал
Данецот Ларс Леке Расмусен не изгледа како радикал, но е радикален по прашањето на миграцијата. Данската влада спроведува строга политика на „застрашување“ на азилантите, построга отколку другите земји. Расмусен прв ја лансираше идејата за прифатни центри надвор од ЕУ. Тој не сака прераспределба на азиланти во земјите членки на ЕУ.
Фотографија: imago/Belga
Противник
Австрискиот канцелар Себастијан Курц се однесува љубезно кон Ангела Меркел, но не го крие длабокото несогласување кон нејзината либерална бегалска политика. На друга страна, Курц одлично се согласува со противниците на Ангела Меркел на внатрешнополитички план - министерот за здравство Шпан и министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер, како и баварскиот премиер Маркус Зедер.
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel
Притиснат
Непартискиот италијански премиер Џузепе Конте е еден од најтврдите ореви за Меркел. Конте никако не сака да прифати (вратени) бегалци, првпат регистрирани во Италија. Притисок врз него врши пред сѐ италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини од ксенофобната Лега: „Ние не можеме да прифатиме веќе ни едно единствено лице“. Со такви изјави, во Италија расте популарноста на Лега.
Фотографија: picture-alliance/ZumaPress
Незаинтересиран
Никој толку жестоко не ја критикуваше политиката на отворени граници на Ангела Меркел како унгарскиот премиер Виктор Орбан. За него, кризата е проблем на Меркел, а не негов. Тој воопшто не отпатува на мини-самитот за бегалците, за разлика од другите лидери на т.н. Вишеградска група (Чешка, Словачка, Унгарија и Полска). Сите тие категорично одбиваат прераспределба на бегалци.
Брзо воочување на проблемот, донесување одлука подоцна, тоа е уште една од карактеристиките на системот на Меркел.
„Јас сигурно не сум некој кој донесува одлуки ад-хок“, вели Меркел самата за себе.
„Јас ги посматрам процесите во нивниот целокупен тек и кај бројните одлуки се прашувам како тоа ќе заврши“. Тука Меркел се покажува како сталожен научник.
Кариера
Меркел доцна влезе во политиката, повеќе случајно отколку планирано. Како заменик портпарол на последниот премиер на ГДР, Лотар де Мезие, на тогаш 35-годишната Меркел ѝ се пружила шанса за примена на своите организаторски и комуникациски способности. Кратко претходно станала членка на ЦДУ. Таа дотогаш била трудољубива, а оттогаш станала и амбициозна.
За време на владата на Хелмут Кол во 1994. година стана министерка за екологија и безбедност на атомските централи. Важен и вистински сектор за дипломираната физичарка. Во врска со и денес спорното прашање, за односот кон радиоактивниот атомски отпад, Меркел покажа бескомпромисност: атомската енергија за неа е без алтернатива и над неа може да се има контрола, сѐ до нуклеарната катастрофа во Фукушима.
Кога во 1998 година Хелмут Кол ги загуби изборите, ЦДУ се најде во шок-состојба. Но, не и Ангела Меркел. Таа ја виде шансата за зацврстување на својата позиција во ерата по Кол. Волфганг Шојбле, новиот претседател на Унијата, ја назначи за генерален секретар на партијата.
„Битно е за нас да се пишува“, гласеше тогаш мотото на новата функција. По скандалот со илегалните доброволни прилози на партијата, во чиј центар беа Кол и Шојбле, Меркел го започнува моралното уривање на бившиот канцелар.
Прва германска канцеларка
Во април 2000. година Ангела Меркел беше избрана за нов лидер на ЦДУ. На изборите за Бундестагот во 2005. година таа беше кандидат за канцелар на својата партија. Возможна беше само голема коалиција, но Меркел стана канцеларка!
Меркел ја води ЦДУ веќе 18 години, канцеларка е веќе 13 години, сите соперници и противници во рамките на партијата ги пушти да се истрчаат и да извисат. Секогаш успева да дејствува тивко, ги пушта мажите да дивеат.
Меркел докажа дека знае да води. Но, накаде? Тоа се прашуваат многумина во ЦДУ. Партијата страда од губење на профилот, гласи едно од обвинувањата во сопствените редови. Во секој случај, Меркел не ја сметаат за душата на оваа христијанско-конзервативна партија.
Ангела Меркел од А до Ш: многуте лица на канцеларката
Која е Ангела Меркел? Новинарот на Ројтерс, Андреас Ринке ја анализира германската канеларка во својот „Лексикон“. Тој го следи нејзиниот живот со цел да прикаже појасна слика за една од најмоќните жени во Европа.
Фотографија: dapd
„Триаголникот на моќта“
Меркел стана препознатлива по користењето на истата гестикулација пред камерите и при нејзините јавни настапи. Начинот на кој канцеларката ги спојува прстите на дланките некои го нарекоа „Меркелин ромб“, а други „триаголник на моќта“. Дали тоа го прави свесно или е само рутинска гестикулација од навика, е прашање што ги збунува современите критичари и новинари. Што таа сака да каже со тоа?
Германската канцеларка на европскиот политички паркет е позната по својот суверен, ангажиран и навидум опуштен изглед. Иако понекогаш знае да се насмее во вистинското време, на последниот европски лидерски самит во Братислава, таа беше повеќе воздржана. Од нејзината лева страна е данскиот премиер Ларс Локе, а од десната страна премиерот на Белгија, Шарл Мишел.
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Hoslet
Селфи со канцеларката
Меркел се најде во центарот на вниманието со нејзиниот одговор на бегалската криза. На дилемите околу тоа може да се одговори доколку предвид се земат елементи од нејзиниот личен живот, како што тоа го прави Ринке во својата книга. Таа често посетува училишта и прифатни центри за бегалци, а притоа одвојува време и за селфи, како овде, во 2015 година, со сирискиот барател на азил Анас Модамани.
Фотографија: Getty Images/S. Gallup
Жонглер во коалицијата
Како канцеларка и претседателка на ЦДУ, Меркел понекогаш се соочува со потешкотии да остане обѕирна кон сите нејзини „деловни“ партнери. Таа не реагира чувствително како што тоа го прави нејзиниот коалиционен партнер Зигмар Габриел од СПД. На нападите од лидерот на баварската ЦСУ, Хорст Зехофер кој е „архетипичен баварец“, таа одговара со студена објективност.
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/B. von Jutrczenka
Љубопитност за дигиталната ера
За школуваниот физичар Ангела Меркел се вели дека светот на интернетот и дигиталните медиуми ѝ е релативно непознат, иако нејзиниот тим сега има Инстаграм профил, кој го одржува нејзиниот официјален фотограф. Сепак, тоа не ја сопре да го зграби вниманието на основачот на Фејсбук Марк Закерберг за време на работен ручек во Обединетите нации во 2015 година.
Фотографија: picture-alliance/dpa
Ќерка на свештеник
Како ќерка на протестантски свештеник, вредностите на Меркел, според Ринке, биле обликувани согласно нејзиното христијанско воспитување. Во 2016 година, таа имаше приватна средба со папата Франциско во Ватикан. За време на средбата тие разговарале за нивните омилени книги.
Фотографија: Reuters/A. Pizzoli
Здравица за пријателски политички релации
Меркел не е позната по тоа дека често се опушта. Сепак, иако ретко поради нејзините работни обврски, прославите на кои учествува таа се организирани со стил. Во 2013 година, во чест на 50-годишнината од склучувањето на Елисејскиот договор меѓу Германија и Франција, Меркел го покани целиот парламент да наздрават со шампањ за пријателските односи помеѓу двете земји.
Фотографија: AP
Моменти на приватност
Канцеларката добива малку слободни моменти за одмор, а и кога е на одмор, како што е прикажано на сликата (во Полска), таа не може да им избега на љубопитните очи на јавноста. Нејзиниот сопруг Јоахим Зауер (на фотографијата прв од лево) ретко е во центарот на вниманието.